• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

АВСТРАЛИЈА

АВСТРАЛИЈА

01.11.2018- 20.11.2018.

 

Ве водиме во земјата „на крајот од светот“, толку изолирана што нејзината флора и фауна се потполно единствени во светот. Земјата со најстариот домородски народ, чија историја трае повеќе од 40 000 години, земја на заробеници и робови, земја на слободни луѓе и пронаоѓачи на злато, земја на црвениот песок, златни брегови и тиркизни мориња. Земјата на скара, пиво, крикет и рагби, најпознатиот тениски турнир, како и најпрестижните коњски трки. Последниот откриен континент, Новата Јужна земја, „Надоле превртена“. Ве водиме во Австралија! Запознај нови луѓе од целиот свет, свои истомисленици, и забавувај се за време на целото патување. Направи ова патување да биде за паметење!

  1. Четврток11.2018. Полетување – Нека започне авантурата

Собирање на патниците на аеродромот „Никола Тесла“ два часа пред полетување. Лет за Сиднеј со менување во Доха (Лет број QR 0232).

  1. Петок 02.11.2018. Земјата Надоле Превртена

Во попладневните часови слетуваме во Сиднеј, главниот град на федералната држава Нов Јужен Велс и најголемиот град во Австралија. Се упатуваме кон нашето сместување. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

  1. Сабота11.2018. Големата школка

После доручекот тргнуваме на факултативна турнеа на еден од најпознатите градови во светот; Сиднејското пристаниште (Sidney Harbor), Сиднејската Опера, Кралската ботаничка градина, катедрала, пристаништето Darling, Градската куќа, Музеј на историјата на Австалија, местото на доаѓање на првите Европјани, зградата на кралицата Викторија, плажата Bondi – една од најчуваните плажи на светот. Слободно време. Ноќевање

  1. Недела 04.11.2018. Скара и пиво на австралиски начин

Продолжуваме да крстариме низ првата европска населба на австралискиот континент, се запознаваме со урбаниот живот на модерна Австалија, ги испробуваме познатите австалиски пива и ја вкусуваме светска познатата скара од крокодил, ајкула и кенгур. Уживаме во шетањето на многубројните паркови и променадата на големата опера. Ја посетуваме првата и најстара српска црква во општината со најголемиот број на имигранти од поранешна Југославија. Најхрабрите кои ќе се осудат да одат по чуената Sky платформа, ќе го доживеат Сиднеј во сосема друг поглед. Слободно време. Ноќевање.

  1. Понеделник 05.11.2018. Кога ќе пораснам ќе бидам кенгур!

Го преминуваме мостот и заминуваме во забавниот парк кој се наоѓа покрај мостот Harbor и (или) одиме во познатата зоолошка градина Taronga и се запознаваме со магичната флора и фауна на овој континент. Слободно време. Ноќевање.

  1. Вторник 06.11.2018. Време на соништата

Факултативен излет до Сините Планини (Blue Mountains). Во придружба на локален Абориџиниски водич одиме на Walkabout, древен абориџиниски обичај кој мораат да го поминат сите млади момчиња за да постанат прави мажи. Ќе ја посетиме плитката јама Lyrebird Dell, абориџиниски локалитет стар 12 000 години. Ќе ги видиме и остатоците од древната абориџиниска уметност во јамата Red Hends во близина на Glenbruk. Ја посетуваме и јамата во која пред многу години племето на Абориџини со секири зарезувала жлебови на вулканските камења. Локалниот водич ќе не прошета низ сите древни абориџиниски светилишта и ќе ни ги раскаже сите интересни приказни за племето кое живеело на ова место пред доаѓањето на Европјаните. Ќе ги видиме абориџиниските декорации на телото и кожата, ќе ја вкусиме традиционалната абориџиниска храна (Bush tucker), ќе пливаме во кристално бистрото езерце (Billabong) под водопадот со бои на виножито и ќе се запознаеме со дивината. Ќе ги видиме австралиските животни во нивните природни живеалишта и ќе уживаме во магичните приказни за Времето на соништата (Dreamtime) проткаена во оваа магична дивина…Враќање во Сиднеј. Ноќевање.

  1. Среда 07.11.2018. Оној другиот град

Го напуштаме нашето сместување. Трансфер до аеродромот. Лет за Мелбурн. Трансфер до сместувањето. Факултативна посета на „оној другиот“ град, еден од светските центри на гастрономија, урбана култура и улична уметност: Плоштад на федерацијата (Federation Square), Queen Victoria Market, Melbourne laneways – урбани улични преполни кафулиња, продавници, улични уметници и графити. Го посетуваме St Kilda, големо игралиште покрај брегот и вечераме во некој од многубројните ресторани на кровот на некој облакодер. Ноќевање.

  1. Четврток 08.11.2018. Златна грозница

Факултативна посета на тематскиот парк Soverign Hill, поранешна рударска колонија. Тука, се навраќаме во далечното минато време на златни грозници, облечени како првите австралиски рудари, го пронаоѓаме златото во потоците на Soverign Hill и ја разгледуваме најголемата грутка злато на светот. Се враќаме во Мелбурн. Ноќевање.

  1. Петок 09.11.2018. – 14.11.2018. Златен брег

Трансфер до аеродромот и лет за Gold Coast. Денови резервирани за уживање во нереалистичните плажи, сурфање и уживање во брановите. Ги посетуваме плажите Surfers Paradise, Bradbeach, Main Beach. Можност за организирање на факултативен излет до Great Barrier Reef, најголемиот корален гребен, за кој научниците велат дека е најголемиот жив организам на светот. Рај за нуркање, пливање и сурфање. 6 ноќевања.

  1. Четврток11.2018. Кралската земја

Ги напуштаме нереалните плажи Златни брегови и заминуваме на север. После кратко патуваме стигнуваме во Бризбејн, главниот град на федералната држава Queensland. Факултативно разгледување на градот: Brisbane Aricade шопинг центар, Градската куќа, Кралската градина, старата државна библиотека, ботаничката градина, старата Државна куќа и единствениот споменик на кралицата Викторија. Си играме со коали во заштитената област за коали, Lone Pine Koala Sanctuary. Се возиме со кајак низ центарот на градот по реката до заливот Moreton. Ноќевање.

  1. Петок 11.2018. Првиот светилнк

Факултативна посета на островot Moreton, најголемиот песочен остров и национален парк. Ќе ги истражиме песочните плажи, брилијантните лагуни и каменестите патчиња. Пливаме во плавата лагуна и ги набљудуваме јатата водни птици. Пешачиме до Cape Moretona да го разгледаме првиот светлиник Kvinslend, соѕидан од песок во далечната 1857 година. Доколку имаме среќа ќе ја видиме миграцијата на китови и ќе ги нахраниме делфините кои секоја вечер пливаат до плажата Tangalooma. Нуркаме измеѓу коралите со шарени морски рипчиња и откриваме остатоци од потонати бродови. Спиеме под летно ѕвездено небо или се враќаме назад во Бризбејн. Ноќевање.

  1. Сабота 17.11.2018. Ловец на крокодили

Слободно време во Бризбејн или факултативен излет до Australia Zoo, најпосетената зоолошка градина во Австралија на познатиот натуралист и телевизиски водител Steve Irvin, ловец на крокодили, каде се запознаваме со неговата фамилија која во негово име продолжува да ја одржува оваа прекрасна зоолошка градина. Ноќевање.

  1. Недела 18.11.2018. Назад во Сиднеј

Го напуштаме Бризбејм и тргнуваме назад на југ. Транфер до аеродромот и лет за Сиднеј. Трансфер со сместувањето. Слободно време. Ноќевање.

  1. Понеделник 19.11.2018. Сиднеј – Доха

Ден препуштен за одмор, уживање, прошетки, шопинг и средување на впечатоците. Слободно време до поаѓањето на аеродромот. Лет за Белград со менување во Доха. (Лет број QR 0909).

  1. Вторник 20.11.2018. Слетување – крај на авантурата

Во утринските часови стигнуваме во Белград, ги собираме впечатоците и се спремаме за нови егзотични авантури! Крај на програмата.

ЦЕНА:  FIRST MINUTE – 2159€ (до 01.05.2018.)

РЕГУЛАРНА ЦЕНА – 2459€

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Авио превоз преку компанијата Qatar Airways на релација Белград – Доха – Сиднеј – Доха – Белград, СО СИТЕ ТАКСИ и багаж до 32kg
  • Авио превоз на релација Сиднеј – Мелбурн – Златен Брег и Бризбејн – Сиднеј
  • Трансфер на релација аеродром – хотел – аеродром, Златен Брег – Бризбејн
  • Сместување во хотел, апартман и хостел на база на 18 ноќевања со доручек (шведска маса и континентален)
  • Комплетна организација и услуги од страна на агенцијата, организатор на патувањето

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Виза за Австралија (се добива преку амбасадата на Австралија): 135 AU$
  • Факултативни излети и влезници за културно историски знаменитости
  • Индивидуални трошоци за патувањето
  • Меѓународно здравствено осигурување кое може да се набави во агенцијата

Опис и цена на факултативите?

  1. Време на сонот (Dream time) – Северно од Сиднеј, на падините на Сините планини, се запознаваме со прекрасната дивина на Австралискиот континент и учиме се за првите Австралијци, чија историја датира од пред 40 000 години. Откриваме како абориџиниските деца стануваат полнолетни, како настанал светот по абориџиниските легенди и како дедовците на своите внуци им ги пренесуваат своите знаења низ песни.Цена: 55$
  2. Златна грозница – Се враќаме во времето на добата на златната грозница. Идеме на целодневен излет до поранешната рударска колонија, а денеска тематски парк Soverign Hill. Пронаоѓаме злато во потоците на Soverign Hill и ја набљудуваме најголемата грутка злато на светот. Цена: 65$
  3. Првиот светилник – Го посетуваме островот Moreton, најголемиот песочен остров и национален парк. Пливаме во Плавата лагуна и ги набљудуваме јатата водни птици. Одиме до Cape Moreton и првиот светилник на Квинсленд соѕидан од песок во далечната 1857 година. Доколку имаме среќа ќе ја видиме миграцијата на китовите и ќе ги храниме делфините кои секоја вечер допливуваат до плажата Tangalooma. Можност за организирање на ноќевање на самата плажа под ведрото небо. Цена: 50$
  4. Ловец на крокодили – Australia Zoo, најпосетената зоолошка градина во Австралија на познатиот натуралист и телевизиски водител Стив Ирвин, ловец на крокодили. Ја посетуваме една од најпознатите зоолошки градини на светот со над 1200 видови на животни. Цена: 75$

*Плаќањето за факултативните излети се извршува на дестинацијата на локалниот водич.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ И КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ:

Central Perk Hotel, Сиднеј – Хотел со 3 ѕвездички, во центарот на градот, на 5 до 10 минти пешачење до најголемиот број знаменитости, двокреветни соби (брачни кревети и единечни кревети), ноќевање со доручек (шведска маса). Бесплатно WiFi во целиот хотел, во хотелот има бар и ресторан. Секоја соба има свој телевизор, сателитска кабловска, приватно купатило и туш.

15 Charles Abbotsford Mansion, Мелбурн – Приватна вила во резиденцијалниот дел на Мелбурн, оддалечена на само 1км од центарот на градот. До поголемиот број знаменитости потребно е 5 – 10 минути пешачење. Сите соби се двокреветни. Услугата е на база ноќевање со доручек (континентален). Во близина се наоѓаат голем број на барови, ресторани, продавници. Секоја соба поседува приватен тоалет, телевизор, брачен кревет или два единечни кревети.

Seacrest Appartments, Златен Брег

Луксузни апартмани на самата плажа со поглед кон океанот. Апартманите се еднособни и двособни, а сите соби во апартманите се двокреветни. Секој апартман во потполност е луксизно опремен со сите додатоци и апарати и секој апартман поседува балкон и посебна кујна. Услугата е на база ноќевање без доручек. Секоја соба има свој телевизор, сателитска кабловска, приватен тоалет.

City Backpackers HQ, Бризбејн

Хостел во центарот на Бризбејн, на самиот брег на реката. До повеќето знаменитости потребно е максимум 10 минути пешачење. Секоја соба е двокреветна. Услугата е на база ноќевање со доручек. Во хостелот има бар, ресторан, менувачница, инфо центар и продавница за сувенири, а на кровот од хостелот се наоѓа паорамска градина и бар со базен. Секоја соба има свој телевизор, сателитска кабловска, приватен тоалет

 КОИ СЕ МОИТЕ ОДГОВОРНОСТИ?

 Секој патник е одговорен за себе и е обврзан да ги слуша инструкциите на локалниот водич и претставникот од агенцијата, кој е таму да ја обезбеди сигурноста на патниците и да се избегнат несакани ситуации. Заради тоа, единствена ваша одговорност е да уживате и да си поминете убаво!

 ВИЗА

За влез на територијата на Австралија сите државјани на Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Бугарија и Црна Гора е потребна виза. За виза се аплицира во амбасадата на Австралија. Трошоците за виза изнесуваат 135 AU$. За подетални информации околу аплицирање за виза информирајте се на веб сајтот на амбасадата на Австралија  или на веб страната на Министерството за надворешни работи. Агенцијата не гарантира за добивање на туристичка виза за Австралија.

КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ

 Водата во Австралија е безбедна за пиење.

Од лекови со себе понесете си пробиотик, лекови за намалување на температура, лекови против болки, доколку пиете некаква терапија, односно понесете си лекови кои обично ги носите со себе на секое патување. Задолжително информирајте се кај вашиот лекар кои лекови се дозволени при влез во Австралија. Задолжително понесете си крема за сончање и средство против комарци.

Ви препорачуваме да си извадите здраствено осигурување. Здраствено осигурување може да извадите и во нашата агенција најдоцна 5 дена пред патувањето. 

Климата во Австралија се одликува со релативно со високи температури (просечна максимална дневна температура е 28-33C, а ноќна околу 16-23C), влажноста на воздухот варира во зависност од локацијата. Во внатрешниот дел на земјата се одликува со ниска, додека во градовите покрај плажа  и градовите во северот на земјата преовладува тропска клима со висока влажност на воздухот. Температурата може да падне, затоа понесете со вас и облека со долги ракави.

Традиционалната храна опфаќа пилешко, говедско, свинско, ориз, овошје и зеленчук, покрај океанот морски плодови и риби, како и месо од локалните животни, како што се месо од кенгур, желка, крокодил, ему и ајкула.

Се препорачува и уличната храна, која е поевтина од онаа во рестораните, а ја има на секој чекор.

Австралија е безбедна земја. Не се препорачува шетање во ноќните часови по слабо осветлени улици заради потенцијална опасност од крадци. Обрнете внимание на таблите за опасност на местата каде што е дозволено пливање, на плажите и на природните резервати бидејќи во Австралија живеат многу опасни диви животни. Задолжително консултирајте се со вашиот лекар за можни алергии доколку треба да примите некој противотров.

Со себе може да носите и американски долари, евра, британски фунти, но австралиски долари можете да замените и во нашите менувачници.

Банкоматите се распостранети и на достапни места. Картички можете да користите скоро на сите места. За инфомации во врска со картичките посоветувајте се со вашата банка и задолжително пријавете каде ќе патувате за да не ви ја блокираат картичката.

За во Австралија потребен ви е адаптер за во штекер (со 3 сплеснати излези, како во В.Британија) додека напонот е ист како кај нас односно 220V. Адаптерот може да го набавите и кога ќе пристигнете на дестинацијата.

НАПОМЕНИ:

  • Факултативните излети се организирани од страна на локалните туристички агенции. Организаторот на патувањето не е во можност да го контролира квалитетот на изведувањето на факултативните излети и според Општите услови на патувањето не одговара за нивното изведување, затоа секој патник се согласува на тоа да сите свои рекламации и поплаки да ги упати директно и на лице место кај локалниот организатор! Цените на сите факултативни излети (кои се опционални) се изразени во ДОЛАРИ или во локални валути, а резервации и уплати се вршат кај претставникот од локалната агенција во текот на самото патување.Во цената на секој факултативен излет е вклученоа карта, превоз со автобус, тур-оператор и локален водич. Факултативните излети се организираат на база минимум 5 пријавени, освен во некој каде што ќе биде наведено. Агенцијата ги задржува сите права на промена на сите планирани излети по денови како и по час во зависност од работното време на некој од локациите.
  • Цената е загарантирана само за уплатен комлетен износ. Во спротивно загарантиран е само износот за аконтација. Во случај на промена на монетарниот пазар или пазарот за роба и услуги или недоволно пријавени патници, агенцијата го задржува правото на промена на цените, измена на програмата на патувањето или откажување на патувањето.
  • Аранжманот е на база минимум 10 патника, а рокот за откажување од страна на агенцијата е 7 дена пред поаѓање.
  • Патниците кој не се државјани на Р.Македонија имаат обврска сами да се информираат во врска со визниот режим за земјата во која ќе патуваат како и за земјите низ кои ќе поминуваат.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не признава патни и други документи.
  • Пасошите на државјаните на Р. Македонија мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци)
  • Rapsody Travel им препорачува на патниците пред да патуваат да си набават полиса за меѓународно патно осигурање .
  • Се замолуваат сите патници пред потпишување на договорот да се запознаат со програмата за патување, општите услови за патување на агенцијата Rapsody Travel DOO, како и општите услови за меѓународно патно осигурување (UNIQA). 
The map is updating ...