• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

БАЛИ 2019

Програма за Бали

22.05 – 30.05 2019 година

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ОД 799 ЕВРА

09 дена / вклучува 7 ноќевања со појадок + авионски превоз + трансфер + ап такси

 

Индонезија или официјално Република Индонезија е земја која се наоѓа на континентот Азија со главен град Џакарта. Државата е составена од повеќе мали и големи острови, од кои најголеми и најпознати се Јава, Суматра, Сулавеси, Борнео и Нова Гвинеја. По своето население кое брои 238 милиони жители, оваа држава го зазема четвртото место во целиот свет.

Бали е индонезиски остров кој се наоѓа помеѓу островите Јава на запад и Ломбок на исток. На самиот остров најголемиот дел од населението се Индонезиски Хиндуисти кои се малцинство во земјата. Бали денес е доста популарна туристичка дестинација и е остров кој е богат со ориз, кокосови дрвја, кафе, памук и тутун. Живописните бои на островот, гостопримливото и пријатно локално население, храната која е силна и со необичен вкус, како и тиркизно – сините Бводи на Индискиот Океан е локализирано и сместено на ова мало парче од рај на земјата сигурно ќе го задоволи вашиот вкус…

22.05.2019 Скопје – Доха

Состанок на групата на аеродромот Александар Велики, два часа пред полетувањето. Полетувањето од Скопје е во 11:25 часот, додека слетувањето во Доха е во 18:20 часот.

23.05.2019 Доха – Денпасар
Полетувањето од Доха е во 02:50 часот, додека пристигнувањето во Денпасар е во 17:30 часот. Пречек на аеродромот од страна на претставник од локалната партнерска компанија и трансфер во хотелот во Кута / Нуса Дуа. Пристигнување во избраниот хотел и сместување. Ноќевање

24.05.2019 година Бали

Бали е инспирација, магичен остров кој има недопрени плажи, вулкани, и бујни тропски шуми. Она што го издвојува Бали од другите тропски острови е традицијата и духовноста на народот, кој ја слават својата култура и го негуваат својот идентитет. Бали е скапоцениот камен на Азија каде можете да се опуштите на прекрасните песочни плажи, да ги почувствувате благодетите на арома терапијата, можете да го изпразните вашиот ум со јога Тај Чи, сурфате или да се обидете да се пазарите на традиционалните пазари. Една вистинска и прекрасна комбинација за вистинско уживање.

Авантурата на Бали започнува на плажа, со локални специјалитети, егзотична комбинација на различни вкусови. Уживајте во идиличната атмосфера на мекиот, златен песок, и да го видиме прекрасниот залез на сонцето. Откријте ја автентичноста на Бали преку традиционалните ажакузи, ритуали и легенди. Уживајте во прекрасната миризба на ароматичните масла при масажа кај индонезиските масери и заборавете на секојдневниот живот бидејќи вашата реалност станува ова рајско место. Дозволете Бали да ве заведе со својот специјален шарм.

На овој рајски остров имате можност за дополнителна организација на факултативни излети – Јужен Бали, малиот храм кој е изграден на ивица на карпа, посета на светата шума на мајмуните, посета на кралскиот храм, посета на терасите од ориз како карактеристичен пејсаж на Бали.

30.05.2019 Бали / Денпасар – Доха – Скопје

Појадок. Потоа следуваат слободни активности. Следува трансфер од хотелот до аеродромот во Денпасар со лет на Qatar Airlines во вечерните часови.

Полетување од аеродромот во Денпасат е предвидено во 18:45 часот. Слетување во Доха. Полетување од Доха во 07:00 часот и слетување во 11:15 во Скопје на 30.05.2019 година

ЦЕНИ НА ПАКЕТ АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО СТАНДАРДНИ ДВОКРЕВЕТНИ СОБИ

  1. Budget paket ZIA Kuta 3* – ноќевање со појадок – 799 евра
  2. Standard paket Mercure Bali 4* Nusa Dua – ноќевање со појадок – 859 евра

Цената е дадена во евра и се пресметува во денари, по курс 1 евро = 62 денари

Цената е валидна до пополнување на места по групна тарифа од авио компанија

Цената вклучува:

  • Авионски билет на релација Скопје – Доха – Денпасар – Доха – Скппје со Qatar Airways со вклучен багаж до 30 кг
  • 07 ноќевања во избраниот хотел во Бали на база ноќевање со појадок
  • Трансфери аеродром – хотел – асеродром
  • Пречек на Бали од претставник (англиски јазик)
  • Технички пратител на група

Цената не вклучува:

  • Патничко осигурување
  • Факултативни излети
  • Услуги што не се споменати во програмата

За Бали не е потребна туристичка виза за патници кои патуваат со македонски пасоши – за влез на Бали, пасошот мора да биде валиден минимум 6 месеци од датумот на враќање од наведеното патување од Бали.

The map is updating ...