• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

БАЛИ

Бали

8.11.2018 – 20.11.2018

Почнува нашата голема авантура на откривање на мистичната Индонезија. Дом на ведрите луѓе, бурна и многу долга историја испреплетена со илјадници години стара традиција и отпечатоци кои во неа ги оставиле разните освојувачи од Азија и Европа. Древно царство, поранешна колонија, модерна држава, традиционална и современа. Дом на преку 260 милиони жители, потполно незамислив спој на речиси сите религии, различни култури и традиции. Каде е подобро да се почне оваа авантура отколку во Индонезиската покраина Бали. Бали е еден од преку 17 000 острови со можеби најинтересна историја и традиција. Локалитети под заштита на УНЕСКО, природни резервати незамисливи за човечкиот ум, релјеф како насликан со четкичките на најдобрите уметници. Сè ова и многу повеќе. Токму затоа нашата авантура започнува овде! Запознај нови луѓе ширум целиот свет, свои истомисленици и забавувај се во текот на целото патување! Направи ова да биде патување за паметење!

  1. Четврток 8.11.2018 – Полетување – нека почне авантурата

Собирање на патниците на аеродромот „Никола Тесла“ два часа пред полетување. Лет за Денпасар со преседување во Доха.

  1. Петок 9.11.2018 – Откривање на Индонезија

Во утринските часови слетуваме во Денпасар, главниот град на Индонезиската провинција Бали. Со трансфер заминуваме до хотелот во Легиан. Запознавање со овој преубав тропски рај и подготовка за уживање. Слободно време. Ноќевање

  1. Сабота 10.11 – 18.11.2018 (9 ноќевања) – Остров за сите сетила

Време за уживање! Тргнуваме во откривање на Индонезија, поточно нејзината островска област, Бали. Се запознаваме со начинот на живот на претежно хиндуистичката Индонезиска популација. Факултативно ги посетуваме најубавите локалитети, како што се палатата Тириганга, храмот Бесаки, храмот Таман Ајун, храмот Танах Лот – симболот на Бали, фасцинантната природа, наизглед бескрајните оризови полиња, овошје, чај, какао, долгорепите макакии, вулкани, уште некој од древните храмови, палати и фантастичните плажи. Бали е како создаден за откривање на мистиките на далечниот исток со историја стара илјадници години, испреплетена со нови и странски влијанија како на Азиските, така и на Европските народи, учење на нови работи и уживање. Ноќевање.

  1. Понеделник 19.11.2018 – Последен ден во рајот

Слободно време до заминување на аеродром два часа пред полетување. Се простуваме од Малдивите во надеж дека повторно ќе се вратиме. Лет за Белград со преседување во Доха.

  1. Вторник 20.11.2018 – Слетување – крај на авантурата

Во утринските часови стигнуваме во Белград, Собираме впечатоци и се подготвуваме за нова егзотична авантура. Крај на програмата.

ЦЕНА: FIRST MINUTE – 1059EUR (дo 1.5.2018)

РЕГУЛАРНА ЦЕНА – 1299EUR

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Авио превоз на компанијата Qatar Airways на релација Белград – Доха – Денпасар – Доха – Белград, СО СИТЕ ТАКСИ и багаж до 32кг
  • Трансфери на релација аеродром – хотел – аеродром
  • Сместување во спа хотел со 4 ѕвезди на база 10 ноќевања со појадок
  • Комплетна организација и услуги на претставник од агенцијата – организатор на патувањето

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Факултативни излети и влезници за културно – историски споменици
  • Индивидуални трошоци на патувањето
  • Меѓународно здравствено осигурување кое може да се прибави во агенција

ВАЖНИ НАПОМЕНИ И КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ

  • The Sun Hotel & Spa Legian – Спа хотел со 4 ѕвезди на неколку минути пеш до плажата. Сите соби се двокреветни. Услугата е на база на ноќевање со појадок. Во хотелот се наоѓаат бар, ресторан, приватен базен, спа центар. Секоја соба поседува приватен тоалет, ТВ, брачен или два сингл кревети. Некои од собите имаат излез на балкон, а некои од собите имаат директен излез на базен. Бидејќи хотелот се наоѓа во градот, опкружен е со продавници, сувенирници,банки, кафулиња, барови и шопинг центри.

Секој патник е одговорен за себе и е во обврска да ги следи инструкциите на локалниот водич и на претставникот на агенцијата и да избегне која било опасна ситуација. Покрај тоа, единствена ваша одговорност е да уживате и да си поминете што е можно подобро!

КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ

ВИЗА

За државјаните на Република Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија и Босна и Херцеговина не е потребна виза. За државјани на Република Црна Гора, виза се добива во амбасадата на Индонезија во Белград.

Водата на Бали не е препорачлива за пиење, секогаш да се користи флаширана вода.

Од лекови, со себе да се носат лекови за редовна терапија, ако ја имате, пробиотик, лекови за снижување телесна температура, против болки, односно лекови кои генерално ги носите со себе на патување. Задолжително земете си и крема за сончање и средство против комарци.

Препорачуваме здравствено осигурување, кое можете во агенција да го подигнете 5 дена пред патувањето.

Климата на Бали е тропска, многу топла со висок процент на влажност на воздухот. Дневните температури речиси никогаш не паѓаат под 26 степени. Температурата ноќе може да опадне, така што со себе носете си облека со долги ракави и ногавици.

Традиционалната исхрана опфаќа морски плодови, ориз со овошје и зеленчук, свинско и пилешко.

Уличната храна е безбедна, евтина, вкусна и достапна секаде.

Бали е безбедна дестинација. Препорака е секако да се придржувате до одредени правила. Не се препорачува самостално движење во темница навечер, во зафрлени делови од градот затоа што постои можност за ситни кражби, па се препорачува да водите сметка за вашите лични работи. Не седнувајте во автомобил со непознати луѓе, дури и ако се претставуваат како работници на хотелот. Водете сметка кога фотографирате, бидејќи доколку сакате да фотографирате некого, морате првин да прашате. Никако не смеете да фотографирате или да застанувате покрај луѓе кои се молат. Никако не смеете да допирате ничија глава затоа што на Бали тоа се смета за навреда. Исто така, доколку планирате да посетувате религиски објекти, морате да ја покриете главата и да се облечете пристојно.

Препорака е со себе да носите американски долари, но и евра можете да менувате во сите менувачници и банки.

The map is updating ...