• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

Банско | Скијање во Банско

БАНСКО

Скијање во Банско

(10.01 – 15.01.2018)

 

Банско е атрактивен во сите сезони. Обезбедува одлични ски и сноуборд патеки и најдолга ски сезона за разлика од сите останати бугарски ски-центри. Ски сезоната во Банско трае од 15 декември – 15 Мај. Има уникатна историја и архитектура на стариот и новиот дел на градот. Како и голем број на дискотеки, пабови и “Механи” кој нудат одлична забава, Благодарение на овие карактеристики Банско е омилена ски и сноуборд дестинација за сите возрасти.

Ски-центар Банско е најдобар зимски центар во Бугарија со најдолги скијачки патеки и најбогатa културна историја. Банско се наоѓа во подножјето на Пирин планина во југо-западна Бугарија, на 160 километри од Софија. Нуди одлични услови за скијање и сноубординг .

Многу хотели со различни стандарди и цени се достапни за сечии вкус. Банско нуди стотици барови и традиционални ресторани наречени “механа” . Банско е планинско одморалиште и е одличен избор за вашиот ски и сноуборд зимски одмор. Вечерните часови може да уживате во некој од познатите пабови и барови.

 

1 ден (10.01.2018) СКОПЈЕ – БАНСКО

Тргнување од пред спортскиот центар Борис Трајковски во раните утрински часови. Се упатуваме кон Р. Бугарија преку граничниот премин Деве Баир до нашата крајна дестинација – Банско, со попатни паузи предвидени за одмор и редовни гранични контроли. Пристигнување во Банско во пладневните часови. Сместување во хотелот во попладневните часови (после 14 часот) и време предвидено за одмор и релаксација од патувањето. Вечера. Ноќевање.

2 ден – 6 ден (11.01-15.01.2018) БАНСКО – СКОПЈЕ

Престој во еден од најубавите Бугарски ски центри кој ги нуди најактуелните зимски спортови, ресторани, барови и секако релаксирачки услуги кои ги нуди самиот хотел, внатрешен и надворешен базен, џакузи, финска сауна, парна бања, турска бања, фитнес..

Заминување од Банско последниот ден (15.01.2018) во попладневните часови и се упатуваме кон Скопје. Пристигнување во вечерните часови (*во зависност од условите на патот и редовните гранични и царински формалности) на паркингот пред спортскиот центар Борис Трајквски.

 

ЦЕНА: 11 780 денари

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • 5 ноќевања во хотел Мурите, на база на појадок и вечера
  • Комплетна организација и пратител на патувањето
  • Превоз со високо модерен туристички автобус (клима, ТВ, видео)
  • Користење на СПА центар (базен, сауна ,парна бања, бежичен интернет)

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Патничко и здравствено осигурување
  • Факултативни излети

 

Локација: 7 км од Банско, во близина на Пирин Голф Клуб. Безброј можности за пријатно семејно уживање, спортски одмор или забавен викенд со пријателите во текот на целата година. На само 10 минути од Банско, со својата неверојатна глетка кон планината, на своите гости им нуди комфорт со релаксирачките СПА процедури, како и можност за незаборавни кулинарски уживања. Во склоп на хотелот има елегантен ресторан, лоби бар со камин, 3 конферентни сали, паркинг, интернет во целиот хотел, детско катче, дискотека. 
СПА Центар : внатрешен и надворешен базен, џакузи, финска сауна, парна бања, турска бања, фитнес, масажи, арома терапии, козметички процедури.

The map is updating ...