• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

БАНСКО – Зима 2019

Банско е атрактивен во сите сезони. Обезбедува одлични ски и сноуборд патеки и најдолга ски сезона за разлика од сите останати бугарски ски-центри. Ски сезоната во Банско трае од 15 декември – 15 Мај. Има уникатна историја и архитектура на стариот и новиот дел на градот. Како и голем број на дискотеки, пабови и “Механи” кој нудат одлична забава, Благодарение на овие карактеристики Банско е омилена ски и сноуборд дестинација за сите возрасти.

Ски-центар Банско е најдобар зимски центар во Бугарија со најдолги скијачки патеки и најбогатa културна историја. Банско се наоѓа во подножјето на Пирин планина во југо-западна Бугарија, на 160 километри од Софија. Нуди одлични услови за скијање и сноубординг .

Многу хотели со различни стандарди и цени се достапни за сечии вкус. Банско нуди стотици барови и традиционални ресторани наречени “механа” . Банско е планинско одморалиште и е одличен избор за вашиот ски и сноуборд зимски одмор. Вечерните часови може да уживате во некој од познатите пабови и барови.

1 ден (10.01.2019) СКОПЈЕ – БАНСКО

Тргнување од пред спортскиот центар Борис Трајковски во утринските часови. Се упатуваме кон Р. Бугарија преку граничниот премин Деве Баир до нашата крајна дестинација – Банско, со попатни паузи предвидени за одмор и редовни гранични контроли. Пристигнување во Банско во пладневните часови. Сместување во хотелот во попладневните часови (после 14 часот) и време предвидено за одмор и релаксација од патувањето. Вечера. Ноќевање.

2 ден – 6 ден (11.01-15.01.2019) БАНСКО – СКОПЈЕ

Престој во еден од најубавите Бугарски ски центри кој ги нуди најактуелните зимски спортови, ресторани, барови и секако релаксирачки услуги кои ги нуди самиот хотел, внатрешен и надворешен базен, џакузи, финска сауна, парна бања, турска бања, фитнес… Можност за развој на Вашите ски и фитнес вештини потпомогнати од професионален ски и фитнес инструктор и секако збогатување на Вашиот англиски јазик преку “Fun and interactiveconversation classes in English” програмата, со стручен професор по англиски јазик.

Заминување од Банско последниот ден (15.01.2019) во попладневните часови и се упатуваме кон Скопје. Пристигнување во вечерните часови (*во зависност од условите на патот и поголемите гранични задржувања) на паркингот пред спортскиот центар Борис Трајквски.

ЦЕНА:  195 евра

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • 5 ноќевања во хотел Панорама, на база на појадок и вечера
  • Комплетна организација и пратител на патувањето
  • Превоз со високо модерен туристички автобус (клима, ТВ, видео)
  • Користење на СПА центар (базен, сауна ,парна бања, бежичен интернет)
  • Туристичка такса – 1 евро на ден

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Патничко и здравствено осигурување
  • Факултативни излети

 

Локација: 750 метри од ски-годнолата во Банско, во непосредна близина на комплексот Иван Рилски. Пријатниот ресторан со 100 седишта  нуди широк спектар на европски кујна. Ресторанот има панорамски поглед и лоби бар со отворена тераса. За деловни посети Panorama Resort нуди конференциска сала со 70 седишта и комплетна опрема. Хотелот располага со пространа SPA центар; затворен загреан базен со џакузи секција; со можност за делумно отворање во текот на летото; сауна; фитнес; парна бања;  масажа соби; козметички и медицински кабинет. Хотелот нуди огромен детско игралиште со детски бар, а услуга за аниматор е достапна за деца под 3 години. Бесплатен интернет и бесплатен надворешен и внатрешен паркинг.

http://www.panoramaresort.bg/en/

 

The map is updating ...