• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

БАРСЕЛОНА И РИМ

 

  1. ДЕН (29.04. ПОНЕДЕЛНИК) СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА

Поаѓање во однапред договорено време, со линијата на Wizz air во попладневните часови од скопскиот аеродром. Пристигнување во Барселона. Организиран превоз до Љорет де Мар. Сместување во хотел. Време за одмор. Ноќевање.

2-3. ДЕН (30.04 – 01.05. ВТОРНИКСРЕДА) ЉОРЕТ ДЕ МАР

Вашиот престој во Шпанија може да биде незаборавен со посета на факултативните излети од нашата богата и ЕКСКЛУЗИВНА понуда: FLAMENCO LA SIESTA, CASTEL MEDIEVAL (витешка вечера), BARCELONA PANORAMICA (Саграда Фамилиа, паркот Цитадела, познатата улица Пасеж де Грасиц, магичните фонтани…), COSTA BRAVA, BARCELONA BY NIGHT, NOU CAMP, AQUARIUM, со што вашиот престој во Шпанија ќе биде полн со спомени и убави доживувања.

  1. ДЕН (01.05.  СРЕДА) БАРСЕЛОНА – КРСТАРЕЊЕ ПО МЕДИТЕРАНОТ

Напуштање на одбраното сместување. Од Љорет де Мар се упатуваме кон бисерот на Медитеранот – Барселона. По пристигнувањето во центарот на градот слободно време за обиколка на некој од бројните музеи, шопинг центри и индивидуални активности. Во точно закажано време поаѓање кон пристаништето, сместување во кабини. Испловување од пристаништето на Барселона…Ноќевање во модерно опремени бродски кабини (тоалет, туш/ WC…) на “хотелот на вода”на релација Барселона – Чивитавекија.

  1. ДЕН (02.05. ЧЕТВРТОК) КРСТАРЕЊЕ ПО МЕДИТЕРАНОТ – ЧИВИТАВЕКИЈА

Слободно време за користење на многубројните погодности кои ги нуди овој “хотел на вода”… жива музика, dance show, disco club, казино, пијано бар, базен, фитнес, џакузи, free shop…Впловување во пристаништето на Чивитавекија покрај Рим, во доцните попладневни часови. Заминување кон хотелот и сместување. Ноќевање.

  1. ДЕН (03.05. ПЕТОК) РИМ – СКОПЈЕ

Напуштање кон хотелот. Следува разглед на вечниот град и најзначајните знаменитости: Colosseum, Forum imperiali, брдото Capitol, Fontana Di Trevi, шпански скали, Pantheon, piazza Navona, Castel st. Angelo, piazza San Pierto…Слободно време за индивидуалн прошетка низ градот и факултативна посета на Ватиканските музеи. Упатување кон аеродромот во Рим. Лет на релација Рим – Скопје, во вечерните часови.

ПРОМО ЦЕНА: 329 евра

(Промотивната цена важи за првите 20 пријави)

Цената вклучува:

  • 2 ноќевања во хотел 3* (полн пансион) во Љорет Де Мар
  • 1 ноќевање во Рим
  • 1 ноќевање на брод од флотата на GRIMALDI LINES на релација Барселона – Чивитекија
  • Посета на градовите според програмата
  • Комплетна организација на патувањето со пратител
  • Превоз со модерни туристички автобуси (со клима, ТV, видео) на наведената релација,
  • Авионски карти Скопје – Барселона и Рим – Скопје
  • Туристичка такса 

Цената не вклучува:

  • Факултативни излети и влезници планирани по програмата
  • Патничко – здравствено осигурување (кое може да се извади и во ТА Рапсоди Травел), задолжително.

The map is updating ...