• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

БЕЛГРАД 8-МИ МАРТ

8 – МИ МАРТ ВО БЕЛГРАД

1.ДЕН (08.03.2019 Петок) Скопје – Белград

Состанок на групата во раните утрински  часови од паркингот на СЦ “Борис Трајковски”.
Се патува преку граничниот премин Табановце. Пристигнување на групата во Белград во претпладневните часови. Следува панорамски разглед на градот со сите негови убавини и знаменитости: стадионот на ФК Црвена Ѕвезда, куќата на Светлана Цеца Ражнатовиќ, гламурозниот и богар дел на Дедиње, куќата на цвеќето каде се наоѓаат посмртните остатоци на Јосип Броз Тито, храмот Св. Сава… Следува сместување во хотел и слободно време за одмор и релаксација. Во попладневните часови заминување во пешачки разглед на градот и тоа : познатиот хотел Москва, Теразија, плоштадот на Републиката, Скадарлија, Кнез Михајлова, Калемегдан… Слободно време во центарот на градот за дополнително уживање и индивидуално враќање во хотел.

Вечерта можност за организирана вечера и заедничко дружење. Ноќевање.

2.ДЕН (06.04.2019 Сабота ) – Белград

Појадок.  По појадокот следува дополнителна можност за посета на еден од најубавите градови на овие простори – Нови Сад. По пристугнувањето во градот следува разглед на истиот со сите негови културно-историски убавини: Петроварадинската тврдина, плоштадот на Слободата, светиот храм Свето име – Маријно, Градската куќа, Дунавскиот парк, споменикот на Јован Змај… Слободно време за дополнително уживање во убавините на градот. Враќање кон Белград. Ноќевање.

3.ДЕН ( 07.04.2019 Недела )  Белград – Скопје

Појадок. Следува напуштање на хотелот и заминување кон познатиот трговски центар Ушче. Слободно време за индивидуални активности и шопинг.

Во договорено време следува заминување кон Македонија. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

FIRST MINUTE ЦЕНА : 79 евра  

 

 ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • 2 ноќевања  во Белград во хотел со 3* на база на ноќевање со појадок (можност за сместување во двокреветни и трокреветни соби)
  • Комплетна организација на патувањето со пратител/водич за време на целото патување;
  • Превоз со високотуристички автобус (клима, тоалет, ТВ, видео) на релација Скопје – Белград – Скопје;
  • Разглед на градот;

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Патничко и здравствено осигурување (индивидуално)
  • Факултативни излети

– Посета на Нови Сад – 10 евра

– Организирана вечера – 20 евра

  • Доплата во двокреветна соба е 10 евра по лице
  • Индивидуални трошоци

The map is updating ...