• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

БЕЛГРАД – ДОЧЕК НА НОВАТА 2020 ГОДИНА

БЕЛГРАД

ДОЧЕК НА НОВАТА 2020  ГОДИНА

 

 

1.ДЕН (30. 12. 2019 Понеделник) Скопје – Белград

Состанок на групата на паркингот кај салата „Борис Трајковски“.
Поаѓање во раните утрински часови – 03:00. Се патува преку граничниот премин Табановце. Пристигнување на групата во Белград во раните попладневни часови. Следува панорамски разглед на Белград, главниот град на Србија, кој ги вклучува најпознатиот стадион од поранешните југословенски простори Маракана – стадионот на ФК Црвена Звезда, куќата на атрактивната балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражњатович, потоа атрактивниот дел на градот – Дедиње како и куќата на цвеќето каде се наоѓа гробот на Јосип Броз Тито. Разгледот го привршуваме со христијанскиот храм свети Сава. Следува сместување и слободно време за одмор и релаксација.

Потоа заминување на пешачки разглед кон центарот на градот: хотел Москва, ул. Кнез Михајлова, плоштадот на Републиката, Калемегдан парк, Скадарлија…

Во вечерните часови организирано заминување кон една од познатите белградски кафани каде со звуците  на македонската и српската музика ќе уживаме во предноводишната атмосфера. Ноќевање.

 

2.ДЕН (31. 12. 2019 Вторник ) Нови Сад – Белград  ДОЧЕК НА НОВАТА 2020  ГОДИНА

 Денот ни започнува со факултативна посета на  вториот по големина град во Србија, кој што нуди посебна убавина – Нови Сад. По пристигнувањето во Нови Сад следува пешачки разглед на градот: улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петро- варадинската тврдина. Слободно време за уживање во убавините на Нови Сад. Враќање назад кон Белград. Во вечерните часови следува  дочекот на 2020 година, најлудата ноќ во годината во еден од најатрактивните и најексклузивни белградски клубови. Ноќевање.

 

3.ДЕН (01.01.2020 Среда ) Белград – Скопје

Следува напуштање на хостелот/хотелот. Заминување кон Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните

 

Сместување 1/1 1/2 1/3 1/4 1/5 1/6
Хотел Србија 3* 89€ 89€ 79
Хостел Јелица
         I дел

49

49

49

49
Хостел Јелица
       II
  дел
59 59 59 59

*Цените во табелата се однесуваат по лице

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • 2 ноќевања  во Белград во хостел со  – 1/3, 1/4, 1/5, 1/6 креветни соби или во хотел 3* со појадок –   1/1, 1/2 или 1/3 креветни соби.
  • Комплетна организација на патувањето со пратител за време на целото патување;
  • Превоз со високотуристички автобус (клима, тоалет, ТВ, видео) на релација Скопје – Белград – Скопје;
  • Панорамски разглед на Белград

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Патничко и здравствено осигурување (200 денари);
  • Факултативни излети
  • 155  динари (1,29€)   по ноќ туристичка такса  (се плаќа на рецепција)за хостел Јелица;
  • За сопствен превоз се одбива 10 евра од аранжманот;

 

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕ:

1. Хостел Јелица Миловановиќ се наоѓа во строгиот центар на Белград со извонредна локација на само пет минути пешачење од главната улица Кнез Михајлова. Собите се чисти и комфорни.
Хостелот е составен од два дела:

  • I дел: Во првиот дел на хостелот, тоалетите ( wc школките, туш кабините и умивалникот) се заеднички на секој спрат. Истите во секое време се уредно чисти. На секој спрат од овој дел на хостелот има заеднички тоалети за сите соби на спратот.
  • II дел: Во вториот дел на хостелот, секоја соба располага со туш кабина и умивалник во склоп на својата соба, додека пак wc школките се распоредени во заеднички простор на самиот спрат. 

 

 

 

  1. Хотел Србија се наоѓа во областа Шумица на 5 км од центарот на градот. Има одлична поврзаност со центарот на градот и располага со повеќе од 300 легла а комплетно е реновиран во 2005 година.

 

 

The map is updating ...