• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

БУДИМПЕШТА – ПРАГА – ДРЕЗДЕН – ВИЕНА – БЕЛГРАД

ПРВ ДЕН : МАКЕДОНИЈА – БУДИМПЕШТА

Тргнување во договореното време со групата од Македонија. Патување преку граничниот премин Табановце низ Србија, Унгарија…. Попатни паузи во договор со групата. Ноќно возење.

ВТОР ДЕН : БУДИМПЕШТА

Пристигнување во унгарската престолнина во утринските часови.. Панорамски разглед низ градот и запознавање на градот со приказните на нашите водичи. Ќе се посетат: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, Црквата Св. Стефан, влез и посета на Националниот музеј на градот, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската Палата, црквата Св. Мaтејас, Рибарската тврдина, Сместување во хотел… Следува време за слободни активности и релаксација.. Во доцните попладневни часови следува крстарење по реката Дунав (вклучено во цената) каде сите ќе имаат единствена можност за запознавање на градот од една поинаква димензија. Вечера. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН: БУДИМПЕШТА – ПРАГА

Појадок. Време за уживање на најпознатата градска улица Ваци. Следува заминување кон чешката престолнина – Прага. Пристигнување во градот и сместување во хотел. Слободно време за одмор и релаксација. Вечера. Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН: ПРАГА

Појадок. Следува панорамски разглед на градот со лиценциран туристички водич : Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Слободно време за уживање во центарот на градот. Враќање во хотел. Вечера. Следува заминување кон еден од познатите прашки клубови и заедничко дружење. Ноќевање

ПЕТТИ ДЕН: ПРАГА – ДРЕЗДЕН – ПРАГА

Утрото, по појадокот заминување кон главниот град на покраината Саксонија во Германија – Дрезден, градот чиј центар е целосно разурнат во втората светска војна и повторно целосно обновен по скици во 60 тите години на минатиот век. Запознавање со центарот на градот кој се протега покрај реката Елба: палатата Zwinger, катедралната црква Frauenkirche, , операта…. во градот кој е познат и како германсакта Фиренца. По времето за слободни активности и уживање следува враќање во Прага. Вечера. Слободно време. Ноќевање.

ШЕСТИ ДЕН: ПРАГА – ВИЕНА

Утрото, по појадокот следува напуштање на хотелот. По неколкучасовно возење, пристигнување во Виена. Разгледување на градот: Ringstrasse, Opera, квартот на музеите, палатата Hofburg, Парламентот, палатата Белведере, Карловата црква, Stephansdom дворецот Schonbrunn (влезницата е вклучена во цената)…. Слободно време за индивидуални активности во центарот на градот… Во вечерните часови заминуваме кон Белград. Ноќно возење.

СЕДМИ ДЕН: БЕЛГРАД

Во утринските часови пристигнување во престолнината на Република Србија – Белград. Следува панорамски разглед на градот : Св. Сава, хотел Москва, плоштадот на Републиката, Кнез Михајлова, Калемегдан…. Еден дел од градот се разгледува од автобус, а друг дел со пешачење се доживува неговата магија. Слободно време за одмор и релаксација. Следува заминување кон Македонија. Во вечерните часови пристигнување во Македонија.