• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

БУДИМПЕШТА – ПРАГА – КАРОЛОВИ ВАРИ – ВИЕНА – БЕЛГРАД

ПРВ ДЕН : Македонија

Тргнување во договореното време од Македонија. Патување преку граничниот премин Табановце низ Србија, Унгарија…. Попатни паузи во договор со групата. Ноќно возење.

ВТОР ДЕН : БУДИМПЕШТА

Пристигнување во унгарската престолнина во утринските часови.  Панорамски разглед на градот и негово запознавање со приказните на нашите водичи. Посета и разглед на: Будим –мостовите на Дунав, Цитаделата, црквата на кралот Матејаш, Рибарската тврдина, Пешта – Споменикот на Милениумот, Парламентот, Градскиот парк, Операта, пријатна прошетка по познатите улици Андраши, Ракочи и Ваци,  црквата Св. Стефан… Сместување во хотел. Следува време за слободни активности и релаксација. Во доцните попладневни часови следува крстарење по реката Дунав (вклучено во цената) каде сите ќе имаат единствена можност за запознавање на градот од една поинаква димензија. Вечера. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН: БУДИМПЕШТА –ПРАГА

Појадок. Следува заминување кон Чешката престолнина – Прага. По пристигнувањето следи панорамски разглед на градот со лиценциран туристички водич : Старо место, Горниот град – дворецот Храдчани, катедралата Св. Вита, Златната улица, Карловиот мост кој потекнува од 1357 година, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на реформаторот и човекот заслужен за денешниот изглед на Прага- Карло IV, Кралскиот пат, Париската улица, главниот плоштад на место на збиднување на многу мили и немили настани –Staromestske namesti, Астрономскиот часовник – Орлој кој потекнува од 1410 година, градската куќа, волшебната готичка Тинска црква, споменикот на борецот на правата на протестантите и реформатор Јан Хус, куќата на писателот од 20 век – Франц Кафка, Прашката кула, Вацлавскиот плоштад.
Слободно време во центарот на градот. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Вечерта, по вечерата, заминување во некоја од познатите прашки пивници (факултативно дополнително). Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН: ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ – ПРАГА

Појадок. Следува посета на едно од најпрестижните и најгламурозните чешки туристички дестинации – Карлови вари. Важи за едно од најпосетуваните туристички дестинации во Чешка а познато е по големиот број на топли извори на вода, околу 130 големи и 300 помали извори на топла вода. Градот своето име го добива по неговиот основач и војсководец Карло IV кој го основа во далечната 1370 година. Запознавање со природните убавини на оваа туристичка атракција која е мета на голем број туристи ширум целиот свет. Заедничка прошета покрај неоренесансните колонади, паркови и продавници. Попладнето, враќање во Прага. Слободно време за индивидуални активности во центарот на градот, или одмор во хотел. Вечера. Ноќевање.

ПЕТТИ ДЕН: ПРАГА – ВИЕНА

Утрото, по појадокот напуштање на хотелот. По неколкучасовно возење, пристигнување во Виена, Европската кралица. Разгледување на градот, таканаречениот Ринг околу центарот на градот: главната Ringstrasse, Oперата, музејскиот кварт сочиент од Природно-научниот и Културно-историски музеј, плоштадот на кнајвлијателната кралица на 18 век Марија Терезија, стариот и новиот дел на кралската палата Hofburg, Виенската скала, Парламентот, палатата Белведере, готичката катедралата Св. Стефан со својата највисока градба кулата Стефи. Следува време за рекреација и индивидуални активности. Потоа реализацијата на програмата продолжува со разглед на копијата на Версајската палата и летна резиденција на Хабсбуршката династија – замокот Schönbrunn (факултативен влез внатре во замокот).  Слободно време за индивидуална посета на замокот или золошката градина. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

ШЕСТИ ДЕН : ВИЕНА -БЕЛГРАД – Македонија

Пристигнување во еден од препознатливите центри на Балканскиот Полуостров – Белград, градот кој е рангиран на високо место во светот кога е во прашање квалитетот на ноќниот живот. Следува панорамски разглед на истиот со стадионот Маракана, куќата на познатата фолк пејачка Цеца, куќата на цвеќето каде што се наоѓа гробот на претседателот на Југословенската држава – Јосип Броз Тито, христијанскиот храм Св. Сава, хотелот Москва, плоштадот на Републиката, најпознатата монденска улицата кнез Михајлова, калето Калемегдан. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Во доцните попладневни часови следува заминување кон Македонија.

СЕДМИ ДЕН: Македонија

Пристигнување во Македонија во вечерните часови.