• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

БУДВА – Дочек на Нова Година 2019

1 ДЕН 29.12.2018 – САБОТА
Поаѓање во вечерните часови. Патот не води преку Косово и Албанија. Ноќно возење.

2 ДЕН 30.12.2018 НЕДЕЛА
           
Пристигнување во Будва во предпладневните часови. Сместување во апартмани. Moжност за факултативна посета на прекрасниот Дубровник. Покрај модерната архитектура, големите булевари и плоштади во Дубровник се зачувани и голем број на историски вредни градби. Вечерта организирана забава  во еден од познатите клубови во Будва. Ноќевање.

 

3 ДЕН 31.12.2018 ПОНЕДЕЛНИК
            Слободно време и подготовка за Новогодишната вечер. Вечерта организиран Дочек на Новата 2019 година во еден од познатите клубови. Ноќевање.

 

4 ДЕН 01.01.2019. – ВТОРНИК

Напуштање на апартманите. Слободно време за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на стариот град, бројните кафулиња и ресторани. Поаѓање за Скопје.

Сместување Услуга 1/2 1/3 1/4
Вила АНИТА Превоз + сместување 69€ 59 59€
Вила ТУЛИП Превоз + сместување 69€ 59 59€

 

Навистина одлична можност за добар провод и влегување во новата 2019 година.

Oпис на сместувњето:

Вилата Анита се наоѓа на 200 метри од главната Словенска плажа со одлична локација на само 10-ина минути од автентичниот историски центар во стариот град. Се наоѓа на самата главна сообраќајница во градското подрачје. Сите соби имаат ТВ, фрижидер, сопствен тоалет и тераса. Трокреветните и четворокреветните соби поседуваат и мини кујна.

 

ВИЛА ТУЛИП поседува одлична локација во Будва што ја прави супер избор за сите оние кои сакаат да уживаат во убавините на градот. Оддалечена е само 350 метри од централното подрачје каде се сместени голем број на ресторани, кафулиња и хотели, а на само 500 метри од големата Словенска плажа која со пријатната медитеранска клима знае да придонесе за одлично уживање и во зимските месеци.

Вилата поседува двокреветни и трокреветни соби кои се опремени со мини кујна.

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

 

  • Комплетна организација со водич на патувањето;
  • 2 ноќевања- Вила Анита во Будва;
  • Превоз со модерни туристички автобуси (клима, wc, tv, видео);

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Факултативни излети;
  • Патничко и здравствено осигурување;
  • Задолжителна туристичка такса кон општината – 1 евро по ноќ;
  • За сопствен превоз се одбива 10 евра од аранжманот;

The map is updating ...