• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

БУДВА – Spring Break 2019

 

SPRING BREAK 2019

БУДВА

ТЕРМИН: 30.04 – 03.05.2019

Рапсоди Травел ја продолжува традицијата за организирање на најдобри првомајски патувања, затоа оваа година нашата база е во Црна Гора, во центар на забавата на црногорското приморје – БУДВА. Ве водиме во едно од најпопуларните јадрански летувалишта, воедно и најпознато место на Јадранот за ноќен живот до многубројни барови и ноќни клубови. Сонце, море, плажа, прекрасна атмосфера и илјадници млади од целиот Балкан оваа пролет ќе ја направат Будва центар на забавата! Затоа, заборавете на испитите, книгите и останатите обврски, само спакувајте добра енергија и расположение и придружете ни се на НАЈГОЛЕМОТО ПРВОМАЈСКО ПАТУВАЊЕ.

1 ДЕН (30.04. ВТОРНИК) СКОПЈЕ – БУДВА

Поаѓање со групата од Скопје во однапред договорено место и време. Возење со високо туристички автобуси на релација Скопје – Косово – Албанија – Будва.
Пристигнување во Будва во раните утрински часови, запознавање со местото и сместување во одбраните сместувања. Она што следува е нашата прва во низа забави, односно WELCOME PARTY. Одлична забава за меѓусебно запознавање, дружба, забава проследена со одлични коктели во еден од најпознатите барови на Словенската плажа.
Следува слободно време за одмор, индивидуални активности и секако припремање за нашата прва ноќна забава со настап на еден од најпопуларните регионални изведувачи. Ноќевање.

2.ДЕН (01.05.2019 СРЕДА) БУДВА – ТИВАТ – КОТОР

Во утринските часови заминување на факултативен излет со локален водич во Тиват и Котор. Посета на најраскошната и најбогата “Yacht marine” на Јадранот, а по посетата на Тиват, планирана е и посета на Котор.Помеѓу Тиват и Котор ќе имате можност да приметите неверојатен контраст на современата архитектура и историски градби кои и ден денес гордо и недопрено стојат во Котор и покрај фактот дека Котор низ историјата бил многу често напаѓан. Посета на старото медитеранско пристаниште во Котор кое е опкружено со инпресивните градски ѕидини. Измеѓу 1420 и 1797 година, Котор со околината припаѓал на Венеција, па венецијанската култура оставила голем траг врз градската архитектура во Котор.
По завршувањето на посетата на Тиват и Котор, следува враќање во Будва каде што продолжува забавата со нашата втора дневна забава. Нова забава, нова тема, нова енергија…Забава и дружење до доцните попладневни часови. Време за одмор и подготовка за спектакуларна ноќ и настап на уште една голема музичка звезда. Ноќевање

3.ДЕН (02.05.2019 ЧЕТВРТОК) БУДВА –  ДУБРОВНИК

Во утринските часови заминување на факултативна посета на Дубровник со локален водич, кој ке не прошета ни Дубровник, ќе ни ја покаже црвката Св.Влах, големата Онофријева чешма, Ловрјенац, градската врата и други познати знаменитости. Од градските ѕидини се пружа незаборавен поглед кон островот Локрум и преубавото Јадранско море…
По враќањето од Дубровник очекува уште една, трета во низа дневна забава во еден од најпознатите барови на плажа во Будва! Дружење и забава до доцните попладневни часови, но темпото не смее да застане бидејки во вечерните часови не очекува феноменална забава со која треба да го затвориме овогодинешниот SPRING BREAK, со незборавна атмосфера и енергија за која ке се погрижи една од најпопуларните музички звезди на овие простори! Ноќевање.

4.ДЕН (03.05.2019 ПЕТОК)

Напуштање на сместувањата во однапред договорено време. Поаѓањето назад кон Македонија е планирано веднаш по напуштањето на сместувањата. Пристигнувањето на групата назад во Скопје е планирано во доцните вечерни часови, во зависност од попатните паузи и граничните регулативи.

                                                                                             

ЦЕНА: ОД 49

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Комплетна организација на патувањето, пратител на групата за целото време на патувањето.
  • Превоз со високо туристички автобуси (AC,  TV, VIDEO…).
  • 3 ноќевања во една од избраните вили во Будва.

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Факултативни излети.
  • Патничко здравствено осигурување.
  • Туристичка такса – 1€ по ноќ

 

Сместување Услуга 1/2 1/3 1/4 1/5
VILA FRANETA NA

 

JOVANA STUDIO

 

NA 49 49 / /
VILA IVA NA 49€ 49€ / /
VILA LAKI NA 49€ / / /

 

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО:

VILA IVA – Сите студија/апартмани во вилата Ива се климатизирани, поседуваат ТВ, балкон, сопствен тоалет…Во склоп на вилата се наоѓа и сопствен паркинг како и ресторан кој е наменет за гостите на вилата. Во непосредна близина се наоѓаат 2 продавници, трафика и останати услужни објекти. Вилата е одалечена околу 1км од морето и 2км од стариот град.

 

 

VILA LAKI – На 800м од Словенската плажа се наоѓа вила Лаки која располага со сместувачки капацитет од околу 30 легла кои се распоредени во двокреветни и четворокреветни соби, односно апартмани. Сите соби и апартмани се опремени на високо ниво. Вилата поседува и сопствен паркинг.

 

VILA FRANETAАпартманите Франета се наоѓаат близу самиот центар во Будва, во куќата измеѓу хотелот Blue star и Loza во чија близина се наоѓа ресторан. Исто така тука има и пицерија, како и пекара каде што секогаш можете да јадете нешто топло и вкусно. Покрај тоа, во непосредна близина односно на 15 метри има и маркет.
Собите во ова сместување имаат или два стандардни кревети или еден брачен и комплетно се опремени со постелнини и пешкири. Секоја соба има сопствено купатило, фрижидер, ТВ и клима.

 

 

 

JOVANA STUDIOВо строгиот центар на Будва, во непосредна близина на хотелот Loza и автобуската станица, се наоѓа вилата Јована. Сместена е на 300 метри од Јадранското море, со што претставува идеално место за одмор и уживање.
Вила Јована располага со капацитет од 25 легла кои се распоредени во двокреветни и трокреветни студија. Сите соби поседуваат сопствено купатило, мини кујна, ТВ и клима.

 

 

The map is updating ...