• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

СОФИЈА – ДОЧЕК НА НОВАТА 2020 ГОДИНА

СОФИЈА

ДОЧЕК НА НОВАТА 2020 ГОДИНА

 

Откриена уште пред 7000 години п.н.е.од тракиските племиња и окупирана од Отоманската империја, Софија е еден од најстарите градови во Европа и обележја од изминати историски периоди може да се видат насекад,од приземјата на хотелите до бучните подруми на метро станиците. Софија има 16 универзитети и студентски град.Најпрестижен е универзитетот Св.Климент Охридски, основан во 1988 година.

Оваа метропола има голем број на цркви, меѓу кои позначајни се црквата Св.Ѓорѓи, Cв.Софија, катедралата на Александар Невски и Спа Баши Џамијата. Шопингот во Софија е мешавина од старо и ново.Овде познатите модни имиња се испреплетуваат со антиквитетите што се продаваат на улиците и се одлика на традицијата и обичаите во оваа земја.Ноќниот живот е меѓу најдобрите во Европа каде ќе сретнете модерни и традиционални ресторани, ноќни клубови и барови.

Како бугарска убавица, Софија ќе биде Ваш домаќин на незаборавни моменти оваа зима.Поради нејзината убавина, мотото на градот е: ” Софија старее и се разубавува”.

 

1 ДЕН (30.12.2019 Понеделник)
Поаѓање за Софија во 06:00 часот. Пристигнување во Софија околу пладне.Организиран разглед на градот со локален водич,градскиот плоштад, Цумот, Парламентот, Националниот и историски музеј, црквите Ротонда, Св. Софија, Св. Недела, Руската црква, Храмот Александар Невски со дванаесетте позлатени куполи, Дворецот на културата. Сместување во хотел. Одмор и индивидуални активности. По одморот, прошетка во центарот на Софија и опуштање во некој од рестораните или баровите. Ноќевање.

 2 ДЕН (31.12.2019 Вторник)
Појадок. Разглед на другиот дел од градот  и прошетка во Bulgaria Mall кој се наоѓа на 500 метри оддалеченост од хотелот.Тука ќе сретнете брендови како Desigual, Tom Tailor, Benetton, Liu Jo,Guess и многу други. По разгледот, време за одмор. Во вечерните часови се упатуваме кон центарот за да ја прославиме НОВАТА 2020 ГОДИНА на некој од плоштадите или во дискотека ( факултативно). Ноќевање.

3 ДЕН (01.01.2020 Среда)
Појадок. Напуштање на хотелот во 10:30 часот. Организирана посета за шопинг на PARADISE CENTER, IKEA, RING MАLL и DECATHLON. Во 17:00 часот поаѓање за Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови

 

Сместување Услуга 1/2 1/3 1/4
Хотел Акорд 3* Превоз + сместување 79€ 69€
Хотел Феста 4* Превоз + сместување 85

*Цените во табелата се однесуваат по лице

 

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високо туристички автобус,
  • Разглед со локален водич,
  • 3 дена/2 ноќевања во избраниот хотел на база В/В (ноќевање со појадок),
  • Организирана посета на PARADISE CENTER, IKEA и RING MАLL,
  • Придружник и организација на патувањето

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса 2 евра по лице за двете ноќевања
  • Индивидуални трошоци  

 

Опис на сместување:

  1. Хотел Феста 4****

http://www.festahotels.com/bg/hotels/festasofia

 

2. Хотел Акорд 3***

http://hotel-akord.com/

 

The map is updating ...