• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

ДУБАИ 2019

 Креирај ги индивидуално термините на твоето патување за 4 / 7 ноќевања

Хотел CASSELS AL BARSHA 4* за само 499 / 639 евра

Дополнително голем избор на хотели

 1 ДЕН – СКОПЈЕ – ДУБАИ

Состанок на групата во однапред договорено време, 2 часа пред летот. Полетување кон Дубаи. Следува пристигнување и по пречекот од нашиот партнер од локалната компанија следува трансфер кон избраниот хотел. Сместување. Ноќевање.

2 – 4 / 7 ДЕН ДУБАИ

Следуваат денови за вистинско уживање и релаксација во овој град од бајките со сите негови познати и препознатливи знаменитости како: Burj Kalifa, Dubai Mall, Dubai Marina, Madinat Jumeirah, познатата палма, Ski Dubai… Вашиот престој може дополнително да биде збогатен со факултативни излети кои ќе ја оформат вашата вистинска слика за ова прекрасно место:

***ДУБАИ ТУРА ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД НА ГРАДОТ ОД 4 ЧАСА
ПРЕТПЛАДНЕ ПОСЕТА НА MIRICLE GARDEN – ОПЦИОНО ФАКУЛТАТИВНО неверојатно голем простор кој се наоѓа во сред пустина. Вистинска оаза!!! Различни форми, големини, фигури направени од цвеќе. За лицата кои ја немаат земено оваа дополнителна екскурзија, слободно претпладне.
***ГРАДСКА ТУРА ДУБАИ – Попладне започнува нашата полудневна традиционална градска тура и разглед на Дубаи. Прекрасна можност да го видите традиционланиот град и модерниот Дубаи. Нашата тура започнува со возење кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратка фотосесија пред хотелот Atlantis. Продолжуваме со возење кон прекрасната џамија Jumeirah Mosque, изградена  во 1979 во традиција и стил на познатите џамии од Египет. Нашата тура не носи кон стариот дел од градот, каде попатно ги гледаме импресивните палати каде живее владеачката фамилија шеици на Дубаи и продолжуваме кон Дубаи крикот. Со водичот го посетуваме Музејот на Дубаи и тврдината Al Fahidi, која е скоро два века стара и е познат споменик во Дубаи и која го илустрира минатото на Дубаи. Потоа го посетуваме познатиот пазар на злато и зачини, каде ве очекува ценкање и забавен шопинг. Одиме кон продавници за сувенири, каде ќе имате време да купите антиквитети, сувенири или занаетчиски работи. Нашата тура завршува кај познатиот хотел Burj Al Arab, каде ќе можете да се фотографирате пред хотелот на места за застанување за фотографирање. Се фотографираме на кај кај DUBAI MALL и BURJ KALIFA и турата завршува кај разиграните фонтани. Во вечерните посета на ***Burj Khalifa ОПЦИОНО СО ДОПЛАТА – највисоката зграда во светот од 828 метри. Уникатно архитектонско чудо, кое ќе Ви одговори на прашањето како изгледа Дубаи, пустината и океанот од 124 кат …Во неа можете да посетите и некој од ексклузивните ресторани и барови.

*** ПОПЛАДНЕ ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА – ОПЦИОНО ФАКУЛТАТИВНО (од 15 часот до 21 часот)
Во попладневните часови Ве земаме од Дубаи со jeep 4×4, одиме кон Hatta и Oman и кога ќе видите дека ги напуштате границите на урбанизираниот град, набрзо ќе се најдете во пејсаж со пустински предели. Одиме со џипот по див пат off-road и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини и вози кон планината Hajar. По краткиот одмор, продолжуваме со вожњата по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини, ставајќи се во костец со тешкиот терен за возење во една многу адреналинска тура. На крај пристигнуваме на фарма за камили на краток одмор и како што полека заоѓа сонцето, се паркираме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одиме кон нашиот камп во пустина. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода се вклучени во цена), жена која црта со кна може да Ве нацрта со традицопнални арапски мотиви по рацете. За оние кои сакаат да јаваат камили, иситите им се на располагање во кампот.  

***ЦЕЛОДНЕВНА ТУРА АБУ ДАБИ – ОПЦИОНО ФАКУЛТАТИВНА. НАВЕЧЕР КРСТАРЕЊЕ по каналот или марината (со вклучена вечера)– ОПЦИОНО ФАКУЛТАТИВНА

5 / 8 ДУБАИ – СКОПЈЕ

Полетување од аеродромот во Дубаи во утринските часови. Слетување во Скопје во пладневните часови

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Повратен авионски билет на релација Скопје – Дубаи – Скопје со FLYDUBAI со вклучен рачен багаж 7 кг., како и чекиран багаж 20 кг.
  • Трансфер на релација аеродром – хотел – аеродром
  • 4 или 7 ноќевања во избран хотел / тип на соба / на база на ноќевање со појадок согласно наведената услуга
  • Организација и реализација на патувањето
  • Аеродромски такси

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Влезна виза за Дубаи – 85 евра
  • Патничко и здравствено осигурување
  • Факултативни излети
  • *** Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот

***Туристичка такса само во Дубаи (Tourism Dirham, по одлука на DTCM, а број D/000/152/187 од 05.12.2014) која се плаќа од 31.03.2014 година на рецепција во хотел на лице место при check in или при check out 2 – 4 по соба по ноќ согласно категоризацијата на хотелот и тип на соба)

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

  • Уплатата е во денарска противредност по продажен курс 62,00

Цената е гарантирана само за уплата на целиот износ. Во спротивно, гарантиран е износот на аконтација, а остатокот е подложен на плаќање.

 НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

  • Во готово – уплата на аконтација од најмалку 50% од вкупната цена на аранжманот при резервација, остатокот најдоцна до 15 дена пред тргнување
  • Кредитни картички
  • Уплата преку фактура

Важни напомени и доплати за авион за дополнителен број на лица:

 Максимален број на лица во двокреветна соба со две возрасни. Постои можност во собите да се постави едно дополнително легло како помошен кревет за дете или 3 возрасно лице СО ДОПЛАТА со што се намалува комодитетот на собата. Цената на дополнително легло за возрасен или дете – НА БАРАЊЕ

*Check in во хотелите е после 14 часот, а check out најдоцна до 12 часот. Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот, директно од страна на странката.

Сите оброци во хотелите се на база на шведска маса (самопосложување)

 ВАДЕЊЕ НА ВИЗА:

  • Потребни документи за виза: скенирана фотографија / пасош и потребни податоци за патниците
  • За добивање на виза за ОАЕ потребна е при резервација да го донесете пасошот (валиден минимум 6 месеци од датумот на враќање) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат (скенирани првите 2 страни од пасошот на кои се наоѓаат податоците на патникот, како и слика со димензија за пасош )

Доколку ги скенирате истите ги праќате на маилот: collegiummkd@gmail.com

Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на визата од страна на имиграционото одделение на ОАЕ. Постои можност имиграционото одделение да побара дополнителни документи во зависност од поединечни случаи.

Доколку патничот не добие виза парите не се враќаат.

НАПОМЕНА – Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Можна е промена на саатниците на полетување и слетување на авионот во Скопје и Дубаи согласно промена дирекно од авио компанијата. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата на превозниците. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

ГИ МОЛИМЕ ПАТНИЦИТЕ ДА ГО ПРОВЕРАТ ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ДВА ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).

Важат општите услови на патување на АТАМ и Рапсоди травел

The map is updating ...