• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

ДУБАИ

ДУБАИ 2019

27.0402.05

ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ – 569 ЕВРА

АВИОН + АЕРОДРОМСКИ ТАКСИ + ТРАНСФЕР + 5 НОЌЕВАЊА ВО ДУБАИ СО ПОЈАДОК GRAND EXCELSIOR AL BARSHA 4* + ВОДИЧ

Ограничен број на места

Најниска цена за најдобра локација на хотел по лице во двокреветна соба.

Програмот ќе се реализира со минимум 15 лица

 Програма на патувањето:
6 дена/5 ноќи – авиокомпанија “FLY DUBAI” 

1 ден СКОПЈЕ-ДУБАИ.
Полетување на авионот за Дубаи во 13.50 часот (FZ792). Слетување во Дубаи во 20.45 часот (варијабилни саатници согласно политика на авио компанија). Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.

2 -5 ден ДУБАИ – слободен ден за индивидуални активности или организирање на факултативни екскурзии. 
Сместување во избраниот хотел на база наведената услуга, наутро инфо состанок и слободно време претпладне за индивидуални активности.

ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА – ПОПЛАДНЕ ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА 
Во попладневните часови Ве земаме од Дубаи со jeep 4×4, одиме кон Hatta и Oman и кога ќе видите дека ги напуштате границите на урбанизираниот град, набрзо ќе се најдете во пејсаж со пустински предели. Одиме со џипот по див пат off-road и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини и вози кон планината Hajar. По краткиот одмор, продолжуваме со вожњата по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини, ставајќи се во костец со тешкиот терен за возење во една многу адреналинска тура. На крај пристигнуваме на фарма за камили на краток одмор и како што полека заоѓа сонцето, се паркираме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одиме кон нашиот камп во пустина. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода вклучени во цена), жена која црта со кна може да Ве нацрта со традицопнални арапски мотиви по рацете. За оние кои сакаат да јаваат камили, иситите им се на располагање.

ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ – ГРАДСКА ТУРА Дубаи City tour 
После доручекот, започнува нашата полудневна традиционална градска тура и разглед на Дубаи. Прекрасна можност да го видите традиционланиот град и модерниот Дубаи. Нашата тура започнува со возење кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратка фотосесија пред хотелот Atlantis. Продолжуваме со возење кон прекрасната џамија Jumeirah Mosque, изградена во 1979 во традиција и стил на познатите џамии од Египет. Продолжуваме да возиме кон автопатот Sheikh Zayed road, за да ја видиме кулата Burj Khalifa, највисоката зграда во светот, ја гледаме панорамски. Нашата тура не носи кон стариот дел од градот, каде попатно ги гледаме импресивните палати каде живее владеачката фамилија шеици на Дубаи и продолжуваме кон Дубаи крикот. Со водичот го посетуваме Музејот на Дубаи и тврдината Al Fahidi, која е скоро два века стара и е познат споменик во Дубаи и која го илустрира минатото на Дубаи. Потоа го посетуваме познатиот пазар на злато и зачини, каде ве очекува ценкање и забавен шопинг. Одиме кон продавници за сувенири, каде ќе имате време да купите антиквитети, сувенири или занаетчиски работи. Нашата тура завршува кај познатиот хотел Burj Al Arab, каде ќе можете да се фотографирате пред хотелот на места за застанување за фотографирање. Враќање во хотелот.

ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ –НАВЕЧЕР КРСТАРЕЊЕ Dhow Cruise 
Во вечерните часови dhow cruise creek – крстарење по крикот со вечера. Не постои подобар начин да се искуси и види стариот Дубаи од разгледот од палубата на бродот за време на Вашњето крстарење по крикот. Искусете ги звуците, вкусовите и погледот на Крикот преку традиционалните бродови на Дубаи што крстарат по него. Трансфер до делот Bur Dubai Creek за да се качите на традиционалните дрвени бродови за крстарење, со помош на на таканаречените abras или водени такси, кои возат низ крикот, потоа го гледате Dubai Creek Golf Club и останатите згради во оваа област. Вечерата е шведска маса со избор на јадења од арапска кујна (не е вклучен пијалок).

ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА – ЦЕЛОДНЕВНА ТУРА АБУ ДАБИ. 
Излетот почнува од Дубаи,се поминува пристаништа во Jabel Ali, а потоа низ пустината пикрај обала до Абу Даби.Тој е главен и административен град на ОАЕ.Познат е по многуте луксузни вили и палати покрај обалата и големиот број на острови.Нашата тура почнува со посетата на Sheikh Zayed Grand џамијата, една од најубавите џамии во светот.Службено е отворена во 2007 година за време на исламскиот месец Рамадан. Името го добила по шеикот Зајед бин Султан Ал Нахјан основач и првиот претседател на ОАЕ,кој е закопан во оваа џамија.Мозе да прими 40000 верници а главниот двор 9000.Двата двора до главниот двор се само за жени и можат да соберат по 1500 верници.Џамијата 4 минариња и 4 агли на џамијата кои се издигнуваат до 115 метри.Таа има 57 куполи кои се украсени со мермер.Дворот е поплочен со цветен мермер и има површина од 17000м2. Нашата тура ја продолжуваме кон Emirates Palace,најлуксузниот хотел на светот (има официјално 7*).После ручекот во Абу Даби одиме кон Saadiyat island каде во иднина ќе се наоѓа Louvre Abu Dhabi и Guggenhiem музеј потоа продолжуваме до Јас островот каде се наоѓа најголемиот тематски парк на светот Ferrari World и формула1 патеката.НАПОМЕНА Доколку сакате да ја посетите џамијата морате прикладно да се облечете,што подразбира долги панталони, долги ракави,а за жените е обавезна марама.

ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА – ОПЦИОНО ИНДИВИДУАЛНО –
Во вечерните посета на Burj Khalifa – највисоката зграда во светот од 828 метри. Уникатно архитектонско чудо, кое ќе Ви одговори на прашањето како изгледа Дубаи, пустината и океанот од 124 кат …Во неа можете да посетите и некој од ексклузивните ресторани и барови. Посета на DUBAI PARKS & RESORTS – ИНДИВИДУАЛНО (на барање). Најновата атракција во Дубаи – забавен парк кој се состои од неколку тематски парка (Motiongate/ Bollywood Parks Dubai/ Legoland Dubai/ Legoland Water Park).

6 ден ДУБАИ-СКОПЈЕ.
Во раните утриснки часови трансфер на аеродром. Полетување на авионот од Дубаи во 09.10 часот (FZ791). Слетување во Скопје во 12.45 часот (варијабилни саатници согласно политика на авио компанија).

 

Цената е за целосна 50% уплата при резервација , без право на промена на име или отказ.

                 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Повратен авионски билет на релација Скопје – Дубаи – Скопје со FLYDUBAI со вклучен рачен багаж 7 кг., како и чекиран багаж 20 кг.
  • Трансфер на релација аеродром – хотел – аеродром
  • 5 ноќевања во избран хотел / тип на соба / на база на ноќевање со појадок согласно наведената услуга
  • Организација и реализација на патувањето
  • Аеродромски такси
  • Полудневен разглед на Дубаи со неговите знаменитости со лиценциран водич на српски јазик

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

*** Влезна виза за  Дубаи   – 85ЕУР по лице

*** Патничко и здравствено осигурување

*** Останати иднивидуални трошоци

 *** Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ

  1. Deluxe Dhow Cruise Creek – 40 еур/ лице или Deluxe Dhow Cruise Marina – 65 еур/ лице
  2. Desert Safari – 45 еур/ лице
  3. Dubai City Tours – 25 еур/ лице
  4. Abu Dhabi City Tours – 65 еур/ лице
  5. Normal Hours: Burj Khalifa At the Top – 45 еур/ лице

ПАКЕТИ СО ПОПУСТИ:

1+2+3 = 90 евра

2+3+4 = 120 евра

2+3 = 60 евра

1+3 = 50 евра

1=2 = 65 евра

1+2+3+4 = 150 евра

 

 

***Туристичка такса само во Дубаи (Tourism Dirham, по одлука на DTCM, а број D/000/152/187 од 05.12.2014) која се плаќа од 31.03.2014 година на рецепција во хотел на лице место при check in или при check out 2 – 4 по соба по ноќ согласно категоризацијата на хотелот и тип на соба)

Во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми

 

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

  • Уплатата е во денарска противредност по продажен курс 62,00

Цената е гарантирана само за уплата на целиот износ. Во спротивно, гарантиран е износот на аконтација, а остатокот е подложен на плаќање.

 НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

  • Во готово – уплата на аконтација од најмалку 50% од вкупната цена на аранжманот при резервација, остатокот најдоцна до 15 дена пред тргнување
  • Кредитни картички
  • Уплата преку фактура

Важни напомени и доплати за авион за дополнителен број на лица:

Максимален број на лица во двокреветна соба со две возрасни. Постои можност во собите да се постави едно дополнително легло како помошен кревет за дете или 3 возрасно лице СО ДОПЛАТА со што се намалува комодитетот на собата. Цената на дополнително легло за возрасен или дете – НА БАРАЊЕ

*Check in во хотелите е после 14 часот, а check out најдоцна до 12 часот. Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот, директно од страна на странката.

Сите оброци во хотелите се на база на шведска маса (самопосложување)

 ВАДЕЊЕ НА ВИЗА:

  • Потребни документи за виза: скенирана фотографија / пасош и потребни податоци за патниците
  • За добивање на виза за ОАЕ потребна е при резервација да го донесете пасошот (валиден минимум 6 месеци од датумот на враќање) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат (скенирани првите 2 страни од пасошот на кои се наоѓаат податоците на патникот, како и слика со димензија за пасош )

Доколку ги скенирате истите ги праќате на маилот: collegiummkd@gmail.com

Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на визата од страна на имиграционото одделение на ОАЕ. Постои можност имиграционото одделение да побара дополнителни документи во зависност од поединечни случаи.

Доколку патничот не добие виза парите не се враќаат.

НАПОМЕНА – Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Можна е промена на саатниците на полетување и слетување на авионот во Скопје и Дубаи согласно промена дирекно од авио компанијата. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата на превозниците. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

ГИ МОЛИМЕ ПАТНИЦИТЕ ДА ГО ПРОВЕРАТ ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ДВА ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).

Важат општите услови на патување на АТАМ и Рапсоди травел

The map is updating ...