• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

ФИЛИПИНИ

Филипини

  15.12.2018 – 27.12.2018

Далечни џунгли, високи планини, песочни плажи, тиркизно зелено море и бесконечно корални гребени. Земја со преку 100 етнички мешавини и странски влијанија обликувани во единствена култура. Смарагдни полиња ориз, мегалополиси, вулкани и насмеани жители. Траги од шпанската колонијална ера, бујни градски празнувања, единствена шпанско-филипинска архитектура, американско влијание на широко распространетите центри за брза храна. Земја толку исполнета со контрасти и мешавини на влијание од надворешниот свет, а сепак своја и единствена. Архипелаг со преку 7000 магични острови. Филипините се сѐ тоа и уште многу повеќе! Запознајте нови луѓе од целиот свет, свои истомисленици, и забавувај се во текот на целото патување. Направи ова да биде патување за паметење!

1. Сабота 15.12.2018, Полетување – нека започне авантурата
Собирање на патниците на аеродромот „Никола Тесла“ 2 часа пред полетувањето. Лет за Манилу со трансфер во Доха. (Лет бр. QR 0232)

2. Недела 16.12.2018, Бисер на Ориентот
Во главниот град на Филипини – Манила, слетуваме во попладневните часови. Се упатуваме кон сместувањето. По одморот, тргнуваме во разглед на поранешната шпанска колонија: Светски трговски центар Манила, Центар на филмоти, Меѓународен конгресен центар на Филипини, Кокосовата палата, Градскиот музеј, Музеј на парите, Променада, Католичката црква Малате. Слободно време. Ноќевање.

3. Понеделник 17.12.2018, Лет во рајот
По доручекот ги пакуваме работите о продолжуваме во разглег на „Бисерот на Ориентот“: Паркот Ризал, Градините Puerta Real, Црквата San Augustin, Градската куќа, Катедралата Манила, Fort Santiago. Се враќаме во хотелот, ги земаме работите и тргнуваме кон аеродромот. Лет од Манила на островот Palawan. Слетуваме во Puerto Princesa и трансферот го продолжуваме до сместувањето во гратчето El Nido на северниот дел од островот. Уживање. Слободно време. Ноќевање.

4. Вторник 18.12.2018 – 25.12.2018 (8 ноќевања), Остров на карпите и кристалните води
Островчето Palawan сместено во Јужното Кинеско море, е едно од најубавите островчиња на Филипини, со преку 2000км бескрајно убави плажи. На островот се наоѓаат голем број загрозени видови на билки и животни, така што целиот остров е под заштита на UNESCO. Времето за уживање почнува!  Безброј преубави плажи, феноменално море, тропска клима, нереална природа, скриени карпи, реки, езерца, вкусна храна, интересна историја, драги, љубезни и насмеани луѓе. Организирање на факултативни излети и активности преку кои ќе ги откриеме најскриените тајни на овој рајски остров и ќе уживаме во оваа авантура до последниот момент. Ноќевање.

11. Среда 26.12.2018, Разделба со Филипините
Го напуштаме El Nido и тргнуваме до аеродромот во Puerto Princesa. Лет за Манила (Лет бр. 5Ј 646). Се збогуваме со овој тропски рај со надеж дека повторно ќе се вратиме.

12. Четврток 27.12.2018, Слетување – крај на авантурата
Лет за Белград со трансфер во Доха (Лет бр. QR 0231). Во утринските часови стигнуваме во Белград, собираме впечатоци и се подготвуваме за нова егзотична авантура! Крај на програмата.

ЦЕНА: FIRST MINUTE – 1299€ (до 10.07.2018) 

РЕДОВНА      ЦЕНА – 1499€

 ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Авионски превоз со компанијата Qatar Airways на релација Белград – Доха – Манила – Доха – Белград, Манила – Puerto Princesa – Манила СО СИТЕ ТАКСИ и багаж од 23кг
  • Трансфери на релациите аеродром – хотел – аеродром, Puerto Princesa – El Nido – Puerto Princesa
  • Сместување во guest house на база на 11 ноќевања со појадок (бифе и континентален)
  • Комплетна организација и услуга од страна на претставниците на агенцијата, организатори на патувањето

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Виза за Филипини (се добива во Белград и потребно е да ја обезбедите најмалку 15 дена пред тргнување; ПОСТОИ МОЖНОСТ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ВИЗА ПРЕКУ АГЕНЦИЈАТА): 50$
  • Факултативни излети и влезници за културно-историските споменици
  • Индивидуални трошоци на патувањето
  • Меѓународно здравствено осигурување кое може да се набави во агенцијата, UNIQA патничко здравствено осигурување (19-70 години), покрива до 15000€, цена: 1363,69rsd ; покрива до 40000€, цена: 2552,81rsd.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ И КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ:

Leeson Residences, Manilla – Хотел со 3* во центарот на градот на 5-10 минути одење од голем дел на главните туристички знаменитости. Услугата е на база на ноќевање со појадок. Секоја соба поседува приватна бања, ТВ, брачен или два единечни кревети. Во хотелот се наоѓа ресторан и бар, а околу хотелот се наоѓаат голем број на продавници, пазари, кафулиња и барови.

Chislyk Cottages, El Nido – камп на самата плажа со приватни соби (бунгалови). Сите сместувања се двокреветни. Услугата е на база на ноќевање со појадок. Во кампусот се наоѓа бар, ресторан, приватна плажа, организирани вечерни дружења итн. Секоја соба располага со сопствена бања, ТВ, брачен или два единечни кревети. Како што кампот се наоѓа во близина на градот, продавници, сувенирници, банки, кафулиња и барови се на неколку минути одење.

Секој патник е одговорен за себе и има задача да ги следи инструкциите на локалниот водич и претставникот на агенцијата, кој е тука да внимава на безбедноста на патникот и да избегне било каква опасна ситуација. Освен тоа, единствена ваша одговорност е да уживате и да си поминете што поубаво!

ВИЗИЗа влез на територијата на Република Филипини на државјаните на Србија им се потребни визи. Потребно е визата да ја обезбедите најмалку 15 дена пред патувањето во Почесниот конзулат на Филипините во Белград и чини 50$ во динарска противвредност. Истите прописи важат и за државјани на Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Бугарија.

КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ

Водата на Филипини е безбедна за пиење, но се препорачува користење на флаширана вода. Од лекови со себе понесете си лекови за редовна терапија доколку ја примате, пробиотици, лекови за намалување на температура, против болки, односно лекови кои генерално ги носите со себе на патување.  Задолжително понесете си средство за сончање и средство против комарци.Ви препорачуваме здравствено осигурување. Здравството осигурување можете да го земете во агенцијата до 5 дена пред тргнување.Климата на Филипини е на границата на тропско-саванска и тропско-монсунска. Многу топли лета со многу малку паѓање и висока влажност на воздухот. Просечната максимална дневна температура е 29-33°С, ноќната околу 16-23°С. Температурата може и да падне, така што со себе задолжително земете и облека со долги ракави. Традиционалната исхрана опфаќа пилешко, говедско, свинско, ориз, зеленчук и овошје, а на морските плажи и морски плодови и риба. Уличната храна е безбедна, евтина, вкусна и достапна насекаде. Филипините се безбедна дестинација, но препорачливо е да се придржувате до одредени правила. Не се препорачува самостојно шетање во мракот и ноќта, во некои запуштени делови од Манила и островот, бидејќи пред сѐ се работи за сиромашни и неразвиени подрачја. Во подрачја со голема гужва особено да водите сметка за вашите лични работи, затоа што бројот на крадци е зголемен. Никако не седнувајте во автомобил со непознати лица, дури и ако се претставува како работник во хотелот. Видете сметка кога фотографирате, затоа што доколку сакате да фотографирате некој, задолжително морате да го прашате. Препорака е со себе да носите американски долари, но и еврата може да ги замените во сите менувачници и банки. Банкомати има насекаде, Филипините се рекордери по бројот на банкомати и плаќање со кредитни картички е можно скоро секаде. За дополнителни информации посоветувајте се со вашата банка и задолжително пријавете заминување во странство, за картичките да не ви бидат блокирани.

Нa Филипини не ви е потребен адаптер за приклучоци, а напонот е ист како и кај нас 220V.

The map is updating ...