• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

Грузија и Ерменија

Грузија и Ерменија

 

Постои легенда поврзана со настанокот на Грузија, велат дека кога Бог ја делел земјата на народи, Грузијците негде се веселеле и пиеле вино. Кога дошле до Бог сите земји веќе биле поделени. Бог ги прашал каде биле до сега , a они му одговориле дека наздравувале за него и се восхитувале на неговата креација. На богот му се допаднал одговорот па затоа им го дал најубавото парче земја кое било наменето за него. За настанокот на древното Ерменско Кралство постојат многу легенди oд кои на Ерменците им е најдрага онаа, дека ваш они се наследници на библискиот Ноа и неговите синови. Инаку легендата вели дека Ноевиот брод застанал на врвот на планината Арарат и дека Ное својата земја ја наменил за своите синови и потомци. Овој пат во земјата е од невистинска природа, феноменална историја, превкѕсна храна , земја во која е започнато производството на вино и на првата христијанска нација на светот. Запознај нови луѓе од целиот свет, свои истомисленици и забавувај се во текот на целото патување. Направи го ова патување да биде за памтење.

  1. ДЕН (Среда 23.05.2018) Полетување, нека започне авантурата.

Собирање на патниците на аеродромот Никола Тесла во Белград два часа пред полетување.Лет за Тбилиси со преместување во Истанбул (број на летот PC372).

  1. ДЕН (Четврток 24.05.2018) Слетуваме во Тбилиси

Во Тбилиси, град на Св. Џорџа и главен град на Грузија, слетуваме во раните утрински часови и после царинските формалности со трансфер поаѓаме кон смештајот. После одморот поаѓаме во обиколка на главниот град на Грузија и ден од најстарите градови во Европа. Плоштадот Слобода, Народниот театар, Мост мира, Староградско маало, Стара Синагога, Големата џамија, тврдината Нарикала, Монголско утврдување, Мајка Грузија, катедрала Сиони, Арапската четвртина, сумпорно купатило, боемската четвртина и уште многу од тоа што овој мал град со турбулентна историја може да понуди. После обиколката на главните знаменитости поаѓаме да уживаме во вкусовите на превкуснитата локална храна, факултативно излегување во некој од многубројните барови и кафичи. Преноќување.

  1. ДЕН (Петок 25.05.2018) Антика, христијанство и Стаљин

Ден резервиран за факултативен излет на западот од Грузија. После обиколката на црквата Св. Тројство на брдото над Тбилиси поаѓаме кон Mtskhetu некогашната престолнина на иберското кралство и центарот на Грузијската Православна Црква. Го обиколоуваме манастирот во кој по предавството е напуштено паганско верување, a Грузија опфатена 10 години пред указот на Милан, потоа го посетуваме манастирот Светитсховели од 11 век, најсветиот манастир на Грузијската Црвка во кој се се пее традицијата на Исус Христос. Продолжуваме со патувањето до едно од најстарите насекби во светот Uplistsikhe, град во кој е вграден сталагмитите чии што остатоци датираат уште неколку стотици милениуми пред новата ера.  По Uplistsikhea  одиме во Гора, родното место на Јосиф Висаринович Џугашвилија-Стаљин. Ја посетуваме неговата родна куќа, музеј, прочуениот воз на Стаљин и се запознаваме со животот на еден од најголемите светски диктатори, дознаваме како студент по теологија станува грабител на банка и како станува еден од најголем масовен убиец на светот, зошто се плашел од летање итн. После обиколката на Гора се враќаме во Тбилиси. Слободно време. Преноќување

  1. ДЕН (Сабота 26.25.2018) Во земјата на Ноевите потомци

Го напуштаме Тбилии и се возиме се до Ереван, црвениот град познат по својата убавина и црвените плочки со кои се украсени скоро сите згради во градот. Се возиме кон југот на Грузија и пристигаме до граничниот премин, ги завршуваме царинските формалности, ја добиваме ерменската виза и продолжуваме понатаму. Патем правиме кратки попатни паузи за одмор и фотографирање. Застануваме да ги погледнеме некогашните напуштени советски фабрики каде што денеска се наоѓаат домови на неколку десет ерменски семејства. Го посетуваме и меморијалниот комплекс на грузиската азбука и нејзиниот творец. Пристигаме во Ереван, град кој за својата лепота може да им се заблагодари на Русите кои со мешавината од Виена и Париз сакале да изградат најубав град во Советскиот Сојуз. Се сместуваме во хотел и по кратката пауза поаѓаме на вечерна прошетка кон градот. Слободно време. Преноќување.

  1. ДЕН (Недела 27.05.2018) Црвениот град

После доручекот поаѓаме на турнеја низ Ереван: Плоштадот на Републиката, Северната авенија, Националната опера и парк, Каскадата, плоштадор Азнавуров и московското кино, катедралата Св.Григориј, паркот на заљубените и познатиот Vernisaz buvljak. Поаѓање во некои од традиционалните ресторани каде што уживаме во превкусната кујна. Слободно време. Факултативно излегување во некои од многубројните џез барови на Ерван каде што ќе се сретнеме со феноменалната џез сцена. Преноќување. 

  1. ДЕН (Понеделник 28.05.2018) Јастреби на езеро

Поаѓаме на факултативен излет кон север, недалеку од Ерван. Пристигаме до најпознатите летувалишта во Ерван и до гланиот извор на водата за пиење.Езеро Севан, се наоѓа над 1900 метри надморска височина, најголемото слатководно езерво во државата и едно од седумте свети езера за Ермените. Во близина на брегот на езерото посетуваме едно мало село Норатус каде што има најголем број на јастреби во светот ( традиционални ерменски крстови- споменици). Посетуваме уште еден древен манастир Хајраванк на брегот на езерото во кој семејствата со векови доаѓале да се молат за с воите деца кои служеле во вооружените сили. Одиме до Севанаванскиот манастир на полуостровот и ги посетуваме урнатините на некогашната летна резиденција на древните кралеви. Уживаме во рибните специјалитети кои тука ги има во секое време во голема количина. Поаѓаме назад кон Ерван. Слободно време. Преноќување.

  1. ДЕН (Вторник 29.05.2018) Патот на верата

Стануваме рано, зимаме ланч пакети и поаѓаме на целодневен излет кон западниот и југозападниот дел на државата. Одиме до Еtchmiadzin-катедрала Мајка, седиштето на Светата Ерменска Апостолска црвка и најстарата кадетрала на светот. Ја посетуваме оваа древна катедрала која со векови попречувала време и освојувачи. Во складот на Еtchmiadzin се наоѓаат и некои од најголемите реквизити на христијанството – Лонгиновото копје со кое Исус Христот е прободен на крстот и главата на светиот Григориј Просветител. Го посетуваме манастирот Хрипсиме во кој ќе слушнеме интересни приказни за првите христијански аџии. Продолжуваме по патот и попладне пристигнуваме на планината Арарат, најсветата планина на сите ермени. Пристигнуваме во манастирот Хор Вирап, едно од најбитните места за христијанството во Ерменија. Во овој манастир бил затекнат Св. Григориј Просветител, светец заштитник на Ерменија и апостол кој тогаш паганската држава ја вратил во христијанска 30 години пред указот на Милан. Се спуштаме низ тесниот тунел и ја посетуваме малата ќелија каде што Св.Григориј поминал скоро 20 години. Одиме понатака кон југ, попат застануваме да купиме свежо овошје кои селаните го продаваат на автопат. Пристигаме во црвената клисура од која се вади црвениот камен со кој се украсени зградите во Ерван и се искачуваме на високиот врв каде што е сместен манастирот Нораванк, еден од најубавие ерменски манастири околу кој се наоѓаат  урнатините на летната резиденција и гробовите на кралското семејство Орбелиан. Правиме кратка пауза за ручек во некој од бројните етно ресторани покрај реката, а потоа поаѓаме кон малото село Арен – место каде што пред 7000 години за прв пат започнало производството на вино. Го посетуваме винскиот подрум, пробуваме од разните сорти на вино, коњак и ракија. Враќање во Ерван. Преноќување

  1. ДЕН (Среда 30.05.2018) Од паганизам во христијанство

Факултативен излет недалеку од Ерван. Го посетуваме храмот Гарни, еден зачуван грчко-римски пагански храм во целиот бивши Советски сојуз. Продолжуваме понатака и после 20 минути возење пристигнуваме до манастирскиот комлекс Geghard(свето копје). Манастирскиот комплекс е направен од стени големи планински венци и потполно е обезбеден во случај на напад од странски освојувачи. Во самите стени се наожаат неколку мали цркви, простории за секојдневните животи на монасите и чист планински извор на водата за пиење. Ваква ориентација на манастирите, како и изворот на вода за пиење допринеле секоја изградба на манастир да заврши неуспешно. Во манастирот се наоѓало Лонгиновото копје кое покасно било преместено во Еtchmiadzin катедралата. На враќање кон Ерван застануваме во едно мало домаќинство во кое учиме како се прави традиционален ерменски леб. Враќање во Ерван. Слободно време. Преноќување.  

  1. ДЕН (Четврток 31.05.2018) Стариот живот на хајастан

Уште еден ден за запознавање со ерменската култура и традиција. Факултативен излет во етнолошкиот музеј на отворено каде што се запознаваме со сите детали на традиционалниот ерменски живот. Учиме ерменски танцови, песни, спремаме ерменска храна. Враќање во Ерван. Преноќување.

  1. ДЕН (Петок 01.06.2018) Ноевиот град

Слободен ден за уживање во т.н Париз. Прошетка по парковите и булеварите, уживање во традиционалната храна и пијалоци, шопинг. Преноќување.

  1. ДЕН (Сабота 02.06.2018) Назад во Сакартвело

Во утринските часови го напуштаме Ерван и се враќаме назад кон Грузија. После 6 часовно возење со паузи и цариснки формалности во касните попладневни часови пристигаме во Тбилиси, Слободно време. Преноќување.

  1. ДЕН (Недела 03.06.2018) Балкон Европа – Казбеги

После доручекот поаѓаме кон северниот крај на државата. Се возиме со стар воен автобус и ја посетуваме тврдината Ананури, стара гранична база на војводските и кралските семејства, ја посетуваме реката Арагва, правимте попатна пауза на видиковецот и пристигнуваме кон самата граница на Грузија и Русија. Пристигаме во градчето Stepantsminda каде што преминуваме во теренски возила и се возиме до црквата Св.Тројство во подножјето на врвот Казбеги. Црквата се наоѓа на врвот над селото и е опкружена со масивни планински венци кои секогаш се прекриени со снег. Планинариме, одмараме и уживаме во прекрасниот поглед. Враќање во Тбилиски. Слободно време. Преноќување

  1. ДЕН (Понеделник 04.06.2018) Покрај винскиот регион

Факултативен излет во регионот Kaheti на југоисточниот дел од државата, познат по светко прочуениот грузијски виноград и неговите вина. Пред винскиот регион одиме до самата граница со Грузија и Азербеџан и го посетуваме манастирскиот комплекс на Давид Гареџа познат и под името Ангели во пустина. Комплексот е направел во VI век. Се качуваме на врвот на висорамнината и уживаме во погледот на пустината во Азербеџан. Продолжуваме понатака и попат посетуваме манастирски комплекс Бодбе во кој е закопана Св. Нина најголемата светица на Грузијската црква. Пристигнуваме до градчето Сихнаги, пробуваме и купуваме надалеку познато грузијско вино. Враќање во Тбилиси. Преноќување.

  1. ДЕН (Вторник 05.06.2017)

Доручек. Слободен ден во Тбилиси. Факултативна обиколка на видиковецот на врвот на Тбилиси и уживање во погледот кон градот. Факултатувно одење во термалните купатила. Пакување на работите, одмарање за утрешниот лет, Преноќување.

  1. ДЕН (Среда 06.06.2018 ) Крај на авантурата

Во раните утрински часови поажаме кон аеродромот два часа пред полетување и летаме назад кон Белград со преместување во Истанбул (број на лет PC315)

ЕЦМИАЏИН – ХОР ВИРАП – НОРАВАНК – АРЕНИ

Посета на насветите места на Ерменската црква и на најстарите христијански манастири на светот. Посета на винската област и обиколка на најстарите винарии во кои пред 7000 години е започнато производството на вино. Цена: 40ЕУР

ЕТНОЛОШКИ МУЗЕЈ НА ОТВОРЕНО

Најдобар начи на запознавање со ерменската култура и традиција. Со помош на локалците учиме се што е поврзано со ерменската култура низ вековите, песни, музика, носија, храна. Цена: 30ЕУР

ГАРНИ – ГЕГХАРД

Од паганизам во христијанство. Посета на единствениот зачуван грчко – римски храм на целата територија на поранешниот Советски сојуз и посета на манастирскиот комплекс „Свето коље“ изграден во карпа во кој откриваме пагански обичаи кои се уште се применуваат во Ерменската црква. Цена: 20ЕУР

КАКХЕТИ

Регион надалеку познат по непрегледните винови лозја и вина со врвен квалитет, хајкинг до видиковецот над манастирот Давид Гареја од кој се пружа неверојатен поглед на Азербејџан, манастирот Бодбе, место на почивалиштето на св. Нина, светителката која ја покрстила Грузија, гратчето Сихнаги, центарот на винскиот регион. Цена: 40ЕУР

КАЗБЕГИ

Хајкинг по врвовите на моќниот Кавказ, гратчето Степантсминда, возење со теренски возила до Црквата на Светото тројство, во подножјето на врвот Казбеги. Цена: 35ЕУР

МТСКХЕТА – ГОРИ – УПЛИСТСИКХЕ

Обиколка на некогашната престолнина на Иберијското кралство и центарот на Грузиската православна црква, родното место на Јосиф Висарионович Џугашвилија – Сталин. Сталиновата куќа – музеј и град приклештен во карпите чии остатоци датираат неколку илјади години пред новата ера. Во цената на излетот се вклучени сите влезници за сите културно – историски споменици. Цена: 45ЕУР

СЕВАН

 

Едно од најпознатите летувалишта и најголемото слатководно езеро на скоро 2000 метри надморска височина. Манастир на полуостровот Севанаванк.

ЦЕНА: FIRST MINUTE – 739ЕУР (до 15.3.2018)

РЕГУЛАРНА ЦЕНА – 969ЕУР

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Авио превоз со компанијата Pegasus Airlines на релација Белград – Истанбул – Тбилиси – Истанбул – Белград, СО СИТЕ ТАКСИ и багаж до 20кг
  • Трансфери на релација аеродром – хотел – аеродром, Тбилиси – Јереван – Тбилиси
  • Смештај во хотелите на база 14 ноќевања со појадок
  • Комплетна организација и услуги од претставник на агенцијата – организатор на патувањето

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Факултативни излети и влезници за културно – историски споменици
  • Виза за Ерменија – се добива на граничниот премин (цена: 6еур)
  • Индивидуални трошоци на патувањето
  • Меѓународно здравствено осигурување

King Edward Hotel, Tbilisi

Хотел во центарот на градот, 1,5км оддалечен од Плоштадот на слободата и на 1км од стариот град. Се наоѓа во резиденцијален дел веднаш покрај претседателската палата. Сите соби се двокреветни (брачни и сингл кревети), секоја соба поседува ТВ со сателитски канали, бесплатен Wi-Fi, фен за коса и клипа уред. Некои од собите поседуваат и своја тераса. На гостите на хотелот на располагање им се и базенот и сауната. Услугата е на база на ноќевање со појадок. Во близина на хотелот се наоѓа претседателската палата, Црквата на Светото тројство, Ерменската четврт, метро станицата е на неколку минути пеш, Рајк паркот и мостот на мирот се на 5 – 10 минути пеш, како и жичарата која води до Нарикала.

Best Hostel Republic Square, Jerevan

Хотел во самиот центар на градот, на Плоштадот на републиката, на неколку минути пеш од сите главни знаменитости. На 2 минути од музичката фонтана, Градската куќа, Националниот музеј на Ерменија, и зградата на владата. Сите соби се двокревенти (брачни и сингл кревети), секоја соба поседува ТВ со сателитски канали, бесплатен Wi-Fi, фен за коса и клима уред. На гостите на хотелот на располаганје им се заеднички простории, а во холот на хотелот се наоѓа и банкомат. Услугата е на база на ноќевање со појадок.

The map is updating ...