• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

ИОС


ИОС 2018

ЛЕТО ЗА МЛАДИ

Иос –Најпопуларниот остров помеѓу младите. Токму и тие го нарекуваат Грчката Ибица. Единствениот остров на кој забавата трае 24 часа. Островот е едно од најубавите места во Грција, но сето тоа е зачинето со луди журки и забави. Кога присуствувате на овој остров, едноставно енергијата која тој ја носи, ве тера да се впуштите во уживање на она што го имате пред вас и без размислување да ги создадете најдобрите спомени кои самиот остров може да ги создаде. Тоа ја оправдува информацијата дека островот го посетуваат преку 30.000 млади во летната сезона од целиот свет, и на големо наше задоволство ќе биде посетено и од младите од Македонија. Не дозволувајте да ви прераскажуваат и да гледате слики како си поминавме, едноставно, впуштете се во ова што го нудиме само ние…

Покрај забавата, Иос важи и за остров кој е опколен со преубави плажи. Една од најстарите и најпопуларните плажи е Mylopotas, која е меѓу најубавите плажи на Егејското Море. Плажите на Иос, ќе ве остават без зборови и ќе направат да се чуствувате како да сте во рајот на земјата. Плажите се со ситен песок кои својата убавина ја споделуваат со кристално чистата вода. Едни од најпопуларните плажи на островот исто така се  Mylopotas, Manganari, Jialos и Koubaras. Колку и да продолжиме да ви го опишуваме ова преубаво место за журка и одмор нема да можеме да го доловиме она што го поседува островот кој е опколен со исто така најпопуларните острови: Миконос и Санторини (Mykonos,Santorini).

1 ДЕН.  (СКОПЈЕ – АТИНА)
Поаѓање во попладневните часови. Возење низ Македонија и Грција со попратни паузи.

2 ДЕН. (РАФИНА – ИОС)
Пристигнување на пристаништето Рафина, упатување кон Иос со траект. Пристигнување на Иос. Сместување.

2 – 9 ДЕН. (ИОС)
Престојот на овој остров никако нема да ве остави рамнодушни. Прекрасните плажи, богатата флора и фауна како и големиот број на барови на плажа, дискотеки и грчки таверни ќе се погрижат да го доживеете најлудото лето досега.

9 ДЕН. (ИОС – РАФИНА)
Напуштање на собите, слободно време за шопинг и релаксација. Упатување со траект кон пристаништето Рафина. Ноќно возење преку Грција и Македонија со попатни паузи.

10.ДЕН (СКОПЈЕ )
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

 

Сместување Тип на соба 11.07.2018-19.07.2018 18.07.2018-26.07.2018 25.07.2018-02.08.2018 01.08.2018-09.08.2018
 

SPYROS

1/2 239€ 249€ 259€ 239€
1/3 229€ 239€ 239€ 229€
 

ONARS

1/3, 1/4 229€ 239€ 239€ 229€
1/5, 1/6 199€ 209€ 209€ 199€

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Комплетна организација и пратител на патувањето
  • 7 ноќевања во одбраното сместување
  • Превоз со модерни туристички автобуси (КЛИМА, ТОАЛЕТ, ТВ, ВИДЕО)

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Факултативни излети
  • Задолжителна туристичка такса од 0,50 € од ден по лице
  • Билет за траект на релација Рафина – ИОС – Рафина (60€)
  • ЗАДОЛЖИТЕЛНО Патничко и здравствено осигурување – 350 денари

 

СМЕСТУВАЊЕ:

Вилата Spyros се состои од двокреветни и трокреветни соби. Секоја од собите поседува посебен тоалет, фрижидер, клима и балкон.  Лоцирана е на само 300 метри од центарот на градот и главните случувања во него што подрзбира близина до сите ресторани, ноќни клубови, дискотеки, маркети и автобуска постојка.

Вилата Onar`s се состои од трокреветни, четворокреветни, петокреветни и шестокреветни соби. Секоја од собите поседува сопствен тоалет, мини кујна опремена со фрижидер и мини решо, клима и сопствен балкон. Лоцирана е на само 250 метри од центарот на градот од главните случувања во него, што подрзбира близина до сите ресторани, ноќни клубови, дискотеки, маркети и автобуска постојка.

VILLA SPYROS

VILLA ONARS

 

 

The map is updating ...