• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

ИСТАНБУЛ

ИСТАНБУЛ во Септември 5дена/3ноќи

Истанбул – најкосмополитски град во светот, град на контрасти, единствен град кој ги преплавува сите сетила. Истанбул пречекува опсипан со светлина, град кој никогаш не спие – улици полни со весели луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануваат Европа и Азија.

Термин: 25 Септември 2019 | 29 Септември

ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ

1ден / 25.09 (среда ) МАКЕДОНИЈА – ИСТАНБУЛ

Состанок на групата и поаѓање од Скопје во вечерните часови. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2ден / 26.09 (четврток) ИСТАНБУЛ (Пешачка тура / Хиподром | Сина Џамија | Аја Софија | Топ Капи | вечера на брод)

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Сместувањето е во 3* хотел, област Лалели.Можност за посета на Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, денес е меморијален плоштад со обележја од минатото), Сината Џамија (изградена на почеток на XVII век од страна на познатиот архитект Мехмед-Ага воедно и последна импресивна градба на отоманската религиска архитектура… Единствена џамија во Истанбул и Турција која има шест минариња), Аја Софија (Аја Софија се преведува и како Црква на Светата мудрост и се смета за најубав пример на византиската уметност. Црквата е градена за време на Византискиот цар Јустинјан и нејзината купола е висока 56 метри и изгледа како да лебди, со што го претставува небото. Била најголема катедрала во светот скоро 1000 години се додека не е изградена катедралата во Севили. По освојувањето на градот од Мехмед Освојувачот, бил толку имресиониран од цркавата па ја претвара во џамија и останува така се додека не е повторно претворена во Музеј. Аја Софија остана најголема верска зграда во Истанбул, иако секој моќен султан се обидел да ја претвори во џамија. Никој не успеал во тоа бидејќи ја нагласува величественоста на црквата каде што се нагласени прекрасните визанстиски мозаици. Музејот денес е една од најголемите атракции за туристите во Истанбул), Палатата Топ Капи – музејот каде што се наоѓа мечот нa прорoкот Мухамед, некогашното главно седиште на Османлиската империја, изграден во времето на Султан Мехмед II. При главниот влез на Топ Капи Палатата, од десната страна се наоѓа црквата Света Ирина, единствена христијанска црква во Истанбул која никогаш не е претворена во Џамија. Овaа палата е прва на многуте листи на знаменитости во Истанбул, тоа е палата во која турските султани кои со векови живееле, вистински град во град. Комплексот е огромен, гужвите се големи за влез во ризницата каде што се наоѓаат светите мошти на Исламот (Мухамедовиот заб) и Христијанството (раката на Св. Јован Крстител), тука се изложени колекцијата на часовници на султанот, приборите за јадење и доста подароци меѓу кои се наоѓа и најголемиот дијамант на светот. Можност за попатна посета на Капали Чаршија. Враќање во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечерта, факултативна вечера на брод (3 часовно ноќно крстарење со брод + трансфер). Mузичка програма(фолк танци / традиционални церемонии / ориентални танчарки), јадење и неограничени безалкохолни пијалоци (кафе / чај / вода / сокови). Прекрасна ноќна панорама на Истанбул. Враќање во хотел. Ноќевање.

 3ден / 27.09 (петок) ИСТАНБУЛ (Панорамски разглед | Крстарење – Босфор | Долма Бахче Сарај | Сафир

Сеир Тераси | ТАКСИМ – Мадам Тисо)

Појадок. После појадокот, слободен ден за индивидуални активности или заминување на панорамски разглед на градот, со можност за факултативно крстарење со брод по Босфор. Престојот во Истанбул не е комплетен без традиционалното и незаборавно крстарење по Босфорот. Бреговите од двете страни претставуваат мешавина од минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај прекрасната Долма Бахче Палата, зелените паркови и царските паваљони на Јилдиз Палатата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел… прекрасна панорамска прошетка низ Истанбул. Факултативна посета на палатата Долма Бахче Сарај – првиот дворец кој бил изграден во Османлиската империја и кој до 1922 година служел како резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 година во него живеел Кемал Ататурк. Палатата е градена во европски стил и ја заменува старата Топкапи Палата во средина на 19 век. Се во палатата зрачи со лукскуз поради исклучително вредни и скапи збирки на непроценливо богатство. Палатата е поделена на два дела, Селамлик – дел за мажите и Харем – делот за жените. Во харемот се просториите во кои живеел и умрел таткото на турската нација, Кемал Ататурк. Долма Бахче Палатата е изградена во 19 век и е една од најгламурозните палати во светот. Таа била административен центар на крајот од Отоманската Империја со последниот Султан кој живеел таму. Денеска е претворена во музеј кој содржи уметничко-историски збирки со непроценливо богатство. Факултативна посета на Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса), највисоката зграда во Европа од 261 метар. Првите два спрата нагоре и околу 4 спрата надоле е шопинг центар. На врвот од зградата се наоѓа тераса со панорамски поглед на Истанбул, каде што во мала кино сала се овозможува 4D проекција, симулација на надлетување на Истанбул со хелихоптер, можност да се почувствува сјајот на Борфорот, шармот на Момината кула, или позната како Мејден Кула, магичната Аја Софија, тајната на Топ Капи Палатата, Брилијантната Султанахмет џамија (Сината џамија), застрашувачката природа на базиликата, цистерната, страшниот вртлог, дервишите, убавините на модерниот дел од Истанбул, Плоштадот Таксим, Истаклал Улицата… сето ова можете да го доживеете во четвртата димезија во Сафир Сеир Тераси. Организирана посета на ТАКСИМ, еден од најпознатите плоштади во градот, од каде започнува добро познатата улица Истиклал, долга околу три километри, за која се смета дека во текот на неработните денови ја посетуваат околу 3.000.000 луѓе. Овде ќе имате можност за факултативна посета на Madame Tussauds, каде ќе видите восочни фигури на многу познати личности, како Rihanna, Madonna, Michael Jackson, Lady Gaga, Justin Biber, Marilyn Monroe, Steven Spielberg, Albert Einstein, Leonardo da Vinci, Maria Sharapova, Rafael Nadal, Usein Bolt, Messi, Johnny Depp, Julia Roberts, Brad Pitt и многу, многу други. Враќање во хотел. Ноќевање.

4ден / 28.09 (сабота) ИСТАНБУЛ

Појадок. Можност за факултативна посета на принцеските острови или можност за факултативна посета на најголемиот трговски центар во Европа – FORUM, во кој се наоѓа Аквариумот Turkuazoo. Ноќевање.

5ден / 29.09 (недела) ИСТАНБУЛ – МАКЕДОНИЈА

Појадок. Поаѓање за Македонија веднаш по појдокот. Ноќно возење со попатни паузи, пристигнување во вечерните часови.

Цена на аранжманот: 99

Во цената на аранжманот е вклучено:

– превоз на наведената релација со високо туристички автобус;
– 3 ноќевања со појадок во хотел 3*во Истанбул

– пешачка тура со локален водич на македонски или српски јазик;
     – посета на Хиподромот;
     – посета на Сината Џамија;
– организиран превоз до најпознатиот плоштад, ТАКСИМ;
– посета на најголемиот трговски центар во Европа – FORUM;
– професионален туристички придружник;
– организација и реализација на патувањето.

 Во цената на аранжманот не е вклучено:

– панорамски разглед на Истанбул со локален водич на српски или македонски јазик – 10€;

– посета на Долма Бахче Сарај  (превоз | влезница | локален водич) – 20€
– посета на Аја Софија  (влезница | аудио сет (слушалки) | локален водич) – 15€
– посета на Топ Капи Палатата  (влезница | локален водич) – 15€;

– Handling fee (локален тур оператор)- 10€ 

Долма Бахче Сарај + Аја Софија + Топ Капи = ГРАТИС панорамски разглед!!

– посета на Madame Tussauds – (превоз | влезница) – 15€;
– крстарење со брод по Босфор – 20€;
– посета на Saphire Seyir Terasi  (превоз | влезница за 4D | локален водич) – 15€;
– посета на Аквариумот Turkuazoo  (превоз | влезница) – 15€;

СИТЕ факултативи – 115€

– вечера на брод (3 часовно ноќно крстарење со музичка програма, јадење и неограничено безалкохолно пиење + трансфер) – 35€;

СИТЕ факултативи со вклучена вечера на брод – 150€

– здравствено патничко осигурување (задолжително) – 150мкд.

Напомена:

– За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
– Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред поаѓање;
– Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците во локалитетите;
– Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
– Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
– Уплата исклучиво во денари. 

За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.

The map is updating ...