• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

ИЗРАЕЛ и ЈОРДАН

ИЗРАЕЛ и ЈОРДАН

 

Патување во земјите каде историја стара илјада години може да се види во живо и почувствува на секој чекор. Земјите во кои минатото и иднината се држат рака за рака. Неверојатно драматични, различни, комплицирани, а во исто време едноставни и преубави каде сѐ изгледа токму така како што сте си замислиле. Свети земји на три религии, преубава мешавина на природна убавина, лулка на човештвото и уште многу други епитети. Тргни во неверојатна авантура низ Израел и Јордан. Запознај луѓе од целиот свет, запознај ги твоите истомисленици и забавувај се во текот на целото патување. Нека ова биде патување за паметење!
1 Ден: (Четврток 20.06.2018) Полетувањеавантурата може да почне!
Собир на групата на аеродромот Александар Македонски во Скопје. Летот се организира преку авиокомпанијата Qatar Airways. Слетување во Тел Авив во доцните вечерни часови, се упатуваме до нашето сместување, каде се одмараме од нашиот лет. Ноќевање.

2 Ден: (Петок 21.06.2018) Медитеранскиот Мајами
Тргнуваме во разглед на Тел Авив, најголемиот град во  Израел, познат како медитеранскиот град со белите песочни плажи. Обиколка на старото северно пристаниште, Стариот град кој бил изграден во времето на Османлиското Царство. Градината на врвот, уште позната како „Summit Garden“ со неверојатен поглед на целиот Тел Авив, како и црквата Св. Петра. Ќе прошетаме и низ првата еврејска населба позната под името „Neve Tzedek“, од каде всушност и почнал развојот на овој град. Продолжуваме низ Јеменскиот кварт, плоштадот Кармел (Shuk HaKarmel) поточно најголемиот плоштад на целиот свет под ведро небо. Авенијата Ротсилд (Rothschild), улицата Дизенгоф (Dizengoff) и уште многу знаменитости кои ќе ги посетиме во текот на овој прекрасен ден во Тел Авив. Поаѓање кон смештај и спремање за уште еден магичен ден. Ноќевање.

3 Ден: (Сабота 22.06.2018)   Уникатен спој на модерното и традиционалното
Слободен ден за одмор на белите песочни плажи, индивидуални активности и разгледување на градот. Прошетка низ модерниот град Тел Авив и стариот антички град Јафа, стар 3000 години. Враќање во сместување. Ноќевање.

4 Ден: (Недела 23.06.2018) Цветните градини, Христијани, Ислам и Темплари
Факултативна посета на Хаифа, трет град по големина во Израел, кој се издвојува со шармантна убавина. Град кој се наоѓа на подножјето на планината Карнел (Har HaKarnel). Прошетка низ кармелинскиот манастир Stela Maris, кој е светски центар на бахајската вера, и можност за возење со жичарата која го поврзува врвот Карнел со Бат Јам, односно глетка која ќе Ви го одземе здивот, глетка со поглед на залив. Ја продолжуваме прошетката сѐ до Акра, град кој се одликува со бурна историја, со скриени копнени и морски сили кои се избориле за власт во овој регион. Акра е на листата на светските културни наследства, под заштита на УНЕСКО. Разгледување на зидините на овој чудесен град, готичките сали, турските бањи El Basa, џамијата на Пашата… По пат ќе навратиме во обиколка на Назарет, место кое во библијата е познато како местото каде Исус Христос израснал. Базиликата Благовест, Чаршијата Шук, Фонтаната на боговите, црквата Св. Гаврил… Враќање во Тел Авив. Ноќевање.
5 Ден: (Понеделник 24.06.2018) Светиот Град
Го напуштаме шармантниот Тел Авив и тргнуваме да го освоиме светиот град Ерусалим, односно градот на три религии.  Се упатуваме во нашиот смештај, време за одмор и тргнуваме во прошетка на градот – Ѕидот на плачот, Еврејскиот кварт, Црквата на сите нации во Маслиновата гора, Капијата Јафа, Болниот пат, златната купола на џамијата Омар, влез во црквата Свети гроб, шопинг во центарот на пешачката зона Мамила.. Можност за индивидуални активности. Ноќевање.

6 Ден: (Вторник 25.06.2018) Златниот Ерусалим
Уште еден ден за прошетка во Ерусалим. Можност за факултативен излет на Меморијалниот центар на холокаустот „Yad Vashem“. Слободно време и индивидуални активности. Одмор и припрема за уште еден нов ден. Ноќевање.

7 Ден: (Среда 26.06.2018) Ветровите на пустината
Факултативен излет до Негевската Пустина. Пешачење низ кањонот Ein Avdat, обиколка на фабриката за маслиново масло, јавање со камили низ пустината, разглед на најголемиот ерозивен кратер на светот и уживање во погледот од самата ивица на Рамонскиот кратер(Makhtesh Ramon). Враќање во Ерусалим. Ноќевање.

8 Ден: (Четврток 27.06.2018) Нуркање и пливање?
Факултативен излет на Мртвото Море, најнеобично на светот, кое со години привлекува илјадници туристи ширум светот. Аристотел пишувал за извонредните лековити својства на неговата вода, додека египетската кралица Клеопатра го добила ова Мртво Море како подарок од Марк Антониј. Според неговата длабочина од 416метри под нивото на морето, претставува најниска точка на земјата. Додека концентрацијата на солта во водата е највисока на светот со околу 30% застапеност на сол, односно осум пати повеќе сол од останатите мориња во океанот. Враќање во Ерусалим. Одмор и Ноќевање.

9 Ден: (Петок 28.06.2018) Потомци на Царството на Мухамед
Го напуштаме Ерусалим, и се упатуваме кон Јордан. Пристигнување во Аман, главниот град на Царството Јордан и еден од најлибералните градови во арапскиот свет. Се сместуваме во смештај, време за одмор, а веднаш потоа тргнуваме во факултативен разглед низ градот: Стариод град, џамијата на царот Хусеин, Џабал-ал-Оа’ла, храмот на божицата Артемида, Римскиот форум, Џамијата Абу Дарвиш, Булеварот Вакалат и Абдали и огромните трговски центри…Ноќевање.

10 Ден: (Сабота 29.06.2018)Модерен град во античките рушевини
Слободен ден за одмор и за разглед во градот. Ноќевање. 

11 Ден: (Недела 30.06.2018) Тајната за изгубениот град
Го напуштаме Аман и тргнуваме кон југот на земјата до античкиот град Петра. Прошетка низ градот на камењата, царските гробници и богатството кое се крие во пештерите. Го продолжуваме патот сѐ до пустината Wadi Rum, која е скоро па недопрена од луѓето. Вистинско уживање во скоро па нестварните предели на пештерите и камените пустини. Понатаму одиме сѐ до Црвеното Море и доаѓаме до градот Akaba. Сместување, време за одмор и за собирање нови сили. Ноќевање.

12 Ден: (Понеделник 01.07.2018) 6000км2 за обала од 12км
Слободно време за пливање и нуркање во Црвеното Море, разгледување и уживање во благодетите на арапската кујна. Ноќевање.

13 Ден: (Вторник 02.07.2018) Враќање во Светиот Град
Го напуштаме Јордан и се враќаме назад во Израел. Враќање во Ерусалим. Ноќевање.

14 Ден: (Среда 03.07.2018) Од пустината до морето
Слободно време за одмор до заминување за Тел Авив. Трансфер Ерусалим-Тел Авив. Слободно време за разглед и за индивидуални излети во Тел Авив. Ноќевање.

15 Ден: (Четврток 04.07.2018) Крај на нашата прекрасна авантура
Се пакуваме и го напуштаме сместувањето, имаме слободно време за купување сувенири и се упатуваме кон аеродромот два часа пред летот. Лет за Македонија (бр на лет-). Пристигнување во Македонија и се спремаме за уште една егзотична рапсоди авантура. Крај на програмата

 

  • Факултативни излети:
  • Хаифа-Акра – Назарет

Хаифа, трет град по големина во Израел, кој се издвојува со шармантна убавина. Град кој се наоѓа на подножјето на планината Карнел (Har HaKarnel). до Акра, град кој се одликува со бурна историја, со тајни копнени и морски сили кои се избориле за власт во овој регион. Акра е на листата на светските културни наследства, под заштита на УНЕСКО. Назарет, место кое во библијата е познато како местото каде Исус Христос израснал.Цена: 45 €

  • Мртвото Море

Според неговата длабочина од 416метри под нивото на морето, претставува најниската точка на земјата. Додека концентрацијата на солта во водата е највисока на светот со околу 30% застапеност на сол, односно осум пати повеќе сол од останатите мориња во океанот. Цена: 40 €

  • Негевска Пустина

Пешачење низ кањонот Ein Avdat, обиколка на фабриката за маслиново масло, јавање со камили низ пустината, разглед на најголемиот ерозивен кратер на светот и уживање во погледот од самата ивица на Рамонскиот кратер(Makhtesh Ramon). Цена: 35 €

Регуларна цена: 1165€

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Авио превоз до Qatar Airways на релација Скопје – Тел Авив – Скопје
  • Трансфер на аеродромот – хотел – аеродром, Тел Авив – Ерусалим – Аман – Акаба – Ерусалим – Тел Авив
  • Сместување во куќи за гости на база од 14 ноќевања со доручек (континентален доручек)
  • Комплетна организарија на патувањето со водич

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Излезни такси и виза за Јордан (добиени на граничниот премин): 65 €
  • Влезници за Петра: 60 €
  • Факултативни излети и влезници за културни и историски споменици
  • Индивидуални патни трошоци
  • Меѓународно здравствено осигурување кое може да се добие во агенцијата.

Beach Front Hotel, Тел Авив


Хостел на брегот на Средоземното Море долж песочните плажи и во центарот на сите настани. Гостите на хотелот можат да ги користат заедничките простории, барови, покриви како и плажите. Неограничена употреба на крпи, неограничена потрошувачка на топли и ладни пијалоци во текот на денот. Услугата се базира на кревет и појадок (континентален доручек во блискиот ресторан). Секоја соба има купатило, ТВ, клима, неограничен интернет, брачни или два сингл кревети.

Хостел Петра, Ерусалим

Се наоѓа во стариот дел на градот, во внатрешноста на портата Јафа. Една од омилените локации на сите туристи во Ерусалим. Хостелот има заедничка тераса на покривот и кујна која сите гости можат да ја користат. Услугата е заснована на ноќевање. Секоја соба има сопствено купатило, телевизор, брачни или два сингл кревети.

Хотел Јордан Ривер, Аман

Буџет хотел, кој се наоѓа во стариот центар на Аман, неколку минути пешачење од сите главни атракции. Услугата е базирана на ноќевање со појадок (континентален доручек). Секоја соба има сопствено купатило, телевизор, брачни или два сингл кревети.

Хотел Афнан, Акаба

На минута пешачење од плажа. Услугата е базирана на ноќевање со појадок (континентален доручек). Во близина на хотелот се наоѓаат барови, ресторани, продавници, јахти, итн. Секоја соба има сопствено купатило, телевизор, брачни или два сингл кревети.

The map is updating ...