• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

ИЗРАЕЛ

ВЕТЕНАТА ЗЕМЈА –ИЗРАЕЛ

31.05.2018 – 09.06.2018

 

Место кое со милениуми менувало имиња, нации, вери. Светото место на три светски религии. Таму кадешто илјадници години историјата се познава на секој чекор. Каде минатото и сегашноста се држат под рака. Неверојатно драматична, различна, а едноставна и преубава земја во која ништо не е онака како што се чини на прв поглед, и сè е всушност онака како што сте го замислиле. Млада држава, стара држава – Ветената земја. Тргни во незаборавна авантура низ Израел и откриј што е тоа што со векови ги влече луѓето од различни краеви на светот да дојдат тука! Запознај луѓе од целиот свет, свои истомисленици и забавувај се во текот на целото патување. Направи ова да биде патување за паметење!

1 ДЕН : Четврток (31.05.2018) – Полетување – нека почне авантурата!

Собирање на патниците на аеродромот „Никола Тесла“ , два часа пред полетување. Лет за Тел Авив со престој во Истанбул. Слетуваме во Тел Авив во ноќните часови и поаѓаме кон сместувањето. Ноќевање.

2 ДЕН: Петок (01.06.2018) – Мајами Медитерана

Тргнуваме во обиколка на Тел Авив, медитерански град со бели, песочни плажи. Го обиколуваме Старото пристаниште на север, Стариот град изграден во времето на Отоманската империја, Градината на ридот (Summit Garden) со зачудувачки поглед на Тел Авив, црквата св. Петар. Ја обиколуваме и првата населба Неве Цедек, од каде започнал развојот на градот, Јеменската четврт, пазарот Кармел (најголемиот пазар на светот), Авенијата Ротслид, улицата Дизенгоф и уште многу други знаменитости. Ноќевање.

3 ДЕН : Сабота (02.06.2018) – Спој на модерното и традиционалното

Слободен ден за капење и разгледување на градот. Разглед на модерниот Тел Авив и старата Јафа (антички град стар 3000 години). Ноќевање.

4 ДЕН: Недела (03.06.2018) – Цветните градини, Христијанството, Исламот и Темплари

Факултативна посета на Хаифа. Град кој се наоѓа во подножјето на планината Кармел. Трет по величина и еден од најубавите градови во Израел. Го обиколуваме светскиот центар на бахајската вера, камеличанскиот манастир Стела Марис, можност за возење со жичара која го поврзува врвот на Кармел со Бар Галима, од каде се пружа прекрасен поглед врз заливот и околината на Хаифа. Го продолжуваме патот до Акра, Град полн со бурна историја, тајни на копнените и поморски сили кои се бореле за надмоќ во овој регион. Акра е на листата на светски културни престолнини, под заштита на УНЕСКО. Ги обиколуваме ѕидините на градот, Крсташката тврдина, Готичката сала, турските бањи, Ел Баса, Пашината џамија… Попатна обиколка на Назарет, местото кое во Библијата се смопнува како прибежиште на Исус Христос во текот на неговото детство. Базиликата на Благовеста, Шук базар, Девствената фонтана, црквата св. Гаврил… Враќање во Тел Авив. Ноќевање.

5 ДЕН:  Понеделник (04.06.2018) – Светиот град

Го напуштаме Тел Авив и тргнуваме кон Ерусалим. Светиот град на три религии. Доаѓаме во сместувањето, одмараме и поаѓаме во обиколка на градот – Ѕидот на плачот, Еврејската четврт, Црквата на сите нации, Јафа капија, Патот на болката, златната купола на Омаровата џамија, влегуваме во црквата на Светиот гроб, шопинг во центарот на пешачката зона Мамила… Ноќевање.

6 ДЕН: Вторник (05.06.2018) – Златниот Ерусалим

Уште еден ден за обиколување на Ерусалим. Можност за факултативна посета на  Меморијалниот центар на холокаустот Јад Вашем. Слободно време. Ноќевање.

7 ДЕН : Среда (06.06.2018) – Ветровите на пустината

Факултативен излет до пустината Негев. Хајкинг,  низ природниот резерват Еин Авдат, посета на фабриката за маслиново масло, јавање на камили низ пустината, посета на најголемиот ерозивен кратер на светот и уживање во погледот од работ на Рамон кратерот. Враќање во Ерусалим. Ноќевање.

 8 ДЕН: Четврток (07.06.2018)

Фалуктативен излет – Мртво море, најнеобично на светот, езеро кое со години привлекува илјадници туристи од целиот свет. Аристотел пишувал за извонредните својства на неговите води, а египетската кралица Клеопатра го добила на подарок од Марко Антонио. Со длабочина од 416 метри под ниво на морето, ја претставува најниската точка на земјата. Концентрацијата на сол во водата е највисока, околу 30% или осум пати повисока од салинитетот на останатите мориња и океани. Враќање во Ерусалим. Ноќевање.

 9 ДЕН: Петок (08.06.2018)

Слободно време за одмор до поаѓањето за Тел Авив. Трансфер Ерусалим – Тел Авив. Слободно време во Тел Авив. Ноќевање.

10 ДЕН: Сабота (09.06.2018)

Се пакуваме и го напуштаме сместувањето, слободно време за купување на сувенири, поаѓање на аеродром два часа пред полетување. Лет за Белград. Ги собираме впечатоците и се подготвуваме за нова егзотична авантура!

ЦЕНА: 1160€

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Авио превоз на релација Белград – Истанбул – Тел Авив – Истанбул
  • Трасфери на релација аеродром – хотел – аеродром, Тел Авив – Ерусалим – Тел Авив
  • Стестување во хотел на база 9 ноќевања + појадок
  • Комплетна организација и услуги на претставникот на агенцијата – организатор на патувањето.

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Факултативни излети и влезници во културно-историски споменици
  • Индивидуални трошоци на патувањето
  • Патничко осигурување

Опис и и цени на факултативните излети;

  1. Хаифа – Акра – Назарет – Хаифа е еден од најубавите градови во Израел и едно од најважните пристаништа. Акра е град полн со бурна историја и тајни, заштитен е од УНЕСКО. Назарет е местото кое во Библијата се споменува како прибежиште на Исус Христос за време на неговото детство. Цена: 45евра
  2. Пустината Нагев – Хајкинг низ природниот резерат Еин Авдат, посета на фабриката за маслиново масло, јавање камили низ пустината, посета на најголемиот ерозивен кратер во светот. Цена: 35евра
  3. Мртво море – Со длабочина од 416 метри под ниво на морето, ја претставува најниската точка на земјата. Концентрацијата на сол во водата е највисока, околу 30% или осум пати повисока од салинитетот на останатите мориња и океани. Цена: 40евра

Beach Front Hostel, Tel Aviv


Petra Hostel, Jerusalim

The map is updating ...