• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

КАВОС

 ЛЕТO ЗА МЛАДИ 2019
КРФ – КАВОС
(6 и 7 ноќевања)

 КРФ, најсеверниот остров во Јонското море, еден од најубавите и најголемите острови во Грција. Покрај тоа што е познат по своите фантастични природни убавини и плажи за секој вкус, го именуваат и како најсеверниот остров на Медитеранот. Од друга страна, влијанието на Венецијанската република се чувствува на секој чекор и на секоја градба. Во 2007 година е прогласен за светско наследство од страна на УНЕСКО. Крф има голем број на споменици и културно – историски објекти што е доказ за долгата историја на островот.

КАВОС – лоциран е на југот на островот, а од градот и пристаништето е оддалечен околу 50 км. Кавос, денес е синоним за одличен провод и забава. Само во една улица се сместени повеќе од 80 барови , 4 дискотеки, повеќе од 30 таверни и ресторани, па затоа е познат како грчката Ибица. Туристите кои го посетуваат Кавос се млади луѓе на возраст од 16 до 35 години. Поради сето тоа проводот трае 24 часа.

 1 ДЕН – СКОПЈЕ 

Поаѓање од Скопје во доцните вечерните часови. Возење со попатни паузи и одмори. По ноќното возење, следува пристигнување во пристаништето Игуменица. Со фериброд следува упатување кон островот. Сместување и време за одмор и запознавање со местото.

 6./7 ДЕН – КАВОС

Бисерот на Јонското море ви овозможува совршена комбинација на одмор и забава. Блага клима, преубави плажи, длабоко сино море, можност за повеќе излети, традиционални јадења и музика… кои ветуваат преубав одмор. Од друга страна, ќе ви стане потполно јасно зошто Кавос е едно од местата – престолнини на незаборавниот провод. Огромен број млади од цела Европа прават незаборавна атмосфера секоја година, надополнета со многу коктели, плажи, крстарење како и тематски забави. Рапсоди ве води на фантастичното место, прочуениот Golden Fox од каде има преубав поглед на заливот Paleokastritsa. …Ве водиме на познатите комерцијални плажи Glifada, Marafijas…на кои покрај заедничкото сликање ќе го пренесеме целосно расположението од Кавос и одличниот провод. Ако сте желни за адреналин ќе имате одлична можност за посета на еден од најголемите водени паркови во овој дел од Европа каде ќе имате можност да испробате некоја од лудите атракции: black hole, kamikazes, free fall, hurricane twist slides.

Дефинитивно имате можност да уживате во лето на еден поинаков начин и долго да раскажувате.

7/8 ДЕН – КАВОС- СКОПЈЕ

По напуштањето на собите и слободното време , тргнуваме назад кон Скопје. Преминуваме со фериброд до пристаништето Игуменица, а потоа продолжуваме со возењето кон Македонија.

***ПРОМОТИВНИ ЦЕНИ ДО 30.03.2019***

СМЕСТУВАЊЕ

КАВОС

УСЛУГА ТЕРМИНИ
 

07.07 – 15.07
(6 ноќевања)

 

13.07 – 22.07
(7 ноќевања)

 

20.07 – 29.07
(7 ноќевања)

 

27.07 – 05.08
(7
ноќевања)

 

  1/2

 

1/3

 

1/4 – 1/5

 

1/2

 

1/3

 

1/4 – 1/5

 

1/2

 

1/3

 

1/4 – 1/5

 

1/2

 

1/3

 

1/4 – 1/5

MYTHOS OB 115 105 105 145 135 135 145 135 135 135 125 125
THALIA OB 99 / 89 129 / 119 129 / 119  

119

/ 109

 

 ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА

  • Комплетна организација со водич на патувањето
  • 6 или 7 ноќевања во избраното сместување на Кавос
  • Превоз со модерни туристички автобуси (клима, wc, tv, видео)
  •  

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА

  • Факултативни излети
  • Патничко и здравствено осигурување
  • Превоз со траект на релација Игуменица – Крф – Игуменица (20€)
  • Туристичка такса – 0,5 € по ноќ

 

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕ:

Вила Митос се наоѓа на одлична локација во самото срце на Кавос, на само 300 метри од центарот на највозбудливите летни случувања и на само 300 метри од плажата која излегува на водите на Јонското Море. Супер можност да се биде во близина на сите најдобри ноќни клубови, бројни ресторани и барови. Митос поседува сопствен базен за дополнително летно уживање.

Сите студија кои се двокреветни и трокреветни и апартманите кои се четворокреветни поседуваат тоалет, балкон, мини кујна и фрижидер.

 

Вилата Талиа се наоѓа во строгиот центар на Кавос и на само 100 метри од градската плажа. Вилата поседува двокреветни и трокреветни студија, како и четворокреветни и петокреветни апартмани кои поседуваат мини кујна, фрижидер, балкон, како и сопствено тоалет.

Претставува одлична можност да се биде во центарот на сите летни случувања кои ги овозможува Кавос – како позната дестинација за млади.

The map is updating ...