• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

КОС

ОСТРОВ КОС – КЕФАЛОС

(13 дена автобус + брод)

Нешто ново, возбудливо и неодоливо за младите – Островот Кос!

КОС е познат туристички грчки остров кој е во првите рангирани острови за младински туризам во овој медитерански предел. Ако сте во потрага по место кое е познато по традиционалноста, модернизмот, фантастичната природа и интензивниот ноќен живот – тогаш токму КОС треба да биде вашиот избор.

Овој остров е трет по големина во архипелагот Додеканеза, и се наоѓа јужно од островот Калимнос, а северно од островот Родос и Нисирос. Опфаѓа површина од 290 квадаратни километри, а од турксата обала е оддалечен 7км, во правец на Бодрум. Она по што е познат овој остров е медитеранската клима, азурната плава боја на морето, изворите и термалните лековити води, чемпресите, палмите и пространите песочни плажи кои нема да ве остават рамнодушни. Од друга страна, КОС е познат како дом на Хипокрит, место со богата историја и огромен број на споменици.

Најголемиот град и главен туристчки центар на овој остров е градот Кос. Туристички познти центри се исто така местата Кардамена, Мастишари и Кефалос.

ДЕН 1 (СРБИЈА)

Групата поаѓа во доцните вечерни часови од претходно договорено место во Белград, па попатно доколку нема оформена група од Македонија, автобусот ги собира патниците од Македонија и го продолжува патувањето кон Грција. Предвидени се попатни паузи и одмори до пристигнувањето во Атина.

ДЕН 2 (Атина)

Пристигнување во Атина. Најпрво следува  панорамски разглед на градот  кое ги опфаќа: плоштадот Оморија и Синтагма, Олимпискиот стадион, Парламентот, Храмот на Зевс ….а потоа е и предвидена пешачка тура низ главниот атински плоштад Монаситраки.
Слободно време за индивидуални активности. По слободното време , следува заедничка посета на Пиреј, и сместување на крузерот од компанијата Blue Star, со кој се продолжува патувањето  кон островот Кос. Крузерот е опремен со мали продавници, бар, ресторан, wc и голема отворена палуба. Ноќно возење кон островот Кос.

ДЕН 3 (Кефалос, Кос)

Во утринските часови пристигнување во градот Кос и кратко возење до градот  КЕФАЛОСА – местото каде ќе   бидеме стационирани во наредните 10 дена. Следува кратка панорамска инфо тура и сметување во апартманите. Слободно време за одмор и индивидуално истражување на градот.

ДЕН 4 (Прошетка на островот)

Организираната прошетка на островот, претставува факултативен излет на кој ке имаме прилика да ја посетиме една од најпознатите локални винарии, а потоа да се упатиме кон градот Кос. Разглед на најпознатите и најубави знаменитости ( Хипократовото дрво, главниот плоштад, познатата марина). Слободно време за ручек и уживање во убавините кои ги нуди ова место. Од кога ќе ги наполниме батериите следува прошетка до познатата плажа HEAVEN. Време за индивидуални активности. Враќање во Кефалос.

ДЕН 5 (Плажа МАСТИКАРИ)

Факултативна посета на плажата Мастикари, која се наоѓа на северниот дел од островот. Уживање и капење е она што ни преостанува на оваа прекрасна плажа. SUN & FUN.

ДЕН 6 (Островот Родос)

Ден превиден за посета на еден од најпознатите острови за сите млади – островот Родос, каде ќе имаме можност да уживаме во макадамските улици, и да се опуштиме во автентичната грчка таверна. Она по што е познат овој остров т.н скаменетиот град – уште познат како Стар Град Родос, кој претставува ризница на културно историско наследство, а од друга страна е познат по неповторливиот ноќен живот и незаборавен провод. Тука се наоѓа и добро познатата плажа Елина, на која и всушност го завршуваме разгледот на овој остров.

ДЕН 7 (3 ISLAND CRUISE – Pserimos, Plati i Kalimnos)

Следува ден кој е предвиден за крстарење, кој уште од 2016 година од страба на светските туроператири  е прогласено за најдобар излет кој некогаш е организиран на овој дел од островот. Предвиден е автобуски превоз до градот Кос, па качување на познатите и симпатични дрвени бродчиња од каде и ќе започне нашата авантура! Со оваа тура се прави целосно обиколување и прошетка на островите Pserimos, Plati и Kalimnos. Капење во кристално чистата вода на песочните плажи, во комбинација на традиционална грчка кујна – комбинација која не смее да се пропушти.

ДЕН 8 ( Плажа AMMOS)

Плажата Аммос и познатиот beach bar на оваа плажа се наоѓаат на источната обала на овој остров во склоп на ресторанот Океанис, еден од најесклузивните ресторани и хотелски ресорти. Она по што е познато ова место за младите се дневните забави кои се редовна организација. Следува ЖУРКАААААА!!!!

ДЕН 9 ( Плажа Paradiso & КОС by night)

Ден предвиден за плажата Paradiso, една од најчистите плажи на островот, кој е познат по тиркизната боја на морето и златните песоци. Во ноќните часови, само за нашите патници организираме прошетка до брдото ЗИА кое е познато по најубавото зајдисонце и прекрасниот поглед. Следува слободно време за вечера и индивидуални активности, по што се упатуваме кон градот Кос, каде единствено што ни преостанува е забава до раните утрински часови.

ДЕН 10 ( Плажа MARKOS)

Најголема, најдолга и најширока плажа е всушност плажата Маркос. Песочна плажа поголема од 2км, голем број на барови и одлична забава и уживање е тоа што не очекува овој ден. Органираме и турнир во одбојка, во кој победникот ќе добие вредна награда!

ДЕН 11 (БОДРУМ)

На само 25минути возење, е сместено  најпознатото летовалиште во Турција, неверојатниот Бодрум. Целодневен излет, прошетка, шопинг и уживање во турската традицонална кујна.

ДЕН 12 (Check out и упатување кон Атина)

Напуштање на апартманите во претходно договорено време и слободно време за индивидуални активности до поаѓање кон бродот и упатувањето кон Атина, од каде и всушност е нашето враќање дома.

ДЕН 13
Пристигнување во Македонија.

  • ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
  • Комплетна организација на патување
  • 9 ноќевања во избраното сместување во градот Кефалос
  • Превоз со високомодерни туристички автобуси
  • Разглед на Атина со водич
  • Крстарење со курзерот BLUE STAR на релација Атина – Кос – Атина.

 

  • ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
  • Факултативните излети
  • Патничко и здравствено осигурување
  • Задолжителна градска такса ( воведена од 01.01.2018 ) во приватно сместување – студио/апартман 0,50€ по ноќевањње/по студио или апартман. Задолжителна такса за во хотели со 1* или 2* – 0,50€ по ноќевање по соба; во хотели со 3* – 1,50€ по ноќевање /о соба; во хотели со 4* – 3€ по ноќевање/по соба; и за хотели со 5* – 4€ по ноќевање/по соба. Плаќањето се врши на лице место на денот на доаѓањето. 

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕ

  • SEA VIEW STUDIOS

Студијата се наоѓаат на 650м оддалеченот од морето и добропознатата плажа Агиос Стефанос, која е и најпозната плажа на целиот остров. Сите студија имаат поглед на море. Истите се пространи, со купатило, тераса, мини кујна и фрижидер. Гостите сместени во овие студија имаат можност за бесплатно користење на базенот во Апартманите Маноли. Во цената за сместување е вклучено и користењето на WI FI, со тоа што треба да се напомене дека агенцијата не гарантира за квалитетот на интернетот, бидејки генерално на целиот остров квалитетот на интернет конекцијата е лош.

  • VASILIS STUDIOS

Vasilis Студијата се наоѓаат на 950м од центарот и градската плажа Кефалос. Вилата поседува трокреветни студија, од кои поголемиот број имаат поглед на море. Сите студија се со сопствено купатило, тераса, мини кујна и фрижидер. Постои можност за користење на дворот кој има посебен дел за правење скара со плаќање на рецепција. Клима уредите во собите се со доплата. Гостите во ова сместување имаат можност за бесплатно користење на базените кои се во неспоредна близина на вилата. Во цената за сместување е вклучено и користењето на WI FI, со тоа што треба да се напомене дека агенцијата не гарантира за квалитетот на интернетот, бидејки генерално на целиот остров квалитетот на интернет конекцијата е лош.

  • KEFALOS STUDIOS

Кефалос студијата се наоѓаат на 600м од градската плажа и центарот. Вилата поседува двокреветни студија, од кои само неколку имаат поглед на море. Сите студија имаат сопствен тоалет, балон, мини кујна и фрижидер. Користењето на клима уредите во собите е со доплата. Во цената за сместување е вклучено и користењето на WI FI, со тоа што треба да се напомене дека агенцијата не гарантира за квалитетот на интернетот, бидејки генерално на целиот остров квалитетот на интернет конекцијата е лош.

  • DENISE APARTMANI

Denise апартманите се наоѓаат на 450м од морето, 450м од главното шеталиште во центарот, и 850м од главната градска плажа. Апартманите се поделени во два објекти и истите се трокреветни и петтокреветни. Поседуваат сопствен тоалет, балкон, мини кујна и фрижидер. Клима уредите има можност да се користат со доплата на лице место. Во цената за сместување е вклучено и користењето на WI FI, со тоа што треба да се напомене дека агенцијата не гарантира за квалитетот на интернетот, бидејки генерално на целиот остров квалитетот на интернет конекцијата е лош.

 

The map is updating ...