• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

MEDITERRANEAN CRUISE BOAT PARTY (20 ДЕНА)

1 ДЕН – СКОПЈЕ – ВИЕНА

Состанок на групата на паркингот кај салата „Борис Трајковски“ во однапред договорено време. Возење со високо – туристички автобуси на релација Скопје – Белград – Виена.

 

2 ДЕН – ВИЕНА – ПРАГА

Пристигнување во Виена во утринските часови , по што следи разглед на Виена – Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан, Штефанплац, Бургтеатар, Музејскиот кварт, палатата Хофбург, дворецот Белведере, операта, градското собрание Ратхаус, катедралата Фотиф, парламентот, улица Грабен…Поаѓање кон Прага…Сместување во хотел и време за одмор и  релаксација. Потоа следува незаборавнa “welcome party” во еден од најпопуларните прашки ноќни клубови. Ноќевање.

 

3 ДЕН – ПРАГА – АМСТЕРДАМ

Појадок. По појадокот се упатуваме кон центарот на Прага, по што следува разглед на градот – комплексот Храдчани, катедралата Св. Вита, музејот на Франц Кафка, плоштадот Св. Вацлав, стариот плоштад, Тинската црква, Карловиот мост, астрономскиот часовник Орлој, споменикот на Јан Хус,.. Слободно време за индивидуални активности за дополнително уживање во градот. Во вечерните часови се упатуваме кон Амстердам. Ноќно возење.

 

4 ДЕН – АМСТЕРДАМ

Пристигнување во Амстердам во утринските часови. Разглед на центарот на градот: Dam, Koninlijke Paleis, Nieuwe Kerk, Beurs van Berlage, De Bijenkorf, Het Nationale monument, Madame Tussauds, Magna Plaza… Сместување во хотел. Вечерна прошетка по најстарите делови на градот, каде се наоѓа познатиот De Wallen,или популарно наречен Red light district и уште попознатите coffee shop-ови, Hash marihuana, Theatre Casa Rosso… Враќање во хотел. Ноќевање.

 

5 ДЕН – АМСТЕРДАМ – Кралска Холандија (ХАГ, ШЕВЕНИНГЕН, РОТЕРДАМ)

Во утринските часови заминување на факултативниот излет “Голема холандска тура”. Најпрво пристигнуваме во Хаг (Den Haag) –  административната престолнина на Холандија, седиште на кралското семејство и на холандскиот парламент и палатата на мирот. Веднаш потоа заминуваме во посета на едно од најголемите летувалишта во Холандија – Шевенинген, кое покрај тоа што изобилува со прекрасните песочни плажи, претставува и дел од административниот центар на Холандија, поточно место во кое е сместен и затворот за потребите на Хашкиот трибунал. Следи кратка прошетка покрај брегот на северното море. Понатаму патот го продолжуваме кон Ротердам – најголемото пристаниште во Европа и вториот град по големина во Холандија. Следи рзглед на градот со сите негови ајзначајни обележја. Во попладневните часови враќање кон Амстердам. Слободно време за одмор и релаксација и подготвување за посета на некој од атрактивните клубови. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

6 ДЕН – АМСТЕРДАМ – Холандија од бајките

Напуштање на хотелот во утринските часови. Слободно време за индивидуално разгледување на градот или факултативна посета на т.н Мини Холандска тура: Zaanse Schans (живописно холандско село со традиционални ветерници, дегустација на познатите холандски сирења, посета на работилница за рачно  производство на кломпи…), Vollendam(единствена можност да се ужива во убавините на европскиот север и дегустација на риба на специфично подготвен начин). Во попладневните часови враќање во Амстердам, слободно време за прошетка низ познатите холандски канали Herengracht, Keizersgracht, Prinsengracht, можност одблиску да се запознае градот. Плоштадот на музеите или факултативна посета на кралскиот музеј – Rijksmuseum, Museum Van Gogh, посета на најпознатата фабрика за обработка на дијаманти Costers… Слободно време за индивидуално разгледување на градот или факултативно крстарење со брод низ каналите – еден од подобрите начини да го запознаете Амстердам.  Oколу полноќ поаѓање кон Париз.

 

7 ДЕН – ПАРИЗ

Пристигнување во француската престолнина во утринските часови. Прошетка по Латинскиот кварт, преку малиот остров на Сена, каде царува познатата Готска катедрала Нотр Дам, па до најголемиот музеј на светот Лувр. Ќе следува слободно време за самостојна посета на музејот и останатите локалитети или само шетање и уживање низ градот. Препорачуваме покрај Лувр посета и на Орсеј музејот на импресионистите, музејот на народните уметности Жорж Помпиду… Сместување во хотел. Во вечерните часови запознавање со Парискиот ноќен живот. Ноќевање.

 

8 ДЕН – ПАРИЗ

Појадок. Факултативна посета  на  дворецот Версај со разглед на „замокот на кралот на сонцето” Луј ХIV, со познатите и многу убаво уредените паркови или слободно предпладне за индивидуално разгледување. Следува заминување кон живописниот и уметнички кварт Monmartre,  со познатиот Приски кварт Пигал, со многубројните сексшопови, стриптиз барови и нормално Moulin Rouge и непроценливата шеќернобела базилика “Sacre Coeur” и многубројните  улични уметници.Разгледот продолжува покрај операта, плоштадот Конкорд,  до споменикот на победата. Разгледот со автобус се завршува кај Ајфeловата кула од каде следува единствена можност за крстарење по реката Сена и да го доживеете градот од една поинаква димензија. Пристигнување во хотел. Ноќевање.

 

9 ДЕН – ПАРИЗ

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Последниот ден од вашиот престој во „градот на светлината“ може да го посветите на шопинг и тоа во – квартот Opere, улицата Rivoli… каде слободното време може да го искористите  за да ја почувствувате магијата на париските улици преполни со ексклузивни продавници кои ве привлекуваат дури за момент да ги разгледате… …или факултативна посета на EURO DISNEYLAND PARC, еден од најатрактивните излети во нашата понуда. Голем број на атракции за сите генерации… Посетете го единствениот забавен парк во Европа каде неограничен број пати може да се возите на атракциите во овој парк. Незаборавајте да ја проследите show програмата како и специјалната парада… Не ја пропуштајте можноста еднаш во годината да уживате во фантастичниот и незаборавен провод… Доцна попладне патувањето продолжува со ноќно возење кон Kaн.

 

10 ДЕН – ПАРИЗ – КАН – НИЦА – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО

Во утринските часови пристигнување на Азурниот брег. После кратката посета на парфимеријата во Грас, следува обиколка на Кан, прошетка по монденското шеталиште „La Croissette“, разгледување на познатата филмска палата, хотелот Медитеранео, ексклузивниот хотел Карлтон – каде тседнуваат ѕвездите за време на одржување на Канскиот филмски фестивал, бројните луксузни продавници…. Кратко возење до Ница. Следува обиколка: Шеталиштето на англичаните „Promenade des Anglais, хотел Negresco, плоштадот Massena… Слободно време за сончање, одмор или индивидуален разглед на градот. Во вечерните часови поаѓање кон кнежеството Монако – магичниот град на казината и коцкањето. Само со Rapsody Travel  ќе го почувствувате гламурот на Палатата Грималди, Катедралата, океанографскиот музеј, патеката на Формула 1 обиколка на познатото Казино и прошетка низ преубавите паркови на Монте Карло. По завршувањето на обиколката патувањето продолжува со ноќно возење кон Шпанија.

 

11 ДЕН – АЗУРЕН БРЕГ – ЉОРЕТ ДЕ МАР

Пристигнување во утринските часови во најпознатиот туристички центар на крајбрежјето на Коста Брава – Љорет де Мар (65 км од Барселона). Сместување во хотел (4 полни пансиони: појадок, ручек, вечера на база на “шведска маса“). Попладне предвидено за одмор, сончање и капење. Вечера. Секоја вечер факултативна посета на дискотека. Ноќевање.

 

12 – 15. ДЕН – ЉОРЕТ ДЕ МАР – БАРСЕЛОНА

Полн пансион. Вашиот престој во Шпанија може да биде незаборавен со посета на факултативните излети од нашата богата и ЕКСКЛУЗИВНА понуда: FLAMENCO LA SIESTA, BARCELONA PANORAMICA, COSTA BRAVA, BARCELONA BY NIGHT, PORT AVENTURA, NOU CAMP, DALIJEV MUZEJ, AQUARIUM, и секако единствена можност за кулминација на вашето апсолвентско лудило во DISCOTHEQUE TROPICS & МОBY ‘S, OPIUM MAR надополнети со оригиналните тематски забави SEMAFOR, GRAFITY, RED LOVE PARTY..

 

16 ДЕН – ЉОРЕТ ДЕ МАР –  БАРСЕЛОНА – КРСТАРЕЊЕ ПО МЕДИТЕРАНОТ

Појадок.  Според програмата напуштање на хотелот и факултативно заминување кон градот Фигуерас и посета на еден од најнеобичните споменици врзан за ликот и делото на најголемиот надреалист Салвадор Дали. Се упатуваме кон бисерот на медитеранот – Барселона.  По пристигнувањето во центарот на градот слободно време за обиколка на некој од бројните музеи, шопинг и индивидуални активности. Во точно закажано време поаѓање кон пристаништето, сместување во кабини. Испловување од пристаништето на Барселона… Ноќевање во модерно опремени бродски кабини (тоалет,туш/ WC…) на „хотелот на вода“ на релација Барселона – Чивитавекија и можност за уште една незаборавна забава во дискотеката на бродот.

 

17 ДЕН – „КРСТАРЕЊЕ ПО МЕДИТЕРАНОТ“ – CIVITAVECCHIA

Слободно време за користење на многубројните погодности кои ги нуди овој “хотел на вода”… жива музика, dance show, disco club, казино, пијано бар, базен, фитнес, џакузи, free shop… Впловување во пристаништето на Civitavecchia покрај Рим.  Заминување кон хотел и сместување.  Ноќевање.

 

18 ДЕН – РИМ – ВЕНЕЦИЈА

Следува разглед на вечниот град и  најзначајните знаменитости: Colosseum, Forum imperiali, брдото Capitol, Piazza Venezia, Fontana di Trevi, шпански скали, Panteon, piazza Navona, castel St. Angelo,piazza San Pietro … Слободно време за индивидуална прошетка и разглед на градот. Во доцните вечерни часови,  тргнуваме кон Венеција. Ноќно возење до Венеција.

 

19 ДЕН – ВЕНЕЦИЈА

Во раните утрински часови пристигнување во Punta Sabbioni – факултативно возење со брод по венецијанската лагуна, разглед на град: Дуждевата палата, мостот на воздишките, Базиликата на Св. Марко, Прокурациите, мостот Риалто… Слободно време за индивидуални обиколки на градот. Во попладневните часови поаѓање за Македонија.

 

20 ДЕН – СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во доцните попладневни часови.

 

  1. ЦЕНА: 549 евра

    ***ПРОМОТИВНО ДО 31.10***

  2. 1. Со секоја уплата од 2000 денари, ПОПУСТ ОД 40 евра и ПРОМО ЦЕНА од 509 евра

  3. 2. Со секоја уплата од 6000 денари, ПРОМО ЦЕНА + ГРАТИС ДОЧЕК на Нова Година (Белград, Будва или Софија) и цена од 509 евра

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Комплетна организација на патувањето, пратител на групата за целото времетраење на патувањето.
  • Превоз со високо туристички автобуси (KLIMA, TV, VIDEO…) на наведените релации.
  • Посета на градовите: Виена, Прага, Амстердам, Париз, Кан, Ница, Монако, Монте Карло, Рим, со стручни водичи.
  • 1 ноќевање со појадок во Прага (хотел 3*, соби 1/3 и 1/4)
  • 2 ноќевање во Амстердам без појадок (хотел 2*/3*,соби 1/3 и 1/4 или хостел во околината на Амстердам)
  • 2 ноќевања со појадок во Париз ( хотел 2*/3*)
  • 5 полни пансиони (појадок, ручек,вечера на база “шведска маса ”) во Љорет де Мар во хотел со 3*** ( центар на град, базен …) во 1/3 или 1/4 соби.
  • 1 ноќевање на брод од флотата на GRIMALDI LINES на релација Барселона Civitavecchia во 1/3 и 1/4 кабини.
  • 1 ноќевање во околина на Рим (во хотел/хостел 2*/3*, апартмани “chalet” 3*)
  • Туристичка такса во Шпанија

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Факултативни излети, возење со брод до Венеција, влезници за музеи планирани во програмата.
  • Патничко здравствено осигурување
  • Доплата за 1/2 (двокреветна) соба во Шпанија.
  • Сите евентуални доплати или ставки кои не се потврдени во агенција или по програмата.

 

The map is updating ...