• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

ЉОРЕТ ДЕ МАР

1. ДЕН (29.08 – Среда) – MAKЕДОНИЈА

Поаѓање околу пладне од Скопје. Возење со луксузни автобуси на релација Скопје – Белград – Љубљана – Венеција.

2. ДЕН (30.08 – Четврток) – ВЕНЕЦИЈА
Пристигнување во Пунта Сабиони, – факултативно возење со брод по венецијанската лагуна, разглед на град: Дуждевата палата, мостот на воздишките, Базиликата на Св. Марко, Прокурациите, мостот Риалто… Слободно време за индивидуални обиколки на градот. После разгледот поаѓање кон хотелот во регијата Венето или во околина на Верона. Ноќевање.

3. ДЕН (31.08 – Петок) – ВЕРОНА – ФРАНЦИЈА – ШПАНИЈА
Појадок. После појадокот , поаѓање кон Верона. По пристигнувањето разглед на градот : Piazza Bra, Arena, Piazza delle Erbe, Piazza della Signoria, Arche Scaligeri, Casa di Giulietta…Патувањето го продолжуваме преку Северна Италија и Франција кон Шпанија. Ноќно возење.

4. ДЕН (01.09 – Сабота) –  ЉОРЕТ ДЕ МАР – ШПАНИЈА
Во утринските часови пристигнување во најпознатото туристичко место  – Љорет де Мар (65 км од Барселона). Сместување во хотел со 3*** до 14:00 часот ( на база 6 полни пансиони – на база на шведска маса). Попладне предвидено за одмор и капење. Вечера . Ноќевање.
 
5 – 9. ДЕН (02.09 Недела – 06.09 Четврток) – ЉОРЕТ ДЕ МАР – БАРСЕЛОНА
Вашиот престој во Шпанија може да биде незаборавен со посета на факултативните излети од нашата богата и ЕКСКЛУЗИВНА понуда: FLAMENCO LA SIESTA, BARCELONA PANORAMICA, COSTA BRAVA, BARCELONA BY NIGHT, PORT AVENTURA, NOU CAMP, DALIJEV MUZEJ, AQUARIUM, и DISCOTHEQUE TROPICS & МОBY ‘S, OPIUM MAR …  Освен предвидените излети , времето во Шпанија може да го искористите уживајќи на прекрасните плажи на целиот брег на Коста Брава. Проверете зошто плажите во Љорет де Мар имаат “сини знамиња” кои се доделуваат на плажите врз основа на квалитет на вода и безбедност на пливачите.

10. Ден (07.09 – Петок) – ЉОРЕТ ДЕ МАР
Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и слободно време. Поаѓање од Љорет во вечерни часови. Ноќно возење низ Франција со попатни паузи.

11. Ден (08.09 – Сабота) – НИЦА – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО
Во утринските часови пристигнување на Азурниот брег. После кратката посета на парфимеријата во Грас, следува обиколка на Кан, прошетка по монденското шеталиште „La Croissette“, разгледување на познатата филмска палата, хотелот Медитеранео, ексклузивниот хотел Карлтон – каде отседнуваат ѕвездите за време на одржување на Канскиот филмски фестивал, бројните луксузни продавници…. Кратко возење до Ница(целодневен престој во Ница). Следува обиколка: Шеталиштето на англичаните „Promenade des Anglais, хотел Negresco, плоштадот Massena… Поаѓање кон Македонија.

12. Ден (09.09 – Недела) – МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во вечерните часови.

Цената вклучува:
-Комплетна организација на патувањето
-Превоз со модетен туристички автобус (клима, тв, видео) на наведените релации
-Разглед на градовите според програмата
-1 ноќевање со појадок (континентален) во регијата Венето или во околина на Верона (хотел 3*, соби 1/2+1)
-6 ПОЛНИ ПАНСИОНИ (оброци на база на шведска маса) во Љорет де Мар во хотел H TOP GRAN CASINO ROYAL 3*** (соби 1/2+1)

 

Факултативни излети:

Барселона панорамика 20 EUR

Барселона шопинг и магични фонтани 15 EUR

Витешка вечера во “Castel Medieval” 30 EUR

Фламенко шоу 25 EUR

Коста брава 20 EUR

Венеција 20 EUR

Камп ноу 25 EUR

Аквариум 20 EUR

Аква парк “Marineland” 25 EUR

Забавен парк “Port Aventura” 50 EUR

Клуб картичка за диско Tropics 30 EUR (со клучени 2 пијалоци)

 

Цената не вклучува:
-Патничко и здравствено осигурување
-Факултативни излети 

Задолжителна градска и комунална такса која се плаќа на рецепција на хотелот:
-Задолжителна градска такса за регијата Каталонија (од 01.11.2012) – во хотелите со 1*, 2* i 3* – 0.50 € по ноќ/по oсоба – се плаќа на рецепција на хотелот.
-Туристичка такса која се плаќа во Италија во хотелите (за хотели со 3 *** 1.5 e – 2.5 € во зависнот од местоположбата на хотелот)

Oпис на сместувањето:
H TOP GRAN CASINO ROYAL 3***
H Top Gran Casino Royal е вистински избор за млади парови и оние кои сакаат сместување на добра локација проследено со пријателска атмосфера. Хотелот е оддалечен на 350 метри од плажата во Лорет де Мар. H Top Gran Casino Royal има ресторан којшто е спрецијализиран за каталонска , шпанска и интернационална храна на база на шведска маса. Во хотелот се наоѓа и популарен бар. Сите соби имаат балкон, тоалет и туш кабина и сателитска и тв канали.

 

 

The map is updating ...