• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

МАЛДИВИ

Малдиви

08.09.2018 – 20.09.2018

Во кристално чистите води на Индискиот Океан лежи низа од бисери наречени Малдивски Острови. Омилена дестинација за одмор, уживање, една од најпознатите дестинации за меден месец и сон на многу луѓе од целиот свет. Малдивите се наоѓаат јужно од Индија и западно од Шри Ланка. Само околу 200 острови од архипелагот се населени, а 88 од нив се со елитни/ексклузивни летувалишта. Луѓето на Малдиви се гостопримливи и мирољубиви. Оваа мала нација брои околу 300.000 луѓе, од кои 70.000 живеат во главниот град Мале кое е мешавина на традиционална и модерна култура: старите генерации се држат до својот начин на живот, а младите се прилагодуваат на западните трендови. Мале е мал и густо населен остров, долг 2 километри и широк 1 километар. Интересно е дека стапката на развод на Малдивите е една од највисоките во светот, околу 80%. Не се чудете ако запознаете 25-годишник кој е женет веќе неколку пати. За жал овој рај на земјата полека исчезнува, поради проценките дека Индискиот океан ќе го преплави самиот остров, се претпоставува дека ќе исчезне до крајот на овој век. Воопшто не треба да размислувате дали треба оваа бајковита дестинација да ја посетите.

  1. ( Сабота 08.09.2018) Полетување – авантурата започнува
    Се собираме сите заедно на аеродром “Никола Тесла” два часа пред поаѓање. Лет до Мале, со застанување во Доха (Лет бр. QR 0232)
  2.  (Недела 09.09.2018) Архипелаг од бајките
    Во утринските часови слетуваме во Мале, главен и најголем град на Малдивите. Трансфер со брод до сместувањето на островот Maафуши (Maafushi), еден од многубројните острови со најубавите плажи. Пристигнување и сместување. Слободно време за запознавање на овој прекрасен остров и подготовка за уживање. Ноќевање
  3. (Понеделник 10.09.2018 – 18.09.2018 /9 ноќевања) Синило на океанските води

Време за уживање ! Сончање на најубавите плажи, капење во кристалните води на океанот, уживање во прекрасната морска храна и специјалитети. Дочек на најубавите зајдисонца збогатени со вкусни коктели, факултативни излети и прошетка на островите, откривање на скриените богатства на Малдивите и убавините. Возење со мали бродчиња, сурфање и искористување на бројните водени спортови. На Малдивите сме дојдени исклучително за уживање. Ноќевање

  1. (Четврток 19.09.2018) Последен ден во рајот

Слободно време до поаѓање за аеродром, односно два часа пред полетување. Ги напуштаме Малдивите со надеж дека ќе имаме шанса пак да се вратиме. Лет за Белград со застанување во Доха (Лет број QR 0231)

  1.  (Петок 20.09.2018) Слетување – крај на авантурата

Во утринските часови пристигнуваме во Белград, ги собираме впечатоците и се разделуваме се до наредната авантура! Крај на авантурата.

Цена: First minute – 1249 евра ( до 01.04.2018)

Регуларна – 1449 евра

 Цената вклучува:

  • Авионски превоз со компанијата Qatar Airways на релација Белград – Доха – Мале – Доха – Белград, вклучени сите такси и багаж до 32кг
  • Трансфер на релација аеродром – хотел – аеродром и пристаниште – хотел – пристаниште
  • Трансфер со брод на релација Мале – Маафуши – Мале
  • Сместување во вили и ресорти на база 10 ноќевања со доручек (buffet)
  • Комплетна организација и услуги од претставниците на агенцијата, организатор на патувањето

Цената не вклучува:

  • Факултативни излети и влезници за културно-историските споменици
  • Индивидуални трошоци на патувањето
  • Меѓународно здравствено осигурување кое може да се направи во агенција

Важни напомени и корисни информации:

-Arora In Maafushi- Хотел на самата плажа. Сите сместувања се двокреветни. Услугата е на база ноќевање со доручек. Во хотелот има бар, ресторан, приватна плажа, организирани ноќни забави. Секоја соба поседува приватно купатило, ТВ, брачни или два сингл кревети. Бидејќи хотелот се наоѓа на мал остров, продавниците, суверниците, банките и кафе баровите се на неколку минути од самиот.

-Секој патник е одговорен самиот за себе и има обврска да ги следи инструкциите од локалниот водич и претставникот на агенцијата, кој е тука да внимава на безбедноста на патниците и да се избегне било која опасна ситуација. Покрај ова, единствена ваша одговорност е да уживате и да си поминете што е можно подобро.

Водата на Малдивите не е препорачлива за пиење, користете флаширана вода.

Од лекови со вас понесете, нормално, основни лекарства, за температура, против болки, односно лекови кои се носат на секое патување. Секако понесете и крема за сончање

Препорачуваме здравствено осигурување да си понесете со вас, истото тоа може да го извадите во агенција.

Климата на Малдивите е тропска и секогаш топла. Дневните температури никогаш не се спуштаат под 20тиот степен. Навечер температурата може да биде и под 20тиот степен, секако поради тоа, пожелно е да понесете и по некое парче облека со долги ракави и ногавици.

Традиционалната исхрана вклучува: морски плодови, ориз со зеленчук и овошје и лут кари сос. Исто така познати се специјалитетите од индиската кујна, кои се карактеризираат со многу зачини, јадењата од локалните кујни а секако и интернационалните јадења. Уличната храна е безбедна, ефтина а и достапна на секој агол.

Малдивите се апсолутно безбедна дестинација. Секако треба и да се придржувате и до некои правила. Не препорачуваме самостојно движење во доцните часови во оддалечените и пустите делови на островот, бидејќи постои можност од кражби, па затоа се препорачува да бидете претпазливи и да водите грижа за вашите лични работи. Не влегувајте во автомобил на непознато лице иако ви се претстави како персонал од хотелот. Препорачливо е со вас да понесете американски долари, а и еврата ќе може да ги менувате во сите менувачници и банки. На самиот остров има банкомати, посебно во туристичките центри и хотели. Плаќање со кредитна картичка е можно скоро секаде.На Малдивите ви се потребни адаптери за полначите, бидејќи се користат адаптери слични на оние во Велика Британија(со три коцкасти дупчиња), секако, може да ги набавите и на самиот остров, но, препорачливо е да си понесете и од дома. Напонот е 220-240V.

The map is updating ...