• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

Неа Флогита

Неа Флогита

Неа Флогита е преубаво место кое се наоѓа непосредно до Неа Мудања, на источната страна од полуостровот Касандра (првиот крак од Халкидики). Се работи за исклучително мирно туристичко место, идеално за сите кои сакаат потполна релаксација за време на летниот одмор. Неа Флогита е позната по долгата песочна плажа и бројните патеки идеални за луѓето кои сакаат да шетаат. На самата плажа, се лоцирани повеќе традиционални таверни, барови и ресторани кои ќе ги задоволат сите вкусови, а локалниот пазар изобилува со свежи производи во секоја сезона. Местото е прекрасно, има прекрасно шеталиште и бич барови, многу е блиску до Солун (само 20 км), веднаш после неа Каликратија.

Вилата „Bouzalis“е лоцирана на самото шеталиште во Неа Флогита и на само неколку метри од морето. Располага со апартмани со најразлична големина; дел од сместувачките капацитети имаат директен поглед на море, а останатите имаат поглед на улица или во дворот на вилата, а се наоѓаат на приземје, прв и втор спрат. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Студијата и апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има паркинг простор.

Напомена: Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничeниот  простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење.

Апартман бр.4
Трокреветен апартман на прв спрат во првиот дел од вилата. Апартманот има две простории. Во првата соба има комплетно опремена кујна во која има мини шпорет со рерна, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Во кујната се наоѓа климата.  Од кујната се излегува на терасата која има поглед кон другиот дел од вилата и во дворот, опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце. Другата соба е одделена со врата и има еден дупли кревет (димензии 190-140 см), еден единечен кревет (190-82 см). Опременa е со мебел и  телевизор.Собата има прозорец кој гледа кон ходникот на вилата. Има потесно купатило, а затоплувањето на водата е со сончеви колектори.

Апартман бр.9 (поглед на море)
Петкреветен апартман на втор спрат во првиот дел од вилата со директен поглед на море. Апартманот има две одделни спални соби меѓу кои се наоѓа купатилото и мал простор меѓу нив во кој се сместени елементите од кујната (мини шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора, комплет садови за готвење и јадење, како и мала масичка со столчиња). Во едната спална соба има еден кревет кој според локалните стандарди е категоризиран како дупли (димензии 190-115 см) и еден единечен кревет (димензии 190-90 см), мебел и телевизор. Собата има прозорец кој гледа кон ходникот на вилата.  Во другата соба има еден дупли кревет (димензии 190-132 см), мебел, телевизор и клима. Од собата се излегува на терасата која има директен поглед на море, опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце. Апартманот  има купатило со сопствен бојлер. Во овој апартман максималниот број на лица кои можат да се сместат се четири возрасни лица и едно дете до 6 години во зеднички кревет.

Апартман бр.12 (без поглед)
Четирикреветен апартман на прв спрат во средниот дел од вилата кој има поглед меѓу влезовите на вилата. Апартманот има  две простории кои меѓу себе се одделени со врата. Во првата просторија има еден единечен помал кревет (димензии 170-82 см) и комплетно опремена кујна во која има мини шпорет со рерна, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Тука се наоѓа климата.  Од кујната се излегува на терасата која има поглед кон другиот дел од вилата и меѓу влезовите, опремена со пластична маса, столчиња и тенда која на гостите во апартманот им овозможува приватност. Во другата просторија има еден дупли кревет (димензии 190-140 см) и еден единечен кревет (димензии 180-80 см). Опременa е со мебел и  телевизор. Собата има прозорец кој гледа кон ходникот на вилата. Апартманот  има купатило со сопствен бојлер.

Апартман бр.15
Четирикреветен апартман на прв спрат во средниот дел од вилата кој има поглед на улицата од задниот дел на вилата. Апартманот има  две простории кои меѓу себе се одделени со врата. Во првата просторија има еден единечен кревет (димензии 190-90 см) и комплетно опремена кујна во која има мини шпорет со рерна, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Тука се наоѓа климата.  Од кујната се излегува на потесна терасата која има поглед на улицата од задниот дел на вилата, опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце. Во другата просторија има еден дупли кревет (димензии 192-140 см) и еден единечен кревет (димензии 180-82 см). Опременa е со мебел и  телевизор.  Собата има прозорец кој гледа кон ходникот на вилата. Апартманот  има купатило со сопствен бојлер.

Апартман (дуплекс)  бр. 24
Шесткреветен апартман дуплекс на прв спрат во третиот дел од вилата кој има поглед на улицата од задниот дел на вилата. Апартманот има три простории, од кои две се посебно издвоени спални соби со врати и посебна кујна што се наоѓа во средина меѓу двете соби. Во едната спална соба има еден кревет кој според локалните стандарди е категоризиран како дупли (димензии 195-135 см) и еден единечен кревет (димензии 190-90 см), мебел и телевизор. Собата има прозорец кој има поглед кон улицата. Во втората спална соба има еден кревет кој според локалните стандарди е категоризиран како дупли (димензии 192-132 см) и еден единечен помал кревет (димензии 180-85 см), мебел и телевизор. Од собата се излегува на долга но потесна тераса опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце. Во средината  меѓу двете спални соби има комплетно опремена кујна во која има голем шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Тука се наоѓа и клима уредот. Од кујната се излегува на истата тераса која продолжува кон едната спална соба. Апартманот  има купатило со сопствен бојлер.

Апартман (дуплекс)  бр. 28 (поглед на море)
Осумкреветен апартман дуплекс на втор спрат во третиот дел од вилата кој има директен поглед на море. Апартманот има три простории, од кои две се посебно издвоени спални соби со врати и посебна кујна што се наоѓа во средина меѓу двете соби. Во едната спална соба има четири кревети од кои еден дупли кревет (димензии 190-140 см) и два единечни  кревети  (димензии 190-90 см), мебел и телевизор. Собата има прозорец кој има поглед меѓу влезовите на вилата. Во втората спална соба има три кревети од кои еден кревет кој според локалните стандарди е категоризиран како дупли (димензии 192-132 см) и еден единечен кревет (димензии 190-90 см), мебел и телевизор. Од оваа спална соба се излегува на голема тераса опремена со пластична маса, столчиња и тенда која има директен поглед на море. Во средината  меѓу двете спални соби има пространа комплетно опремена кујна во која има голем шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Тука се наоѓа и клима уредот. Од кујната се излегува на истата тераса која продолжува кон едната спална соба. Во оваа просторија се наоѓа уште еден единечен кревет (димензии 190-90 см). Апартманот  има купатило со сопствен бојлер.

Вила ТОЛИС 1 се наоѓа во централниот дел на Флогита на оддалеченост на 20 метри од прекрасната плажа. Во својот состав брои 20 апартмани на прв и втор кат кои нудат можност за сместување на четири возрасни и максимум едно дете на дополнителен кревет. Секој апартман има сопствена кујна, тоалет, балкон-тераса, и клима уред вклучен во цената.

  • Цените во табелите се изразени за наем на фамилијарен апартман за 7 ноќевања;
  • Цените се изразени во евра, а плаќањето е исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62 денари);
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител;
  • Доплата за превоз за возрасни е 20 евра, за деца до 12 години е 10 евра, за оние кои имаат уплатено аранжман;
  • Само превоз во наведените датуми за возрасни е 30 евра, за деца до 12 години е 20 евра;
  • Доплата за туристичка такса за 1/2 и 1/3 студио е 0,5 евра по ден (се плаќа во објектот);
  • Доплата за туристичка такса за 1/4 и 1/6 студио е 1 евро по ден (се плаќа во објектот);
  • Доплата за клима уред е 5 евра на ден.

БУС 1 – Автобуски превоз според термини од табелата

05:00 часот тргнување од Куманово (пред ресторан Жмара);
06:00 часот тргнување од Скопје (паркинг спроти Саемот хотел ВИП);
06:45 часот тргнување од Велес (Бензинска пумпа Мак Оил Мотел Македонија);
07:30 часот тргнување од Кавадарци (Автобуска станица);
08:30 часот Граничен премин Богородица

БУС 2 – Автобуски превоз според термини од табелата 

05:30 часот тргнување од Прилеп (Бензинска ЛУКОИЛ), трансфер со минибус до Битола или Кавадарци;
06:30 часот тргнување од Битола (Паркинг Спортска Сала);
07:00 часот граничен премин Меџитлија

Поаѓање од Грција во 14:15 часот по локално време.

НАПОМЕНИ: Собите се преземаат во 13,00 часот на денот на пристигнување, а се напуштаат во 9,00 часот на денот на заминување по локално време;

Задолжително патничко – здравствено осигурување;

За реализација на овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А. Рапсоди Травел

Villa Bouzalis

 

Villa Tolis

The map is updating ...