• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

НЕА КАЛИКРАТИЈА

НЕА КАЛИКРАТИЈА

 

Неа Каликратија е првото туристичко место кое ќе Ве сретне на патот кон Касандра оддалечено само 40 километри од Солун. Градот кој живее цела година изобилува со ресторани, таверни, амбуланта, аптеки, маркети, слаткарници, продавници (Lidl, Masutis, Marinopoulos)….Во центарот се наоѓа голем парк со забавни игри за децата и  уредена песочната плажа во должина од 800 метри. На само 4 километри од градот се наоѓа познатата плажа „Sahara“, надградена со Сино знаме за чистота која нуди одлична забава за младите.

Вилата „Evi II“ е лоцирана во самиот центар во Неа Каликратија, на само 120 метри метри од морето. Вилата е поставена на самата улица која води дирекно кон плажата  меѓу изобилство продавници, маркети и пекари, гиро и ресторани. Располага со пространи студија и апартмани кои се наоѓаат на прв и на втор спрат. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Апартманите имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сопствен бојлер, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Опис:

Студио бр.3

Трокреветно пространо студио на прв спрат во вилата. Има два единечни кревети со нормална димензија и еден кауч на кој може да спие едно возрасно лице или две деца. Опремено е со мебел, телевизор и клима. Во истата просторија се наоѓаат и елементите од кујната опремена со мини шпорет, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Има купатило со нормална големина, а затоплувањето на водата е со бојлер. Студиото има пространа тераса со пластична маса и столчиња која има поглед кон улицата.

Апартман бр.4

Петкреветен апартман на прв спрат во вилата. На самиот влез во апартманот се наоѓаат елементите од кујната, сосема издвоени од спалните соби. Тука има мини шпорет, асприратор, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Апартманот има други две простории кои се спални. Во првата соба има два единечни кревети со нормална димензија, мебел и клима. Од оваа соба се влегува во купатилото кое е со нормална големина, а затоплувањето на водата е со сопствен бојлер. Од првата соба се влегува во втората спална соба во која има два единечни кревети со нормални димензии, еден кауч  на кој може да спијат едно возрасно лице или две деца, мебел и телевизор. Од оваа соба се излегува на пространа тераса опремена со пластична маса и столчиња која има поглед кон улицата.

Апартман бр.5

Шеткреветен дуплекс апартман на втор спрат во вилата. Апартманот е многу простран и функционален, има три спални соби, издвоена кујна, купатило и две тераси. При самиот влез во апартманот има ходник од каде се влегува посебно во секоја просторија. Во првата спална соба има два единечни кревети со нормална големина, мебел и клима. Од собата се излегува на голема тераса опремена со пластична маса и столчиња која се протега до втората спална соба. Од првата спална соба преку монтажна лизгачка врата се влегува во втората спална соба. Тука има два единечени кревети со нормална големина, мебел, телевизор и голема трепезариска маса. Од собата се излегува на истата долга тераса која има поглед на улица. Третата спална соба има два единечни кревети со нормални димензии и мебел. Од собата се излегува на голема тераса која има поглед во дворот од вилата . Кујната се наоѓа во издвоена просторија и е комплетно опремена со мини шпорет, асприратор, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Од кујната се излегува на голема тераса која има поглед во дворот на вилата и е заедничка со терасата од третата спална соба. Апартманот има големо купатило опремено со када,  а затоплувањето на водата е со сопствен бојлер.

Вилата „Evi I“ е лоцирана во самиот центар во Неа Каликратија, на само 120 метри метри од морето, меѓу изобилство продавници, маркети и пекари, гиро и ресторани. Вилата е мала, од типот на семејните куќи и располага со само два апартмани- четирикреветен и шесткреветен кои имаат поглед во вилата „Evi II“ која се наоѓа на самата улица. Апартманите се наоѓаат на приземје и на прв спрат. Сместувачките капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Во апартманите има постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сопствен бојлер, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Опис:

Апартман бр.1

Четирикреветен апартман на приземје (во ценовникот апартманот е назначен како 1/2+2 апартман). Апартманот има две простории. Во првата соба има комплетно опремена кујна во која има мини шпорет, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење.  Во оваа просторија има еден кауч на кој можат да спијат две лица (деца) бидејќи откако ќе се расклопи се добива лежај со нормални димензии и клима уред. Од оваа просторија се влегува во купатилото кое има сопствен бојлер,  како и  во втората спална соба опремена со два единечни кревети со нормални димензии, мебел и телевизор. Собата има прозорец кој гледа кон дворот на вилата. Апартманот се препорачува за семејства со мали деца бидејќи пред влезот има мало дворно место од каде нема излез на улица. Просторот е опремен со  пластична маса и столчиња.

Апартман бр.2

Шеткреветен дуплекс апартман на прв спрат (во ценовникот апартманот е назначен како 1/4+2 апартман). Апартманот има три простории. Во првата соба има еден кауч  на кој можат да спијат две лица (деца) бидејќи откако ќе се расклопи се добива  лежај со нормални димензии, телевизор и клима уред. Во истата просторија има комплетно опремена кујна во која има мини шпорет, асприратор, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Од оваа просторија се влегува во мало купатило со сопствен бојлер, како и две посебни спални соби издвоени со врати. Во секоја спална соба има по два единечни кревети со нормални димензии и мебел. Апартманот  има и пространа тераса опремена со пластична маса и  столчиња.

ВИЛА ЕВИ I

 

ВИЛА ЕВИ II

 

 

The map is updating ...