• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

НЕА ПЛАГИА

НЕА ПЛАГИА

На самиот влез во Касандра се наоѓа малото туристичко место Неа Плагиа. Има плитка и песочна четири километри долга плажа покрај која се протега убаво уредено шеталиште идеално за вечерни прошетки, таверни, слаткарници, кафетерии, маркети…Градчето е споено со Неа Флогита и изобилува со забавни игри за децата.

Вилата „Talassinos“ се наоѓа во централниот дел на Неа Плагиа, лоцирана на само неколку метри од убаво уредената плажа. Од морето ја дели парк преполн со зеленило. Во нашата понуда имаме  трокреветни и четирикреветни студија и апартмани на прв спрат кои имаат тераси заштитетни со чадори кои имаат поглед кон морето. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрично решо со две рингли, аспиратор, мал фрижидер, основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Студијата и апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има паркинг простор.
Напомена:
Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничниот  простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење.

Опис:
Апартман бр.1
Трокреветен апартман на прв спрат со две простории одделени со врата меѓу себе. На влезот во првата просторија се наоѓаат елементите од кујната во која има мини шпорет со рерна, основни садови за готвење и јадење и голем фрижидер со одделна комора. Во овој простор  се наоѓа и купатилото кое е опремено со туш кабина. Во втората соба има три единечни кревети со нормални димензии, мебел, трепезариска маса, телевизор и клима уред. Од оваа соба се излегува на тераса со поглед кон морето, опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце.

Апартман бр.2
Трокреветен апартман на прв спрат со две простории одделени со врата меѓу себе. На влезот во првата просторија се наоѓаат елементите од кујната во која има мини шпорет со рерна, основни садови за готвење и јадење и голем фрижидер со одделна комора. Во овој простор  се наоѓа и купатилото кое е опремено со туш кабина. Во втората соба има три единечни кревети со нормални димензии, мебел, трепезариска маса, телевизор и клима уред. Од оваа соба се излегува на тераса со поглед кон морето, опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце.

Апартман бр.3
Четирикреветен апартман на прв спрат со две соби одделени со врата меѓу себе. Во првата просторија има два единечни кревети со мебел и тука се наоѓаат елементите од кујната во која има мини шпорет со рерна, основни садови за готвење и јадење и голем фрижидер со одделна комора. Собата има прозорец. Во овој простор  се наоѓа и купатилото кое е опремено со туш кабина. Во другата спална соба која е одделена со врата има два единечни нормални кревети, мебел, телевизор и клима уред. Од оваа соба се излегува на тераса со поглед кон морето, опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце.

Студио бр.4
Четирикреветно студио на прв спрат кое има само една просторија во која се наоѓаат четири единечни кревети со нормална димензија, гардеробер, телевизор и клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (мини шпорет со рерна, голем фрижидер со одделна комора, основни садови за готвење и јадење), како и трепезариска маса. Од оваа соба се излегува на тераса со поглед кон морето, опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце.

Апартман бр.5
Четирикреветен апартман на прв спрат со две соби одделени со врата меѓу себе. Во првата соба има два единечни кревети со мебел и тука се наоѓаат елементите од кујната во која има мини шпорет со рерна, основни садови за готвење и јадење и голем фрижидер со одделна комора. Собата има прозорец со ролетна која има поглед на улица. Во овој простор  се наоѓа и купатилото кое е опремено со туш кабина. Во другата соба која е одделена со врата има два единечни нормални кревети, мебел, трепезариска маса, телевизор и клима уред. Од оваа соба се излегува на тераса со поглед кон морето, опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце.

 VILLA TALASSINOS

 

 

The map is updating ...