• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

Олимпик Бич

Под планината Олимп, која според митологијата била домот на боговите, се протега регионот – Пиериа. Широките плажи кои се простираат во должина повеќе од 70 километри, се вистински пример за чиста природна убавина. Златниот песок и рамниот предел ве водат до синото море, а наоколу ве опкружуваат листопадни и борови шуми. Од областа Пиериа оваа година во нашата понуда се вбројуваат неколку понуди: Лептокарија, Неи Пори, Паралија и Олимпик Бич. Олимпик Бич е убаво и мирно место кое се наоѓа на 2 километри од Паралија и е популарно место за семејства и за сите оние кои сакаат мирен и релаксирачки одмор.

Вила ХЕЛЕН се наоѓа во централниот дел на Олимпик Бич на околу 100 метри од плажа. Вилата располага со 12 двокреветни и трокреветни студија и 1 дуплекс апартман. Сите студија и апартманот располагаат со комплетно опремена кујна, тоалет со туш, ТВ, балкон и клима уред кој се доплаќа 5 евра на ден.

 

  • Цените во табелите се изразени за наем на студио или дуплекс апартман за 7 ноќевања;
  • Цените се изразени во евра, а плаќањето е исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62 денари);
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител;
  • Доплата за превоз за возрасни е 20 евра, за деца до 12 години е 10 евра, за оние кои имаат уплатено аранжман;
  • Само превоз во наведените датуми за возрасни е 30 евра, за деца до 12 години е 20 евра;
  • Доплата за туристичка такса за 1/2 и 1/3 студио е 0,5 евра по ден (се плаќа во објектот);
  • Доплата за туристичка такса за 1/4 и 1/6 студио е 1 евро по ден (се плаќа во објектот);
  • Доплата за клима уред е 5 евра на ден.

БУС 1 – Автобуски превоз според термини од табелата

05:00 часот тргнување од Куманово (пред ресторан Жмара);
06:00 часот тргнување од Скопје (паркинг спроти Саемот хотел ВИП);
06:45 часот тргнување од Велес (Бензинска пумпа Мак Оил Мотел Македонија);
07:30 часот тргнување од Кавадарци (Автобуска станица);
08:30 часот Граничен премин Богородица

БУС 2 – Автобуски превоз според термини од табелата 

05:30 часот тргнување од Прилеп (Бензинска ЛУКОИЛ), трансфер со минибус до Битола или Кавадарци;
06:30 часот тргнување од Битола (Паркинг Спортска Сала);
07:00 часот граничен премин Меџитлија

Поаѓање од Грција во 14:15 часот по локално време.

НАПОМЕНИ: Собите се преземаат во 13,00 часот на денот на пристигнување, а се напуштаат во 9,00 часот на денот на заминување по локално време;

Задолжително патничко – здравствено осигурување;

За реализација на овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А. Рапсоди Травел

ВИЛА ХЕЛЕН

The map is updating ...