• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

ПАГ-ЗРЧЕ

ОСТРОВ ПАГ – ЗРЧЕ

За сите љубители на добра забава!

Балканскиот “рај” за незаборавните забави се наоѓа во Хрватска. На само неколку часовно возење од Македонија, на територијата на Хрватска се наоѓа островот Паг. Опколен со неодоливиот бисерен Јадран, изобилува со прекрасни пејсажи, плажи и места за забава. На островот Паг се наоѓа едно од попознатите туристички места, или вториот по големина град на островот, градот Новаља, во кој се наоѓаат повечето сместувачки капацитети кои се мета на голем број туристи кои го посетуваат ова атрактивно место за забава во текот на летниот период.  На 1 км јужно од Новаља се наоѓа и нашата нова летна дестинација, малиот залив и плажата ЗРЧЕ, која ја подготвивме само за вас, оние кои знаете да препознаете вистинска летна Party дестинација и сте подготвени да ги оставите сите предрасуди дома а со себе да понесете и се вратити со голем број незаборавни спомени.

Зрче е местото кое живее 24/7 во текот на летниот период. Изобилува со добра музичка програма, благодарејќи на бројните клубови кои се на брегот на јадранот, а можат да се пофалат со богат репертоар на бројни светски музички имиња. Во продолжение ќе имате можност да погледнете и дел од летната атмосфера во летните клубови и брјоните фестивали кои се одржуваат во тој период.

Балканската Ибица секоја година е домаќин на многу бројни светски музички имиња кои гостуваат набројните летни фестивали кои се одржуваат на брегот на Јадранот, поточно во некои од клубовите таму. Добрата забава е повеќе од загарантирана, а спомените се само траг на добриот провод кои сте го имале на островот, место во кое и денот и ноќта се подеднакво важи кога е во прашање забавата и случувања кои немаат реприза.

Затоа специјално за ВАС, единствени на пазарот, подготвивме понуда за ова  искушение пред кое сме ставени, да ја посетиме оваа “фабрика” на добра забава и да откриеме нови дестинации за кои се разбира ќе бидеме задолжени ние.

  Тип на соба
Термин 1/2 1/3 1/4 1/5 1/6
01.07 – 07.07 189€ 179€ 159€ 159€ 155€
07.07 – 14.07 229€ 215€ 199€ 195€ 189€
14.07 – 21.07 229€ 215€ 199€ 195€ 189€

 

  • Цените во табелата се на база на СОПСТВЕН ПРЕВОЗ.
  • Реализација на аранжманот со автобуски превоз (организиран прево) ќе има доколку се оформи група од мин 30 патници. Цената за организиран превоз изнесува 100 € по лице, на релација Скопје – Паг (Зрче) – Скопје

Погледнете ја листата со најпосетуваните летни клубови на Зрче:

  1. Club PAPAYA

https://papaya.com.hr/

  1. Club KALYPSO

https://kalypso-zrce.com/

  1. Club NOA

http://noa-beach.com/

На зрче, летниот период е исполнет со многубројни фестивали и случувања, кои допринесуваат за дополнително вжештување на атмосферата. Да се биде дел од овие несекојдневни случувања, значи привилегија, а тоа задоволство можете да го добиете исклучиво само со нашата агенција. Погледнете ја листата со фестивали кои ви претстојат во текот на летната сезона и одберете термин во кои би сакале да бидете на местото на случувањата 😀

Листа на фестивали на кои можете да присуствувате на Балканската Ибица:

1.BEACH, BITES & BEATS
https://zrce.eu/partykalender/beach-bites-beats/

2.HARD ISLAND FESTIVAL
https://hardisland.com/

3.FRESH ISLAND FESTIVAL
https://www.fresh-island.org/

4. WILD AND FREE FESTIVAL
https://wildandfreefestival.eu/tickets/

5. AREA4 FESTIVAL
http://www.area4festival.com/

6. BLACKSHEEP FESTIVAL
http://blacksheepfestival.com/

7. BARRAKUD FESTIVAL
https://www.barrakud.com/

8.SONUS FESTIVAL
http://www.sonus-festival.com/

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕ:

Vila Sanja – поседува две трокреветни студија. Во студијата во има 3 кревети кои се распоредени во ист простор, сопствен тоалет, телевизор, wi fi и клима уредкој се наплаќа по 7 евра/ден. Вилата локациски се наоѓа во центарот Novalje, а на 50м оддалеченост од неа се наоѓа супермаркет, ресторан и автобуска станица. Оддалеченоста до брегот е 150м од вилата.

Vila/House Danijela –  куќата се наоѓа на 250м од морето, 300 м од втобуската станица и 500м од локалните маркети и ресторани. Составена е од 1/3,1/4, 1/5 i 1/6 апартмани.

  • 1/3 апартман: една соба во која се распоредени три кревети, мини кујна, сопствен тоалет, телевизор, wi fi и клима уред.
  • 1/4 апартман: составен од една спална соба за двајца и една соба за дневен престој каде можат да спијат уште две особи. Во рамки на апартманот има кујна, тоалет со туш кабина, wi fi и клима уред.
  • 1/5 апартман: составен од две спални соби и една соба за дневен престој. Во рамки на апартманот има кујна, тоалет со туш кабина, wi fi и клима уред.
  • 1/6 апартман: составен од две спални соби и една соба за дневен престој. Во рамки на апартманот има кујна, тоалет со туш кабина, wi fi и клима уред.

Климата во вилата се доплаќа 7 евра од ден.

Vila / House Ropus – вилата се наоѓа на околу 300м од центарот на градот и 250м од автобуската станица. Составена од следните типови на апартмани:

  • 1/3 апартман: една соба во која се распоредени три кревети, мини кујна, сопствен тоалет, телевизор, wi fi и клима уред.
  • 1/4 апартман: составен од две спални соби. Во рамки на апартманот има кујна, тоалет со туш кабина, wi fi и клима уред.
  • 1/5 апартман: составен од две спални соби и една соба за дневен престој. Во рамки на апартманот има кујна, тоалет со туш кабина, wi fi и клима уред.
  • 1/6 апартман: составен од две соби. Во рамки на апартманот има кујна, тоалет со туш кабина, wi fi и клима уред.

Климата е вклучена во цената и не се доплаќа за користење.

 Vila/House Denona – куќа составена од 3 апартмани.На 500м од центарот на градот,50м од морето и 150м од автобуската станица.

  • Апартман 1 (А6)- 3 соби, опремена кујна, wi fi , клима, балкон со поглед на море, тоалет со туш.
  • Апартман 2 (А4+2) – 2 спални соби + дневен престој каде можат да спијат уште две лица, опремена кујна, wi fi , клима, балкон со поглед на море и тоалет со туш.
  • Апартман 3 (S 2 + 1) – опремена кујна, wi fi , клима, балкон со поглед на море и тоалет со туш.

Климата е вклучена во цената и не се доплаќа за користење.

 

The map is updating ...