• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

Паљури

Нова понуда за сезоната Лето 2018-Паљури, најубавата плажа на најјужниот дел на Касандра, комбинација на кристално чиста вода, златен песок и борова шума… На само осум километри подалеку од Пефкохори, ќе го најдете најубавото место за вистински одмор…Името го добило според зборот paliuri, еден вид на грмушка што расте во овој регион и која луѓето ја посадувале за да си ги одбележат своите куќи. Селото е со типично грчка архитектура-традиционални камени куќи, тесни поплочени улици…населено е со околу 800 жители кои се занимаваат со одгледување маслинки и пчеларство, па можеби некаде ова место ќе го сретнете и под името селото на пчеларите. Селото има неколку продавници, рибарници, таверни и ресторани. На само 1200 метри од селото се наоѓа плажата Chrouso Beach која всушност се состои од три плажи: HorusoKsenija и Alonaki. Плитка вода, природна заштита од сонце, златен песок, неколку барови на плажата со одлична услуга, удобни лежалки и задолжително добра музика. Тоа е Паљури, местото каде во текот на едно деноноќие се собираат туристи од најблиските места преку ден да уживаат во беспрекорната плажа, а навечер да бидат дел од лудата забава. Тука, во оваа убавина, Ви ја предлагаме вилата „Chrouso Palace“  градена од камен, опкружена со борова шума и со најубавите цветни градини. Вилата „Chrouso Palace“ се наоѓа на 800 метри од плажата. Гарантирано најубавото апартманско сместување што досега сме го понудиле на нашите туристи: чисти соби во кои постелнината се менува секој втор ден, опремени кујни, пространи тераси со незаменлив поглед на преубавото зеленило, голем двор со издвоен дел за подготвување скара, посебен дел со играчки за децата, интимни масички поставени под осветлените палми каде можете да уживате во интимниот амбиент. Сместувачките капацитети се наоѓаат на приземје и на прв спрат, затоплувањето на водата е комбинирано-со бојлер и со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.Вилата е наменета за оние кои посакуваат мирен одмор…во непосредна близина се наоѓа хотелот  „Chrousso Vilage“ 4* кој во својот состав има продавница од каде можете да набавите најосновни прехранбени продукти. За останатите артикли имате одлично снабдени продавници во селото Паљури, а доколку Ви недостига вечерната гужва, на неколку километри  се наоѓаат Пефкохори, Ханиоти и Полихроно.

Напомена: Во трокреветните апартмани можат да се сместат макимално 3 возрасни лица и едно дете до 3 години. Во четирикреветните апартмани можат да се сместат макимално 4 возрасни лица и едно дете до 3 години.

Апартман бр.606
Четирикреветен апартман на приземје (во ценовникот апартманот е назначен како 1/2+2 апартман). Апартманот има две простории.
Првата е соба за дневен престој во која има единечен кревет со нормална димензија и една софа на спуштање, телевизор и клима уред. Во оваа просторија има трепезариска маса и тука се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Од  оваа соба се продолжува кон мал ходник во кој има поставено гардеробер и влез во купатилото кое е со нормална големина. Втората соба во апартманот е спална, издвоена од собата за дневен престој со врата. Тука има еден дупли кревет со нормална димензија и прозорец. Апартманот има сопствена тераса опремена со маса и столчиња и преубав поглед кон дворот на вилата.

Апартман бр.607

Апартман бр.609
Четирикреветен апартман на приземје (во ценовникот апартманот е назначен како 1/2+2 апартман). Апартманот има две простории.
Првата е соба за дневен престој во која има единечен кревет со нормална димензија и една софа на спуштање, телевизор и клима уред. Во оваа просторија има трепезариска маса и тука се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Од  оваа соба се продолжува кон мал ходник во кој има поставено гардеробер и влез во купатилото кое е со нормална големина. Втората соба во апартманот е спална, издвоена од собата за дневен престој со врата. Тука има два единечни кревети со нормална димензија и прозорец. Апартманот има сопствена тераса опремена со маса и столчиња и преубав поглед кон дворот на вилата.

Апартман бр.610

Апартман бр.616
Трокреветен апартман на прв спрат. Апартманот има две простории и две тераси. Едната тераса е пред самиот влез во апартманот, опремена со маса и столчиња и има поглед кон задниот дел од вилата, во дворот каде е делот каде може да се подготвува скара. Во првата просторија има единечен кревет со нормална димензија и тука се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Од  оваа просторија се продолжува кон мал ходник во кој има поставено гардеробер и влез во купатилото кое е со нормална големина. Втората соба во апартманот е спална, издвоена од првата просторија со врата. Тука има еден дупли кревет со нормална димензија, телевизор и клима уред. Од спалната соба се излегува на втората  пространа тераса опремена со маса и столчиња и има поглед кон дворот на вилата.

Апартман бр.617
Трокреветен апартман на прв спрат. Апартманот има две простории и две тераси. Едната тераса е пред самиот влез во апартманот, опремена со маса и столчиња и има поглед кон задниот дел од вилата, во дворот каде е делот каде може да се подготвува скара. Во првата просторија има единечен кревет со нормална димензија и тука се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Од  оваа просторија се продолжува кон мал ходник во кој има поставено гардеробер и влез во купатилото кое е со нормална големина. Втората соба во апартманот е спална, издвоена од првата просторија со врата. Тука има два единечни кревети со нормална димензија, телевизор и клима уред. Од спалната соба се излегува на втората  пространа тераса опремена со маса и столчиња и преубав поглед кон дворот на вилата.

Апартман бр.618
Трокреветен апартман на прв спрат. Апартманот има две простории и три тераси (ова е единствениот апартман кој има три тераси). Едната тераса е пред самиот влез во апартманот, опремена со маса и столчиња и има поглед кон задниот дел од вилата, во дворот каде е делот каде може да се подготвува скара. Во првата просторија има единечен кревет со нормална димензија и тука се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Од  оваа просторија се продолжува кон мал ходник во кој има поставено гардеробер и влез во купатилото кое е со нормална големина. Втората соба во апартманот е спална, издвоена од првата просторија со врата. Тука има еден дупли кревет кревет со нормална димензија, телевизор и клима уред. Од спалната соба се излегува на две пространи тераси. Едната има поглед странично кон дворот на вилата, а другата тераса е  опремена со маса и столчиња и има поглед кон дворот на вилата.

VILLA CHROUSO PALACE

The map is updating ...