• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

Паралија

Паралија

Паралија е туристичко место на брегот на Егејското Море во Егејска Македонија, денес во Грција. Се наоѓа на 4 километри од градот Катерини во подножјето на планината Олимп. Има песочна плажа долга 3 километри која се протега сè до соседното место Олимпик Бич (Олимпијаки Акти). Паралија е едно од најпопуларните места за летување на македонските посетители. Паралија има шеталиште со многу таверни, продавници и кафетерии, кое летно време е полно со туристи. Градот има две дискотеки, што го прави популарно и за помладите генерации.

Вила ВИКТОРИЈА ИН се наоѓа во центарот на Паралија во близина на хотел ВИКТОРИЈА ЛУКС на околу 150 метри од плажа, недалеку од црквата. Вилата располага со 8 трокреветни студија и 2 шесткреветни дуплекс апартмани. Сите студија и апартмани располагаат со комплет опремена мини кујна, тоалет со туш, балкон, ТВ и клима уред кој е вклучен во цената (освен во јуни и септември).

  • Цените во табелите се изразени за наем на студио или дуплекс апартман за 7 ноќевања;
  • Цените се изразени во евра, а плаќањето е исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62 денари);
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител;
  • Доплата за превоз за возрасни е 20 евра, за деца до 12 години е 10 евра, за оние кои имаат уплатено аранжман;
  • Само превоз во наведените датуми за возрасни е 30 евра, за деца до 12 години е 20 евра;
  • Доплата за туристичка такса за 1/2 и 1/3 студио е 0,5 евра по ден (се плаќа во објектот);
  • Доплата за туристичка такса за 1/4 и 1/6 студио е 1 евро по ден (се плаќа во објектот);
  • Доплата за клима уред е 5 евра на ден.

БУС 1 – Автобуски превоз според термини од табелата

05:00 часот тргнување од Куманово (пред ресторан Жмара);
06:00 часот тргнување од Скопје (паркинг спроти Саемот хотел ВИП);
06:45 часот тргнување од Велес (Бензинска пумпа Мак Оил Мотел Македонија);
07:30 часот тргнување од Кавадарци (Автобуска станица);
08:30 часот Граничен премин Богородица

БУС 2 – Автобуски превоз според термини од табелата 

05:30 часот тргнување од Прилеп (Бензинска ЛУКОИЛ), трансфер со минибус до Битола или Кавадарци;
06:30 часот тргнување од Битола (Паркинг Спортска Сала);
07:00 часот граничен премин Меџитлија

Поаѓање од Грција во 14:15 часот по локално време.

НАПОМЕНИ: Собите се преземаат во 13,00 часот на денот на пристигнување, а се напуштаат во 9,00 часот на денот на заминување по локално време;

Задолжително патничко – здравствено осигурување;

За реализација на овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А. Рапсоди Травел.

Вила Викторија Ин

 

The map is updating ...