• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

Полихроно

ПОЛИХРОНО

 

Мирно и фамилијарно место, со прекрасни градби и со убава медитеранска глетка (мнооогу палми), а најпознат е по долгата плажа и убавата бела, чиста боја на песокот. Во Полихроно може да најдете многу таверни со традиционална кујна и типичен локален амбиент.

Вила ХРИСТОС се наоѓа во мирниот дел на Полихроно, на оддалеченост од 300 метри од прекрасната плажа. Во својот состав брои 12 апартмани кои се распоредени на прв кат и втор кат. Во нашата понуда овој прекрасен објект нуди можност за сместување на три возрасни и максимум два деца на дополнителен кревет кој се наоѓа во првата просторија каде што е кујната. Секој апартман има сопствена мини кујна, тоалет, огромна балкон-тераса и клима уред – вклучен во цената (освен во јуни и септември). Ова вила дава одлични услови за комфорен одмор.

Вила НУЛИС се наоѓа во централниот дел на Полихроно, на оддалеченост од само 100 метри од прекрасната плажа. Во својот состав брои 17 студија кои се распоредени во приземје, прв кат и втор кат. Во нашата понуда овој прекрасен објект нуди можност за сместување на две, три и четири возрасни лица во секое студио, сопствена мини кујна, тоалет, балкон-тераса, ТВ и клима уред вклучен во цената. 

  • Цените во табелите се изразени за наем на апартман за 7 ноќевања;
  • Цените се изразени во евра, а плаќањето е исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62 денари);
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител;
  • Доплата за превоз за возрасни е 20 евра, за деца до 12 години е 10 евра, за оние кои имаат уплатено аранжман;
  • Само превоз во наведените датуми за возрасни е 30 евра, за деца до 12 години е 20 евра;
  • Доплата за туристичка такса за 1/2 и 1/3 студио е 0,5 евра по ден (се плаќа во објектот);
  • Доплата за туристичка такса за 1/4 и 1/6 студио е 1 евро по ден (се плаќа во објектот);
  • Доплата за клима уред е 5 евра на ден.

БУС 1 – Автобуски превоз според термини од табелата

05:00 часот тргнување од Куманово (пред ресторан Жмара);
06:00 часот тргнување од Скопје (паркинг спроти Саемот хотел ВИП);
06:45 часот тргнување од Велес (Бензинска пумпа Мак Оил Мотел Македонија);
07:30 часот тргнување од Кавадарци (Автобуска станица);
08:30 часот Граничен премин Богородица

БУС 2 – Автобуски превоз според термини од табелата 

05:30 часот тргнување од Прилеп (Бензинска ЛУКОИЛ), трансфер со минибус до Битола или Кавадарци;
06:30 часот тргнување од Битола (Паркинг Спортска Сала);
07:00 часот граничен премин Меџитлија

Поаѓање од Грција во 14:15 часот по локално време.

НАПОМЕНИ: Собите се преземаат во 13,00 часот на денот на пристигнување, а се напуштаат во 9,00 часот на денот на заминување по локално време;

Задолжително патничко – здравствено осигурување;

За реализација на овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А. Рапсоди Травел

 ВИЛА НУЛИС

 

 ВИЛА ХРИСТОС

 

 

The map is updating ...