• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

БУКУРЕШТ | ДРАКУЛА ТУРА (8 Март)

 

8-МИ МАРТ ВО БУКУРЕШТ

ДРАКУЛА ТУРА
(Трансилванија – Романија)

08.03 – 11.03.2018

1 ДЕН (08.03.2018)
Состанок на групата во 18:30 часот. Поаѓање од Скопје. Патувањето се одвива преку територијата на Република Бугарија. Ноќно возење.

2 ДЕН (09.03.2018)
Пристигнување во Букурешт во утринските часови. Следува панорамски разглед на градот придружен со интересните приказни на нашиот водич. Град кој го нарекуваат и  “Мал Париз” и кој е богат со огромен број на културно-историски споменици и интересни знаменитости. Самиот разглед на градот ги вклучува: Триумфалната капија, универзитет, некогашната Кралска палата, Парламентот, Селото музеј, Ateneum – седиштето на филхармонијата, Националниот музеј… Сместување во хотел. Вечерта факултативна посета на ресторан. Ноќевање.

3 ДЕН (10.03.2018)
Појадок. Заминување на факултативен излет кон Синаја , посета на Кралскиот дворец – Пелеш. Продолжуваме со  посети на замокот во Бран (познат и како Замокот на Дракула), како и на градот Брашов лоциран во централниот дел на земјата – регионот Трансилванија. Градот е вистински музеј на отворено. Посета на тамошната “Црна црква” од XIV век, која е воедно и најголема готска црква во југоисточна Европа. Враќање во Букурешт во вечерните часови. Слободно време. Ноќевање.

4 ДЕН (11.03.2018)
Појадок. 
Заминување од хотелот и поаѓање кон Македонија. Попатна посета на езерото Снагов и истоимениот остров, на кој се наоѓа манастирот со гробот на владетелот Дракула. За ова место постојат верувања дека и денес се обвиени со тајни и мистерии. Патувањето продолжува преку Бугарија, со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

FIRST MINUTE важи до 31.01.2018
ЦЕНА : 6140 ДЕНАРИ

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
  • Oрганизирани разгледи според програмата
  • Сместување во хотел Ibis Gara de Nord – Букурешт на база на 2 ноќевања со појадок
  • Организација и водич на патувањето

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Патничко и здравствено осигурување (200 денари)
  • Туристичка такса 1 евро по ноќ по лице
  • Факултативен излет – 30 евра – ( Синаја ( Кралскиот дворец – Пелеш) , Бран (Дворецот на Дракула) и посета на Брашов со вклучени влезници )
  • Свечена вечера во ресторан – 20 евра
  • Индивидуални трошоци

ОПИС НА ХОТЕЛОТ:

Хотелот Ibis Gara de Nord е на одлична локација на 2км од центарот на Букурешт, а на 200м од истиот се наоѓа северната метро станица кој директно носи во центарот на градот.  Хотелот располага со бар кој  е 24 часа отворен, и она по што е познат е ресторанот во рамки на хотелот кој се карактеризира со француска и романска кујна.
Собите се опремени со клима уред, мини бар, ЛЦД телевизор и бањи со туш и фен.
 

The map is updating ...