• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

ИСТАНБУЛ 8 – МАРТ

LOST IN ISTANBUL

07.03 – 11.03.2019 година

 

ИСТАНБУЛ претставува природна врата помеѓу Европа и Азија, кој со своето раскошно културно наследство никогаш не престанува да фасцинира. Овој прекрасен град е подигнат на местото каде се сретнуваат истокот и западот, каде престојувале и се граделе 4 цивилизации: грчка, римска, византиска и османлиска. Во текот на својата историја гордо носел неколку имиња и тоа: Византон, Нов Рим, Константинопол, Цариград и Истанбул.

Денес овој град е вистинска кошница со повеќе од 15 милиони на жители кои живеат и работат на 2 континента. Модерниот плоштад Таксим, или квартовите како Бејоглу и Османбеј, влијаат да се чувствувате како во секоја светска метропола, додека оние како Султанахемт неизбежно ќе ве вратат неколку векови наназад.

Преплетот помеѓу исламот и христијанството тука ќе го сретнете на еден спектакуларен и возбудлив начин што ќе направи да се чувствувате како на ниедно друго место на светот.

 

1 ДЕН ( 07.03.2019 – Четврток ) – СКОПЈЕ

Состанок на групата во 17 часот на паркингот на СЦ “Борис Трајковски”. По пакувањето на куферите следува тргнување во 17:30 часот. Патувањето се реализира преку Бугарија со релизацијата на релацијата на потегот Софија – Пловдив – Едрине – Истанбул со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

 

2 ДЕН ( 08.03.2019 – Петок ) – ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во претпладневните часови. Со полна енергија започнуваме да уживаме во убавините на овој град и она што истиот може да го понуди: Хиподромот, Сината Џамија, Аја Софија како најубав пример за византиската уметност, потоа палатата Топ Капи каде се наоѓа мечот на пророкот Мухамед – некогашната резиденција на османслиското царство. Можност за попатно застанување во Капали чаршија која важи за еден од симболите во овој град. Следува сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности.

Вечерта, имаме факултативна можност за вечера на брод ( околу 3 часа ноќно крстарење со брод + трансфер). Музичка програма со ориентални танчарки, фол танци, традиционални церемонии, јадење и неограничени безалкохолни пијалоци (кафе / чај / вода / сокови). Ова е одлична можност за прекрасна панорама на Истанбул. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ДЕН ( 09.03.2019 – Сабота ) – ИСТАНБУЛ

 Појадок. Следува слободен ден за индивидуални активност или заминување во панорамски разглед на овој прекрасен град со дополнителна можност за факултативно крстарење со брод по  Босфор. Секој што го посетил овој импозантен град знае дека за целосно заокружување на неговата импресивна слика се реализира традиционално и незаборавно крстарење по Босфорот. И двата дела од градот се една спектакуларна мешавина на минатото и сегашноста.

Самото крстарење вклучува поминување покрај палатата Долма Бахче, парковите и царските павиљони на палатата Јалдиз, потоа палатата Белебреј која се наоѓа покрај самиот мост на Азиската страна, како и под мостовите кои го делат Истанбул на европски и азиски дел. Полни со убави импресии продолжуваме со факултативна посета на Долма Бахче Сарај, кој претставува османлиска резиденција полна со раскош, гламур и импозантни дела. По времето за уживање во овој импозантен дворец, организирано продолжуваме кон најпознатиот плоштад во градот Таксим, како познатата улица Истиклал за која се смета дека во неработните денови ја посетуваат близу 3 000 000 луѓе. Слободно време за уживање во традиционалната турска кујна и индивидуални активности. Ноќевање.

 

 

4 ДЕН (10.03.2019 – Недела ) – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Појадок. Следува напуштање на хотелот и заминување кон најголемиот трговски центар во Европа – Форум, во кој се наоѓа и познатиот Аквариум. Во попладневните часови следува заминување кон Македонија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

5 ДЕН ( 11.03.2019 – Понеделник ) – СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 89 евра / 5520 денари

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високо-туристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Истанбул
  • Пешачка тура во градот со приказните на нашите водичи
  • Професионален туристички пратител / водич
  • Посета на трговскиот центар – ФОРУМ
  • Организација и реализација на патувањето
  • Туристичка такса

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Панорамски разглед на Истанбул 10 €
  • Посета на Долма Бахче Сара (превоз + влезница + локален водич) – 20€
  • Посета на Аја Софија (влезница + аудио сет слушалки + локален водиќ) – 15€
  • Посета на палатата Топ Капи (влезница + локален водич) – 15€
  • Крстарење со брод по Босфор – 20€
  • Вечера на брод 35€
  • Здравствено и патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци

 

ПАКЕТ НА ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

Долма Бахче Сарај + Аја Софија + Топ Капи = ГРАТИС Панорамски разглед

 

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
  • Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред поаѓање;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците во локалитетите;
  • Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
  • Пасошот мора да има важност минимум 90 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;

Уплата исклучиво во денари. 

The map is updating ...