• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    06 May - 08 March
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

СПРИНГ БРЕЈК КАЛИТЕА 2018

СПРИНГ БРЕЈК 2018

 

На само 90 км од Солун, на источниот брег на првиот крак на Халкидики – Касандра, се наоѓа најпопуларното летувалиште во овој дел од Грција – КАЛИТЕА. Ова место, што во директен превод значи „убав поглед“, го добило своето име во 1946 година по единствениот поглед кој го нуди кон заливот Торонеос.Постојано населено е во 1922 година од избеглици од Мала Азија, а денес е населено со само 450 постојани жители. Со текот на времето, оваа на почеток привремена населба, прераснува во популарна туристичка дестинација која плени со прекрасните плажи, одличната понуда на таверни и барови, археолошки наоѓалишта (светилишта на боговите Зевс и Дионис), а во последно време најпрепознатлива по одличниот ноќен живот (најпопуларната дискотека на Халкидики – „Pearl“ и Ahoy.

1 ДЕН (28.04.2018 САБОТА) СКОПЈЕ – КАЛИТЕА
Тргнување од договореното место во раните утрински часови.  Влез во Грција преку граничниот премин Богородица. Пристигнување во Калитеа, запознавање со местото и сместување во избраните апартмани. Слободно време за одмор од патувањето и припрема за 4 дневното тотално лудило.Целодневна забава и лудување до раните утрински часови. Ноќевање за оние кои нема да успеат да го издржат нашиот ритам .

2 ДЕН (29.04.2018 НЕДЕЛА) КАЛИТЕА
После утринското кафе, не ја испуштајте можноста за факултативна посета на вториот по големина грчки град – Солун. Покрај модерната архитектура, големите булевари и плоштади, во Солун се зачувани и голем број историски вредни градби. После разгледот на Солун, враќање во Калитеа на дневна забава: песок, сонце, коктели, најпопуларните светски музички хитови, заоѓање на  сонцето… НЕПРОЦЕНЛИВО… Краток одмор и припремање за најлудата вечер во Калитеа… оваа вечер нема спиење.

3 ДЕН (30.04.2018 ПОНЕДЕЛНИК) КАЛИТЕА
Трет ден забавата продолжува. Со нови сили во нови походи. Сончање и дневна забава како едно загревање за ноќните часови.

4 ДЕН (01.05.2018 ВТОРНИК) КАЛИТЕА – СКОПЈЕ
Будење,трезнење и напуштање на хотелот. Остатокот од денот можеме да го искористиме за капење и одмор на плажа. Тргнување према Скопје во попладневните часови. Пристигнување вечерта.
 

ЦЕНА: од 49€ промо цена за првите 100 уплати

Цената вклучува:
– Комплетна организација со пратител на патувањето.
– 3 ноќевања во апартмани
– Превоз со модерни туристички автобуси (Клима, ТВ, ДВД) на наведената релација

Цената не вклучува:
– Факултативни излети и party алка
– Патничко и здравствено осигурување (200 денари)

 

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕ:

 

  • АМОС АПАРТМАНИ

Aммос Апартмани “B” категорија се наоѓа на шеталиштето во строгиот центар на Калитеа, Вилата е одалечена од градската плажа околу 4 минути пешачење или 200метри удолница. Под самите апартмани се наоѓа бутик и продавница како и канцеларија за прием на гостите и оставање на багаж. Исто така, во вилата има wi-fi. Вилата располага со студија на високо приземје и спрат (трокреветни, четворокреветни и едно 6то креветно студио) опремени со кујна, клима (вклучена во цената) , ТВ и балкон која гледа према шеталиштето или задната страна на вилата.
GPS координати: 40°4’33”N,23°26’50”E

 

  • ДИМИТРА АПАРТМАНИ

Вила Димитра се наоѓа на 800метри од плажа, веднаш до училиштето на Калитеа, и на 2мин пешачење до центарот на Калитеа, вилата не располага со паркинг, но на самата улица може да се паркира, исто има и бесплатен паркинг на 40м одалеченост од вилата.
Трокреветните студија, располагаат со три редовни легла, мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет и балкон, ТВ, клима без доплата и wi-fi, истите се наоѓаат на приземје и едно студио на втор кат
Четворокреветните студија располагаат со четири редовни легла, мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење, сопствен толатет и балкон или тераса, тв, клима без доплата и wi-fi.
Петтокреветното студио располага со едноспален кревет за две лица и три единечни легла, се наоѓа на прв кат и гледа кон улица, има кујна на страна од собата со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, балкон, клима без доплата  и wi-fi.

GPS кординати: 40°4’32”N,23°26’41”E

 

  • ВИЛА MYTOS

Комплетно нов објект со капацитет од 20-тина соби распоредени на 3 нивоа: приземје, прв и втор спрат. Секоја од собите е модерно уредена, со сопствена комплетно опремена мини кујна, телевизор со рамен екран, клима уред, тераса и купатило. Вила Митос на своите гости исто така им нуди и бесплатен безжичен интернет. Објектот се наоѓа во мирниот дел, на околу стотина метри оддалеченост од познатото и живо шеталиште во идиличното место Калитеа, на првиот крак од полуостровот Халкидики – Касандра. Шармантната и секогаш жива Калитеа исто така е позната по своите прекрасни плажи со бел песок и кристално бистра вода со тиркизна боја, кои се оддалечени на околу петстотина метри од вилата. (Користењето на клима уредот се наплаќа на лице место)
Вид на соби:
– студио двокреветно, трокреветно и четворокреветно: 2, 3 или 4 кревети во иста просторија со кујна
– апартман со 1 спална: две простории со по 2-3 кревети (кујната е во склоп на едната просторија)
– апартман со 2 спални: три простории со по 2 кревети (кујната е во склоп на едната просторија)

 

  • ВИЛА JOANA

Вила Јоана или поранешно – Студио “Stavros” се наоѓа наспроти хотелот Maya Bay, оддалечени околу 300 метри од прекрасната песочна плажа во Калитеа. Објектот е нова градба и се состои од студија кои располагаат со комплетно опремена кујна, TВ, клима уред (се доплаќа), купатило и пространи тераси за уживање во летните вечери.
Вид на соби:
– студио двокреветно и трокреветно: 2 или 3 кревети во соба, кујната е во одделна просторија.