• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

СТАВРОС

Пријатно туристичко место близу Аспровалта

Ставрос е преубаво мало место близу Аспровалта, на патот накај Кавала. Плажата е со ситен песок. Водата е плитка и е погодена за мали деца и за непливачи. Сепак и за оние кои сакаат подлабока вода има и друга плажа после пристаништето. Цените во Ставрос се многу поефтини за разлика од Неа Врасна или Асправалта. Храната е ефтина, а има и ефтина облека. Местото е пред се убаво место за мирен фамилијарен одмор.

Апартхотелот „Alexander Inn“ е лоциран на само 50 метри од плажата во Ставрос. Во состав на хотелот има пица-ресторан  и кафе бар, а во дворот на хотелот има преубав базен опкружен со лежалки и чадори кој им е на располагање на гостите. Во прекрасниот амбиент на хотелскиот комплекс посебен простор е уреден за најмладите-детското катче е опремено со играчки каде децата безбедно можат да се забавуваат. Во нашата понуда имаме трокреветни студија  на високо приземје и на прв спрат кои имаат тераси со директен и бочен поглед кон базенот. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел соодветен на хотелско сместување, купатила, мини кујна, телевизор  и клима уред чие користење е вклучено во цената, а постелнината и крпите се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целиот објект  е со сончеви колектори, а хотелот е покриен со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Хотелот има сопствен паркинг.

Опис:

Студио бр. 9
Трокреветно студио на високо приземје кое има еден дупли и еден единечен кревет, мебел, телевизор, клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Студиото има сопствено купатило со нормална големина. Студиото располага со пространа тераса која има директен поглед на базенот, опремена со пластична маса и столчиња. Терасата е поврзана со терасата на студиото бр. 10.

Студио бр. 10
Трокреветно студио на високо приземје кое има еден дупли и еден единечен кревет, мебел, телевизор, клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Студиото има сопствено купатило со нормална големина. Студиото располага со пространа тераса која има директен поглед на базенот, опремена со пластична маса и столчиња. Терасата е поврзана со терасата на студиото бр. 9.

Студио бр. 11
Трокреветно студио на високо приземје кое има еден дупли и еден единечен кревет, мебел, телевизор, клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Студиото има сопствено купатило со нормална големина. Студиото располага со тераса опремена со пластична маса и столчиња која има поглед во дворот на хотелот и кон паркингот, како и бочно кон базенот.

Студио бр. 17
Трокреветно студио на прв спрат  кое има еден дупли и еден единечен кревет, мебел, телевизор, клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Студиото има сопствено купатило со нормална големина. Студиото располага со тераса со пластична маса и столчиња која има поглед во дворот на хотелот и кон паркингот, како и бочно кон базенот.

Студио бр. 19
Трокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли и еден единечен кревет, мебел, телевизор, клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Студиото има сопствено купатило со нормална големина. Студиото располага со пространа тераса која има директен поглед на базенот, опремена со пластична маса и столчиња. Терасата граничи со терасата на студиото бр. 20.

Студио бр. 20
Трокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли и еден единечен кревет, мебел, телевизор, клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Студиото има сопствено купатило со нормална големина. Студиото располага со пространа тераса која има директен поглед на базенот, опремена со пластична маса и столчиња. Терасата граничи со терасата на студиото бр. 19.

Апартхотел „Alexander Inn“

The map is updating ...