• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    13 April - 24 March
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

ПРОЛЕТНО КРСТАРЕЊЕ НА МЕДИТЕРАНОТ

1.ДЕН (СКОПЈЕ – НИЦА)

Поаѓање во раните утрински часови. Се патува преку г.п.Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

2.ДЕН (КАН – НИЦА)

Во утринските часови пристигнување на Азурниот брег. После кратката посета на парфимеријата во Грас, следува обиколка на Кан, прошетка по монденското шеталиште „La Croissette“, разгледување на познатата филмска палата, хотелот Медитеранео, ексклузивниот хотел Карлтон – каде отседнуваат ѕвездите за време на одржување на Канскиот филмски фестивал, бројните луксузни продавници…. Кратко возење до Ница. Следува обиколка: Шеталиштето на англичаните „Promenade des Anglais, хотел Negresco, плоштадот Massena… Сместување во хотел.  Слободно време за сончање, одмор или индивидуален разглед на градот. Ноќевање.

3.ДЕН (НИЦА–МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО)

Појадок. Поаѓање кон кнежеството Монако – магичниот град на казината и коцкањето. Само со Rapsody ќе го почувствувате гламурот на Палатата Грималди, Катедралата, океанографскиот музеј, патеката на Формула 1 обиколка на познатото Казино и прошетка низ преубавите паркови на Монте Карло. По завршувањето на обиколката патувањето продолжува со ноќно возење кон Шпанија.

4. ДЕН (ЉОРЕТ ДЕ МАР)
Пристигнување во утринските часови во најпознатиот туристички центар на крајбрежјето на Коста Брава – Љорет де Мар (65 км од Барселона). Сместување во апартмантски комплекс. Попладне предвидено за одмор, сончање и капење. Секоја вечер факултативна посета на дискотека. Ноќевање.

57. ДЕН (ЉОРЕТ ДЕ МАР – БАРСЕЛОНА)

Вашиот престој во Шпанија може да биде незаборавен со посета на факултативните излети од нашата богата и ЕКСКЛУЗИВНА понуда: FLAMENCO LA SIESTA, BARCELONA PANORAMICA, COSTA BRAVA, BARCELONA BY NIGHT, PORT AVENTURA, NOU CAMP, DALIJEV MUZEJ, AQUARIUM, и секако единствена можност за кулминација на вашето апсолвентско лудило во DISCOTHEQUE TROPICS & МОBY ‘S, OPIUM MAR надополнети со оригиналните тематски забави SEMAFOR, GRAFITY, RED LOVE PARTY…

8. ДЕН (ЉОРЕТ ДЕ МАР –БАРСЕЛОНА)

Според програмата напуштање на хотелот и заминување кон медитеранската убавица – Барселона. По пристигнувањето во центарот на градот слободно време за обиколка на некој од бројните музеи, шопинг и индивидуални активности. Во точно закажано време поаѓање кон пристаништето, сместување во кабини. Испловување од пристаништето на Барселона… Ноќевање во модерно опремени бродски кабини (тоалет,туш/ WC…) на „хотелот на вода“ на релација Барселона – Чивитавекија и можност за уште една незаборавна забава во дискотеката на бродот.

9.ДЕН – КРСТАРЕЊЕ ПО МЕДИТЕРАНОТ

Слободно време за користење на многубројните погодности кои ги нуди овој “хотел на вода”… жива музика, dance show, disco club, казино, пијано бар, базен, фитнес, џакузи, free shop… Впловување во пристаништето на Civitavecchia покрај Рим.  Заминување кон хотел и сместување.  Ноќевање.

10.ДЕН – РИМ

Следува разглед на вечниот град и  најзначајните знаменитости: Colosseum, Forum imperiali, брдото Capitol, Piazza Venezia, Fontana di Trevi, шпански скали, Panteon, piazza Navona, castel St. Angelo,piazza San Pietro … Слободно време за индивидуална прошетка и разглед на градот. Во доцните вечерни часови,  тргнуваме кон Венеција. Ноќно возење до Венеција.

11.ДЕН – ВЕНЕЦИЈА

Во раните утрински часови пристигнување во Punta Sabbioni – факултативно возење со брод по венецијанската лагуна, разглед на град: Дуждевата палата, мостот на воздишките, Базиликата на Св. Марко, Прокурациите, мостот Риалто… Слободно време за индивидуални обиколки на градот. Во попладневните часови поаѓање за Македонија.

12. ДЕН – ВЕНЕЦИЈА- СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во доцните попладневни часови.

 

 

ЦЕНА: 279 Евра

 

Цената вклучува:

  • 4 ноќевања во апартмани во Љорет Де Мар
  • 1 ноќевање со појадок во Ница/Кан
  • 1 ноќевање во Рим
  • 1 ноќевање на брод од флотата на GRIMALDI LINES на релација Барселона – Чивитекија
  • Посета на градовите: Ница, Кан и Монако , Љорет де Мар, Рим со стручни водичи на нашата агенција
  • Комплетна организација на патувањето со пратител
  • Туристичка такса
  • Превоз со модерни туристички автобуси (со клима, ТV, видео) на наведената релација

 

Цената не вклучува:

  • Факултативни излети, возење со брод до Венеција и влезници планирани по програмата
  • Патничко-здравствено осигурување (кое може да се извади и во ТА Рапсоди Травел), задолжително.
  • Доплата за двокреветна соба во Лорет Де Мар – 20 евра по лице
  • Доплата од 55€ за хотелско сместување со полн пансион на база на „шведска маса“ (доручек, ручек и вечера)