• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

ВЕНЕЦИЈА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕРОНА – АЗУРЕ БРЕГ – ЉОРЕТ ДЕ МАР – МИЛАНО

  1. ДЕН (30.06) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА:

Поаѓање во однапред договорено време.. Се патува преку гр. премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи за одмор и релаксација . Ноќно возење.

  1. ДЕН (01.07) ВЕНЕЦИЈА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Пристигнување во предпладневните часови. Факултативна возење со брод. Посета на Венеција, каналот Гранде, мостот Риалто, плоштадот Сан Марко, Дуждевата палата… Сместување во хотел во Лидо ди Јесоло. Можност за организирана вечера во договор со професорите и водичот. Ноќевање.

  1. ДЕН (02.07) ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕРОНА – АЗУРЕН БРЕГ:

Појадок. Следува напуштање на хотелот. Патувањето продолжува кон Франција со целодневна посета на Верона. Прошетка низ центарот на Верона: Плоштадите Бра, Ербе и Дел Сињори, куќата и гробот на Јулија, Арената… Слободно време за индивидуални разгледи и шопинг. Во вечерните часови поаѓање кон Франција. Ноќно возење.

  1. ДЕН (03.07) – АЗУРЕН БРЕГ

Пристигнување на азурниот брег предпладне. Посета на парфимерија. Пристигнување во Кан и разглед на градот Кан со својата прочуена Кроасета, Филмската палата, Стариот град… Попладнето сместување во хотел. Слободно време.. Ноќевање.

  1. ДЕН (04.07) – НИЦА

Појадок. По појадокот, целодневен разглед на Ница како најголем туристички центар на азурниот брег: хотелот Негреско, плоштадот Масена, тврдината со преубав панорамски поглед…. Во доцните попладневни часови следува заминување кон кнежевството Монако. Следува разглед на палатата Грималди, катедралата Св. Никола, егзотичната градина, океанографскиот музеј, пристаништето херкулес, јапонската градина, населбите Ла Кондамин и Фонтвел и казината на Монте Карло, како и Формула 1 патеката.. Понатаму патувањето продолжува кон Шпанија. Ноќно возење.

  •  6-10. ДЕН (05.07/09.07) ЛОРЕТ ДЕ МАР:

Пристигнување во пладневните часови. Сместување. Престој на база 5 полупансиони во хотел со 3 ***. Престојот во Барселона ќе ви биде збогатен со голем дел на факултативни излети: Барселона панорама, камп Ноу, аквариум, Фламенко и витешка вечер, Барселона шопинг и магични фонтани, Коста Брава , дискотека и др.

  1. ДЕН (10.07) ЛОРЕТ ДЕ МАР

Појадок. Следува напуштање на хотелот и можност за индивидуални активности. Патувањето во попладневните часови продолжува кон Италија. Ноќно возење.

  1. ДЕН (11.07) МИЛАНО

Пристигнување во центарот на светската мода – Милано во утринските часови. Следува разглед на градот со сите негови убавини и културно – историски знаменитости:  галеријата Виторио Емануеле II, катедралата, познатиот театар Скала, плоштадот Дуомо, палатата Сворцеско… Слободно време за одмор и индивидуални активности. Следува заминување кон Македонија преку Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно возење.

  1. ДЕН (12.07) – СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

*** можност за 5 рати (Февруари – Јуни)

  • Цената вклучува:

* Високотуристички автобус со клима, ТВ, видео

* 5 полупансиони во Љорет де Мар во хотел со 3 *

* 1 НП на Азурен брег (Кан/Ница) хотел со 2*/3*

* 1 НП во Лидо ди Јесоло во хотел со2*/ 3*.

* Организација и придружник на патувањето

* Mедицинско лице                 

* 3 професори

* Разглед на Венеција, Верона, Кан , Ница , Монако , Монте Карло, Милано.

* Туристичка такса

  • Цената не вклучува:

* патничко осигурување

* факултативни излети и индивидуални трошоци
*** Минимум број на патници за реализација на аранжманот се 45 ***

  • Барселона панорамика – Панорамско разгледување на бисерот на медитеранот, главниот град на Каталонија и престолнината на ФЦ Барселона. Ги посетуваме ремек делата на творецот на градот, Антонио Гауди, со неговото ремек дело Sagrada familia Саграда Фамилиа, casa Mila и casa Batllo, placa Espanya, placa Catalunya, паркот Ciutadella, споменикот на Кристофер Колумбо, Олимпискиот комплекс и шпанското село на Montjuic…
  • Ноу Камп – храмот од кои произлегоа голем број спортски имиња и ветерани, еден од најпознатите стадиони во светот, најголемиот стадион во Европа кој располага со капацитет од 99,354 гледачи. Посетете го се она што се наоѓа во него, почнувајќи од музејот, соблекувалните, капелата, симнете се до теренот, седнете на коментаторките места, почуствувајте ја магијата на трибините и купете си оргинални сувенири од фан шопот
  • Барселона шопинг и волшебни фонтани – посета на трговскиот центар Матаро Плац, сместен во градот Матаро, на само 30 км оддалеченост од Барселона и трговскиот центар Маремагнум, лоциран на самото крајбрежје на дел од пристаништето на медитеранот во строгиот центар на Барселона . Во приквечерните часови заминување кон Placa de Spanija и посета на волшебната фонтана – ремек дело на познатиот шпански инжењер Carlesa Buigasa
  • Costa brava – авантуристичко патување низ најживописниот ден на “Дивиот брег ” на Каталонија. Се посетува препознатливо шпанско градче Тоса де Мар, летувалиште во кое престојуваат голем дел од познатите светски јавни личности. Оттаму се упатуваме во најпознатата градина на кактуси, која располага со повеќе од 7000 примероци на кактуси, меѓу кои Алое вера и Агава(кактусот од кои се произведува текилата). Излетот на крајот завршува со посета на традиционална Шпанска винарија- Bodega, со можност за дегустација на вино Moscatel и Cava (виното од најпознатиот спот на Северина ). НЕПОВТОРЛИВА ЗАБАВА!
  • Витешка вечер – Castel Medieval & Flamenco show – Навратете се 500 години назад во средниот век, во времето на витешките борби, навивајте и бодрете го Вашиот витез. Во текот на шоуто добивате витешки средновековен оброк со традиционално шпанско вино-Сангриа. По завршувањето на витешките борби, следува традиционалната шпанска игра фламенко, која датира од 18 век и е под заштита на Унеско, а се состои од песна, гитара и танц J  

Венеција – градот на Св. Марко, Антонио Вивалди, Марко Поло и најголемиот љубовник Казанова, мостот на воздишките, единствениот град во вода кој е распостелен на 118 мали островчина, поврзани со 400 мостови  меѓу кои сообраќајот се одвива со венецијанските гондоли. Користиме мали бродчиња, Вапорето да не превезат до лицето на Венеција, плоштадот Св.Марко