• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

ЗАКИНТОС

ЗАКИНТОС – ЛЕТО ЗА МЛАДИ 2018

ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕТО
( 6 или 7 ноќевања)

Забавата започнува оној момент кога ќе пристигнеш на островот, а завршува кога ќе си заминеш од него.

Закинтос или Занте, како што сеуште го викаат мештаните, е трет по големина од Јонските острови. Овој остров го карактеризираат прекрасните плажи со златни песоци и посебните видови на желки – „Карета“ кои на овој остров ги несат јајцата и се една од причините што овој остров е прогласен за национален крајбрежен парк. Од друга страна, архитектурата на самиот Закинтос е доста уникатна и на секој чекор се чувствува влијание на многубројните освојувачи кои владееле со овој простор. Место кое и оваа година ќе биде наша централна дестинација е Лаганас, град сместен на 9 км долгата плажа, во најтоплиот залив во цела Грција. Голем број врвни дискотеки и клубови, одлични ресторани со специјалитети од сите делови на светот, но и незаборавните излети со гарантирано незаборавни доживувања. Вистински избор за младите и оние кои така се чувствуваат. Забавата може да започне!!!

  1. ДЕН – СКОПЈЕ

Поаѓање од Скопје во попладневните часови. Возење со попатни паузи и одмори. По ноќното возење, следува пристигнување во градот Килини и премин со фериброд до главниот град Закинтос, од каде што следува кратко возење до нашата крајна дестинација, до фасцинантниот – Лаганас! Сместување на групата и запознавање со местото…

2 – 6/7. ДЕН – ЛАГАНАС

Закинтос, преубав остров на Јонското Море, веќе години наназад го спојува неспојливото – пријатен одмор од една страна, но и прекрасни доживувања и незаборавни забави од друга страна. Исклучително пријатната клима, плажите од соништата, кристалното чисто море, националната грчка кујна… го ветуваат летувањето за сите времиња!!! Секако големиот број на клубови со млади луѓе од целиот свет, луцидни ДЈ – и, тематските забави во наша организација, гарантираат забава до раните утрински часови. За овие десет дена на островот доживејте несекојдневни забави и создадете си незаборавни спомени за цел живот!

7/8. ДЕН – ЛАГАНАС – СКОПЈЕ

По напуштањето на собите и слободното време за шопинг, тргнуваме назад кон Скопје. Преминуваме со фериброд до пристаништето Килини, а потоа следува ноќно возење

ЦЕНА НА АРАНЖМАН

 


Термин
услуга Vila Filicis Villa Karakas
  1/2 1/3 1/4 1/2 1/3
29.06-06.07
(6 ноќевања)
OB 159 139 119 165 145
05.07 – 13.07
(7 ноќевања)
OB 179 155 135 185 161
12.07 –20.07
(7 ноќевања)
OB 209 179 155 215 185
19.07 –27.07
(7 ноќевања)
OB 219 189 159 225 195
26.07 –03.08
(7 ноќевања)
OB 219 189 159 225 195
02.08 – 10.08
(7 ноќевања)
OB 209 179 155 215 185
09.08 – 17.08
(7 ноќевања)
OB 199 165 135 205 171
16.08 – 24.08
(7 ноќевања)
OB
23.08 – 31.08
(6 ноќевања)
OB

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Комплетна организација со водич на патувањето
  • 6 или 7 ноќевања во избраната вила во Лаганас
  • Превоз со модерни туристички автобуси (клима, wc, tv, видео)

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Факултативни излети
  • Патничко и здравствено осигурување
  • Превоз со траект на релација Килини – Закинтос – Килини (20€)
  • Туристичка такса – 0,5 € по ноќ

 

Опис на сместувањето:

Вилата Филицис се состои од трокреветни и четворокреветни студија. Секоја од нив поседува посебен тоалет, мини кујна, посебен балкон, со можност за користење на базен во вилата спроти неа(Вила Димис) . Се наоѓа во најголемиот младинско – туристички центар на Закинтос – Лаганас и е оддалечена 1400 метри од главната плажа која е во должина од 5км, додека лоцирана е во срцето на главната улица во Лаганас, која изобилува со многу бројни дискотеки, барови, клубови, ресторани и претставува совршено место за уживање на секој млад човек.

Вилата Каракас поседува двокреветни и трокреветни студија. Секоја од нив е опремена со фрижидер, тоалет, сеф. Се наоѓа на одлична локација на само 400 метри од главната плажа која е во должина од 5км и е на само неколку минути од главната улица во Лаганас, која изобилува со многубројни дискотеки, барови, клубови, ресторани и претставува совршено место за уживање на секој млад човек.

 

The map is updating ...