• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

ЗАНЗИБАР

ЗАНЗИБАР

(03.06.2018 – 17.06.2018)

  1. Ден – Полетување нека почне авантурата

Собирање на патниците на аеродром “Никола Тесла” 2 саати пред полетување. Летот за Занзибар со префрлање и ноќевање во Доха.

  1. Ден – Жештината на песокот

Во работните вечерни саати слетуваме во Доха, главниот град на Катар. После царинските прегледи со прикажување виза, одиме до сместувањето. Правиме кратка пауза за одмор и го користиме слободното време да го видиме едно од бисерите на Персискиот Залив. Слободно време. Ноќевање

  1. Ден – Тропскиот рај

Во раните утрински часови одиме на аеродром 2 саати пред летот и ги оставаме нашите арапски домаќини. Летаме до островот на мистеријата, преубави плажи, зачини и уживања. Слетуваме во Занзибар, главен град на истоимената автономна покраина, ги завршуваме царинските прегледи и одиме за Паји, мал град на самата плажа на Индискиот океан. Се сместуваме, опуштаме и уживаме во сите убавини на тропскиот рај. Ноќевање.

  1. Ден – Историјата на стариот град

Факултативен излет (Stone Town) стар град во јадрото на градот Занзибар кој од 2000г. Се наоѓа на UNESCO – во листата на светските градини. Ги разгледуваме Англиските катедрали, црвката св. Јосиф, џамии, хинду храмови, стари тврдини, палатата на чудата, султановата тврдина. Слободно време. Се враќаме во местото каде сме сместени. Ноќевање.

  1. Ден – Капење во Индискиот океан

Денот го оставаме за одмор, уживање, пливање, нуркање, природа, дружење… Ноќевање

  1. Ден – Морски сафари

Факултативен излет на Синиот сафир – целодневен излет на кој ги посетуваме најубавите плажи на Занзибар, се капеме и нуркаме на најубавите локации, уживаме во нестварните вкусни морски специјалитети. Ноќевање.

  1. Ден – Колку се стари желките?

Факултативен излет на Присон Исланд – остров на кој се наоѓа стариот колонијален затворски комплекс во кои некогаш биле затворени робови и затвореници. За среќа тој мрачен дел во историјата е одамна затворен и денес ќе уживаме во преубавите плажи на островот и прилика да си играме, да ги галиме џиновските желки кои уште во 19 век стигнале од Сејшел, некои од нив стари се преку 100г. Островот се наоѓа северно од Stountоwn и до него се оди со брод. Слободно време. Ноќевање.

    8 Ден – 11 Ден – Синилото на Индискиот океан

Уживање во сите убавини на овој преубав тропски рај. Се бањаме, сурфаме, посетуваме, истражуваме, нуркаме, се одмараме на плажа. Можност за огранизирани додатни факултативни активности и излети. Ноќевање

  1. Ден – Опростување од Африка 

Ден оставен за одмор, уживање, шетање, шопинг и средување на впечатоците. Слободно време до поаѓање, на аеродром 2 саати пред полетување. Лет за Белград со преместување во Доха.

  1. Ден – Слетување – крај на авантурата

Во утринските часови стигаме во Белград, ги собираме впечатоците и се спремаме за ново егзотично патување.

  • ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:


BLUE SAFARI Обиколка со брод на најубавите плажи на Занзибар,се бањаме и нуркаме на најдобрите локации…цена 35 долари

 

PRISON ISLAND Островот на кое се наоѓа стариот затворски комплекс,во кој некогаш биле затворени робови и заробеници,а воедно и дом на голем број желки од Сејшел… цена 30 долари

 

STONE TOWNСтаро градско јадро на градот Занзибар кое од 2000год. се наоѓа на Унеско-вата листа на светскитеградини…цена 30 долари

                                                                 ЦЕНА :1399еур

Во цената е вклучено:

-Авио превозот на компанијата Катар Ервејс на релација Белград-Доха-Занзибар – Доха-Белград,со сите такси и багаж до 23кг.
 – Трансфер на релацијата од аеродром до хотел и назад до аеродром
-Сместување во гостинските куќи на база на 9 ноќевања со доручек(континентални)
 -Комплетна организација и услуги на претставникот на агенцијата,организаторот на патувањето.
Цената не вклучува:
– Виза за Танзанија(Занзибар)(се добива на аеродромот за 51 долар)
-Факултативни излети и влезници за културно историските споменици -Вакцинација и вадење потврда за вакцинирање
– Индивидуални трошкови на патувањето
                        

  Џамбо Бич бунгалови-Паје


 Обезбеден камп на самата плажа на Индискиот океан,кампување со приватни соби(бунгалови).Сите сместувања се двокреветни.Услугата е на база ноќевање со доручек(континентални).Во кампот се наоѓа бар,ресторан,продавница,приватна плажа со статични чадори од листови од палма,организирани ноќни дружења итн.Секоја соба поседува приватно купатило,тв,брачен или два сингл кревети. Кои се моите одговорности? Секој патник е одговорен за себе и има обврска да ги прати инструкциите на локалниот водач и претставникот на агенцијата,кој е тука да пази на безбедноста на патниците и да избегне која било опасна ситуација.Покрај тоа единствена ваша одговорност е да уживате и што поубаво да си поминете! Визи За влез на територијата на Танзанија(Занзибар припаѓа на Танзанија)на државјаните од Србија им се потребни визи.Виза се добива при влез во земјата(на аеродром),и кошта 50долари.На лице место се пополнува формулар и потребно е да понесете фотографија на бела позадина со димензија 3,5 x 4,5.

За државјаните на Хрватска,Босна и Херцеговина,Македонија,Црна Гора и Бугарија важат истите правила. За влез во Занзибар обавезно со себе понесете потврда за вакцинација против жолта грозница. Република Србија нема своја амбасада во Танзанија,туку за Танзанија е нерезиденционална основа е задолжена амбасадата во Етиопија.Хрватска,Бугарија,Босна и Херцеговина,Црна Гора,Македонија и Словенија исто така немаат свои амбасади. Корисни Информации Водата во Занзибар не е безбедна за пиење,се користи исклучително флаширана и се избегнува мраз.Исто така Флаширана вода се користи и за миење заби. Што се однесува за лековите против маларија,обавезно консултирајте се со вашиот лекар.Важно е да знаете дека лековите не овозможуваат 100проценти заштита и можат да имаат непосакувани дејствија.

Од лекови со себе понесете лекови за редовна терапија ако ја имате,пробиотик,лекови за снижување на температура,лекови против болки,односно лекови стандардно ги носитесо себе на патување.Понесете обавезно и крема за сончање и средство против комарци.Препорачуваме здравствено осигурување.Здравствено осигурување можете да земете во агенцијата до 5 дена пред поаѓањето. Климата на Занзибар се одликува на релативно високи температури(просечната максимална дневна е 28-33степени,ноќната околу16-23степени),влажноста на воздухот е висока а сонцето е премногу јако затоа што се работи за предел околу екваторот.Температурата може и да падне,затоа со себе обавезно со себе понесете облека со долги ракави и ногавици.Дождовниот период трае од Март до Јуни,но може да се појави и во било кој друг период од годината.

Традиционалната исхрана опфаќа пилешко,говедско(во вид на скара или гулаш),ориз,зеленчук и овошје,а на брегот на Индискиот океан и морски плодови и риби.Уличната храна не се препорачува(пред се затоа што ова не е подрачје со улична традиционална храна).Овочјето да го миете со флаширана вода или да го излупите.Занзибар е безбедна дестинација доколку се придржувате на одредените правила.Не се препорачува движење ноќе,затоа што пред се се работи за неразвиени и сиромашни подрачја.

Водете сметка кога фотографирате,затоа што ако сакате некого да фотографирате морате обавезно да прашате. Препорака е со себе да носите американски долари исклучиво штампани 2006год и понови.Банкомати постојат но не се лесно достапни и картици неможете да користите секогаш.Поединечно посоветувајте се со вашата банка и обавезно пријавете го патувањето во странство,како картиците не би ви биле блокирани. На Занзибар ви се потребни адаптери за во штекер(со три џека,како во Англија)додека напонот е ист како и кај нас 220 волти.Адаптери морате да понесете со себе затоа што неможат да се набават на таа дестинација.

The map is updating ...