17Мар
 

БИДИ МИ ЉУБОВ – СИДАРИ, КРФ

Оваа година ви претставуваме уште една супер летна дестинација на северозападниот дел на Крф, Сидари. Гратчето Сидари, лоцирано на околу 40 километри северно од градот Крф, влегува во листата на топ десет најубави места во светот со прекрасна тиркизна морската вода и плажи кои изгледаат како насликани. Верувајте, ова ремек дело на природата ќе ве остави без здив. Ако сакате фреквентни места со неверојатни пејсажи, плажи заситени со барови, таверни и ноќни барови, тогаш ова е вистинското место за вас!

Сидари е голем туристички регион, кој е развиен и располага со повеќе од различни плажи. Но, се се врти околу најпознатата – Каналот на љубовта или Canal d’Аmour. Оваа плажа е природно ремек дело, можеби единственото од ваков тип на Медитеранот. Скриена во залив, меѓу вешто извајани карпи кои личат на статуи, создадена од корозивните ефекти на водата и воздухот. Со секоја година што поминува континуираното влијание на природата создава канали со тиркизна вода, а во други делови и мали пештерчиња. Името “Каналот на љубовта“ произлегува од една легенда која вели дека ако го препливате каналот од едниот до другиот крај, со сигурност ќе ја најдете љубовта на вашиот живот или, за оние кои веќе ја нашле, да останат вечно заљубени еден во друг.

Дозволете си љубов ова лето и уживајте во секој момент со вашата омилена агенција Rapsody Travel.