16Мар
 

ФИРЕНЦА – колевката на ренесансата

Фиренца е еденодониеградовизакојлуѓетосонуваледагопосетатуштепредстотицигодини.Завременаренесансататаа е главенцентарнамислата, изразувањето и уметностаодситевидови. Прекрасни цркви, раскошни палати и импресивни споменици изградени во текот на вековите, кои што ја прават Фиренца еден од најпосетените градови во Италија.

Центарот на културата и главен град на регионот Тоскана, чија урбана структура не е променета од времето на ренесансата, навистина има што да понуди на секој посетител, дури и на оние со најпрефинет вкус.Најпрво што е на мета пред вас е огромна црква направена од бел, црвен и зелен мермер, која изгледа навистина како да е нацртана –тоа е Santa Maria Del Fiore која се наоѓа на познатиот плоштад Дуомо, срцето на градот. Катедралата е градена скоро два века и е четврта по големина во светот, со нејзината купола која гордо се издигнува нагоре и претставува највисоката точка во градот, проектирана од Брунелески.

Уфици Галеријата,каде што биле сместени административните канцеларии на државата (Uffizi, односно uffici – канцеларии), eеден од најпосетените музеи во Италија со над 1,5 милиони посетители годишно и долги редици пред влезот. Музејот е дом на едни од најскапоцените колекции на слики и на антички скулптури во цел свет, каде што ќе имате можност да се восхитувате на делата на Ботичели, Леонардо да Винчи, Микеланџело, Рафаело, Тицијан, Караваџо и многу други.

Оттаму, не смеете да го пропуштите познатитот Коридор на Вазари,  кој  ги поврзува музејот и фирентинската палата Палацо Векио со палатата Палацо Пити, минувајќи по мостот Понте Векио или во превод Стариот Мост. Овој приватен премин долг еден километар, им дозволувал на членовите на фамилијата Медичи да се движат слободно и сигурно, од седиштето на државната власт Палацо Векио, па сé до нивната резиденција Палацо Пити, без да минуваат низ улиците на Фиренца.

Ќе имате можност да прошетате низ преубавиот плоштад Микеланџело, кој е изграден токму во чест на големиот мајстор и да се соживеете со прекрасната панорамска глетка над Фиренца. Вратете се во срцето на градот, на Piazza della Signoria, каде што се наоѓа фонтаната Нептун на Бартоломео и обавезно не го заборавајте Плоштадот на Народот или Piazza del Popolo.

Фиренца нема да престане да ве изненадува и восхитува! Во овој град ќе го почувствувате вистинскиот италијански дух, ќе ја пробате најубавата италијанска пица или популарните панини. Секое парче од градот носи богата приказна во себе и тивко ви ја прераскажува на увце додека уживате и ги одмерувате неговите ренесансни улици.