17Мар
 

КАВОС, КРФ – Бисерот на Јонското море

Уште едно атрактивно место за забава и летување во Грција! Кавос, лоциран на самиот југ на островот Крф, најсреверниот и еден од најголемите острови во Јонско море, денес е синоним за одличен провод и забава – медот за младите и оние кои сакаат одлична забава во секое време.  Само во една улица се сместени повеќе од 80 барови, 4 дискотеки, повеќе од 30 таверни и ресторани. Туристите кои го посетуваат Кавос се млади луѓе на возраст од 16 до 35 години. Поради сето тоа забавата трае 24 часа!

Бисерот на Јонското море ви овозможува совршена комбинација на одмор и забава. Блага клима, преубави плажи, длабоко сино море, можност за повеќе излети, традиционални јадења и музика, кои ветуваат преубав летен одмор. Од друга страна, ќе ви стане потполно јасно зошто Кавос е една од престолнините на незаборавниот провод. Огромен број млади од цела Европа прават незаборавна атмосфера секоја година, надополнета со многу коктели, плажи, крстарење како и тематски забави. Rapsody ве води на фантастичното место, прочуениот Golden Fox од каде што има преубав поглед на заливот Paleokastritsa. Ако сте желни за адреналин ќе имате одлична можност за посета на еден од најголемите водени паркови во овој дел од Европа, каде ќе имате можност да испробате некоја од лудите атракции како Black Hole, Kamikazes, Free Fall, Hurricane Twist Slides.

Спремете се за преубави летни денови исполнети со авантури, луда забава, неверојатни песочни плажи, егзотични коктели и прекрасна атмосфера со одлична музика. Придружете ни се и уживајте со Rapsody на еден поинаков начин!