06Ное
 

КРАКОВ – град на музеите, легендите и желбите…

Знам за еден град на музеите, легендите и желбите…

Во јужниот дел на прекрасната Полска, на двете страни од реката Вистула е сместен еден необичен град. Краков е престолнината на музеите и величенствената архитектура која со секој поглед како да станува сè поубава и поубава. Секое годишно време кое се закотвува по ѕидините на овој град со себе носи посебна убавина и топлина на сонцето, но, како што наближува Новата година и новогодишните празници, тој создава магија претопена во безброј светулки, накитени дрвца и насмевки на лицата на луѓето кои се распослани на секој агол од неговите улици. Исто така, Краков важи за срцето на младите во Полска, со илјадници студенти кои студираат на тамошниот угледен универзитет и ги затоплуваат улиците, булеварите и плоштадите со својата младешка енергија.

            Иако оддалечен од Скопје 1.200 километри, благодарение на нашата агенција, Краков никогаш не бил поблиску до вас. Токму во моментот кога се палат првите празнични светулки и првите снегулки магија се спуштаат ниско над прекрасните градби, ние ви нудиме една необична новогодишна авантура. Искористете ја можноста да ја дочекате новата 2018та година среде еуфоријата на авангардниот ноќен живот со кој располага ова место посветено на младите, доживејте нова авантура и вметнете уште некој печат помеѓу страниците на пурпурната книгичка неопходна за патување.

            Бакнете ја саканата личност веднаш под бедемите на кралскиот дворец Wawel, покрај музеите помеѓу кои е распослан самиот Краков. Нашите талентирани фотографи ќе ја овековечат вашата интересна прошетка низ плоштадот Rynek Główny заедно со вашата екипа, а потоа ќе имате шанса да се впуштите во уникатното и недоволно истражено подземје на Краков, кое ретко се гледа. Денот ќе ви го исполниме со вакви и слични прекрасни искуства, а на полноќ? На полноќ затворете ги очите и среде трепкачките светла и одличната музика во еден од најдобрите ноќни клубови, замислете желба. Проживејте го моментот во стилот на Рапсоди, и пречекајте ја новата 2018та со полна возбуда и широка насмевка на вашите лица. Покрај сè, запомнете дека како што по утрото денот се познава, така и годината се познава по почетокот.

            Доколку ви се допаѓа оваа новогодишна приказна за градот на музеите, легендите и желбите, земете ги пасошите в рака и нека патот ве води кон Ленинова 81, а ние, со задоволство, широко ќе ви ги отвориме вратите кон овој волшебен свет…

 

Автор:
Симона Туфегџиќ