17Мар
 

ЛЕТО НА ИОС – ГРЧКАТА ИБИЦА!

24 часа луди журки? Звучи примамливо, нели? Иос е правото место за вас! Ви го претставуваме најпопуларниот грчки остров кој во последните неколку години стана топ дестинација на преку 30.000 млади во летната сезона од целиот свет! Опколен со исто така најпопуларните острови Миконос и Санторини, проверете и уверете се зошто овој остров го нарекуваат грчката Ибица!

Иос е најјужниот остров од групата Киклади со преубава медитеранска клима, голем број на барови, пабови, ноќни клубови и прекрасни, неодоливи плажи од кои најпознати се Mylopotas, Jialos, Agia Teodot, Manganari и Koubaras на Егејското Море, покриени со бел прашкаст песок. Но, дали знаевте дека покрај деноноќните забави и песочните плажи, овој остров е познат и по одгледувањето на популарната зимзелена грмушка наречена тршли, од која се произведува познатиот грчки пијалок мастика? Еве ви причина плус за да се одлучите вашиот летен одмор да го поминете токму тука! Да не го заборавиме и популарното узо, без кое вашата авантура на Иос не би била комплетна.

Па, што чекате? Пакувајте ги вашите куфери и одиме на незаборавна летна авантура на Иос заедно со тимот на Rapsody Тravel кој ви ветува максимално уживање кое ќе го прераскажувате со години.