01Ное
 

On midnight between 2017 and 2018 I will #LiveRapsody in BUDVA. What about you? ❄

Дочек на Новата година. Каде да ја прославиме?
Во пресрет на новата 2018 година, се поинтензивно се размислува каде за нејзиниот дочек.
Една од нашите понудени дестинации е преубавата Будва. Прекрасен приморски град во Црна Гора.

Поаѓање во вечерните часови. Пристигнување наредниот ден, попладне, во идилата на стариот град Будва. Откако ќе се сместите во апартманите, на располагање ви е слободно време за секакви индивидуални активности. Кејот на познатата Словенска плажа е идеална за прошетки, како и бројните кафулиња и ресторани во овој крајбрежен град на Јадранот.

Зошто токму Будва?

Најстариот урбан центар на Јадранот, каде што многу култури си ги вкрстиле знаменитостите е токму овој мал карпест полуостров. Спецификите на Будва како што се нејзините медитерански градби, нивното венецијанско потекло, го одбележуваат духот на Будванската ривиера, и воедно нејзиниот специфичен архитектонски стил. Исто така, една од поважните карактеристики што е најпривлечна за младите се неповторливите вечерни забави, богатиот ноќен живот кои го дефинираат градот како центар од светска класа, престижно место на туристичката мапа на Европа. Да не го занемариме црногорскиот брег, проткаен со познатите песочни плажи како Јаз, Трстено, Плоче, Свети Стефан, Морген, плажата Каменово и уште многу други. Будва е се попривлечна со секоја измината година, и убедливо се повеќе се засилува атракцијата на овој стар град.

 Првата вечер, организирано, заедно се препуштаме во ноќната атмосфера што ни ја нуди еден од познатите клубови на Будва. Без сомнеж, поминот е загарантиран во рацете на нашиот тим, но само со вашата енергија може да создаде незаборавна вечер. Меѓу најпознатите клубови овде се Top Hill, Trocadero, Sparta и K3.

Кој клуб го одбравме ние за дочекот на новата година?

Следната вечер, односно последната од 2017, сме повторно тука, со целосна организација да ја испратиме заедно на најуникатен Rapsody стил. А последниот ден од нашето четиридневно дружење за незаситните патници, нудиме факултативна посета на бисерот на јадранот – Дубровник.

 Доколку сакате новогодишната вечер да ја поминете во динамичен ритам, доколку сте подготвени за врежани спомени и посакувате незаборавен помин, имате шанса да ја доживеете највозбудливата ноќ, да го почувствувате волшепството кое може да ви го овозможи единствената агенција за млади Rapsody Travel and Events.

The clock is ticking…why are you still thinking?

Aвтор:
Милена Јаневска