16Мар
 
ПРАГА – светскиот град на пивото

Златната  Прага, како што многу често се нарекува,  е главен град на Република Чешка и еден од најубавите градови во Европа, кој се наоѓа на шестото место на најпосетувани европски градови.

Прага претставува дестинација која не смее да се изостави. Од 1992, центарот, односно историскиот дел на градот е под заштита на УНЕСКО.Денесградот брои околу 1.2 милиони жители и претставува еден од најголемите, не само културни туку и општествени центри на регионот во кој се наоѓа.

ВоПрагасенаоѓанајголемиотзамоквосветот.Познатиотзамокбилдомначешкиоткрал, претседателот, дури и наРимскиотИмператор. Комплексотназамокотзафаќапреку 7 хектариземјиште, штогоправинајголемваковкомплексвосветот.

Преминете и Вие преку едно од многуте парчиња историја во овој град – на самата Влтава, се наоѓа една од најпрепознатливите атракции на овој град, прочуениот  Карлов мост, изграден во 15ти век, кој во тоа време претставувал единствен премин преку реката Влтава што ги поврзувал Прашкиот замок со стариот град.

Да не ги заборавиме и не помалку атрактивните места кои се задолжителни за посетување како на пример, плоштадот Венцеслас, операта и народниот театар, астрономскиот часовник на самиот плоштад  кој ја предвидува иднината,катедралата Св. Вита во готски стил и многу, многу други!

Кога станува збор за пиење пиво во Прага, Чесите порачуваат: пијте пиво како вистински Чеси! Тие ја користат секоја прилика да наздрават со пиво, и тоа не само чукајќи се со чашите и извикувајќи “nazdrovie”, туку и со силно тропање на масата со чашата пред да се напијат. Огромниот број туристи трошат илјадници тони пиво, а секој жител на Чешка пие по 163 литри пиво годишно, што е најмногу во светот! Верувале или не, една кригла пиво чини помалку од едно шише со вода!

Неколку интересни факти за Прага, кој можеби не сте ги знаеле:

  • Прага е позната по практикувањето алхемија во средниот век. „Магионичарите“ кои претварале минерали во злато, го докажувале својот статус во општеството кога властите ќе им одобреле државно финансирање.
  • Во 1951 година докторот Јарослав Скала ја организирал првата „станица за трезнење“ во Прага. Неговите третмани се базирале на: рутина, општествена работа, спорт и пеење антиалкохолни песни.
  • Во Чешка и особено во Прага има најголем број обележани пешачки патеки во светот. Од 2002 година, во Чешка има преку 38.000 километри вакви патеки.
  • Во Прага има голем број приватни и државни универзитети, а можеби најпознат е Карловиот универзитет, основан во 1348 година од Императорот Карло IV. Оваа образовна институција има исклучително ригорозен процес на селекција (1 во 400 апликанти добиваат можност да студираат).
  • Секоја година во мај, во Прага се одржува марш за поддршка на Законот за легализација на канабисот, не само за медицински цели. Здружението „Легализација” бара од политичарите да го легализираат одгледувањето и садењето на канабис и производи од него за сопствена употреба, не само за третман, туку и за рекреација.Медицинскиот канабис во Чешка е достапeн само на електронски рецепт за луѓе болни од канцер, мултиплекс склероза или СИДА.