• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717

РЕЛАКСАЦИЈА И ПАТУВАЊА

Јасно е дека проблемите и стресот се дел од работното секојдневие и се присутни неизбежно во секоја организација. Но, не секогаш се избира најдобриот начин за решавање на истите, така што  тоа резултира со нервоза и напнатост, лесно влегување во расправии и конфликти меѓу вработените,  нивна намалена мотивација и концентрација во процесот на извршување на дневните работни обврски. Во еден момент, чувствувате дека во Вашата компанија владее таква тензија и негативна енергија, која што веднаш предизвикува една единствена мисла во Вашата глава – “ми треба одмор!“. Токму така. На Вас и Вашите вработени ви треба одмор и релаксирање.

Токму затоа Rapsody Travel & Events ви ја предложува тим билдинг програмата Релаксација и патувања. Оставете ги напорните денови зад себе, релаксирајте се, надополнете ја изгубената енергија и вратете ги позитивните мисли. Релаксацијата ја изострува концентрацијата, го покачува тимскиот дух на повисоко ниво и придонесува за благосостојба на вашите вработени што секако ќе резултира со подобри перформанси. Нашата програма нуди еднодневни, повеќедневни и викенд тим билдинг активности и патувања, во странство или во Македонија. Како Ви звучи рафтинг на Тара или нуркање во Охридското Езеро? Можеби пакет спа третмани за Вас и Вашите драгоцени работници?

Тимски спортски натпревари или тимски игри од типот на Escape Room, Lasertag, Pintball или куглање? Rapsody Travel & Events ги нуди најдобрите опции за Вас, а отворени сме и за ваши предлози. Погледнете ги нашите понуди и уверете се зошто сме најдобри!

Пријатели на патувањето
Актуелна понуда



Мапа на агенции